За со фиброаденоми како мојов случај бидејќи е многу болно ме советуваа аблактацтија со табети. Реков ке пробам да се молзам не бива бебе на града не бива. Самата состојба е мнооогу болна два се и преку ноќ после порајѓај ми пораснаа големина на јајце. Викнаа хирург ме советува што поскоро вадење бидејќи брзо растат. Јас си ги следам и пред првата бременост,немав проблем пред 18 месеци беа мали. Но едно дете доено,бременост,хормони се тоа во крарок период си го донесе своето. Со тешко срце прифатив таблети за аблактација. Сепак им требам на моите две деца.
Прогуглв за ова.Знаев дека постојат банки во светот ама никогаш не сум била заинтереситана како се одвива донирањето.Најдов банки за мајчино млеко во Де.Тоа уствари се болници за неонатологија.Ова млекце го користеле за предвремено родените деца Со ова уште еднаш се докажува колку мајчиното млеко и антителата од мајката се битни за бебињата Ама процесот не е така испумпај и однеси. Прво се пријавува жената и најдобро е да е породена до 3 месеца,максимум прифаќаат родилки до 6 месеци.Вршат испитување на жената со земање на крв.Добива жената пумпа и стерилизирани шишиња.Па доаѓаа после некое време и го земаат млекото. Го стерилизираат млекото со тоа ги острануваат бактериите. Жената не смее да зема алкохол и таблети. Интересно е навистина дека млекото е прочистено од бактерии Треба вакви банки и кај во Мк да има, да се помогне на овие дечиња побрзу да се ујачат и да имаат подобар имунитет Туку порано мајки кои немале млеко ги давале на др мајки да ги задојат новороденчињата и ги сметале за сестра или брат на детето на доилката.Па немаат крвно сродство зошто
Со што спиете навечер, во смисла дали носите пижами за доилки? Можеби ви е смешно прашањево, ама еве како го дојам малиот секоја ноќ ја кревав нагоре пижамата и сега кичмата ме фати од ладно практични ли се пижамите за доилки, и за преку ден стварно не знам какви блузи да земам за да ми биде практично?
Во Ваикики имаше пижами со горен дел што има копчиња, практични за доење. Кога дојдов од болница, носев спаваќи за доење, но фати топло и сафра ме фаќаше. Сега маица со рамки носам и само вадам цицка од горе, не ја кревам маицата
И јас се мрзнев со оглед на тоа што се породив во сред зима,така да тие пижами ме спасија. Со откопчана пижама спиев, маица одоздола и вадев града над маица само.
Да, да.. такви моменти со лактариуми има во одредени болници - и да, особено ги сметаат важни баш така - за давање на човечко донор млеко на прематурно родени бебиња. Јас мислев на она #humanmilk4humanbabies #milk2share Има на ФБ страница за Германија.
Лактариум има и кај нас на ГАК, за дечињата во инкубатори, колку реално функционира не знам. Мајките треба да фатат термин и да отидат да остават млеко. Сестра ми сакаше но бидејќи близначките беа во инкубатор, кога се јави да закаже термин и рекоа сигурно немаш доволно млеко за двете остави го терминот за друга мајка .
И јас имам подслушнато такво нешто, ама мислам дека не функционира баш најдобро и со полна пареа. Кога како. На некои мајки имам чуено дека даваат еднаш неделно термин од еден час. Што ќе направи мајката го тој еден час? Колку ќе измолзи? А не даваат да однесеш молзено заради тоа што нели, треба да е стерилно, па веруваат само ако е молзено таму. Така да јас не знам со ова темпо која мајка еднаш неделно во еден час ќе измолзи доволно за бебето. Прашање е сега со корона дали воопшто работи.
Пред 5 години функционираше. Мојата ќерка е родена предвреме и во период од една недела колку што седеше таму во инкубатор а јас дома, бев 3 пати да се молзам по 45 мин. Така одржував лактација и бебе сакаше од моето млеко и почна да качува побрзо на килажа. Мачно беше да се најде термин, ама за мајките што имаа млеко даваа термини. Сега не знам дали функционира уште.
Ние сме во четврти скок, бебе не ја сака десната града ни поспана, два дена се молзам ми се стврднува ме боли многу, пробувам да ја закажам и со тропкалки ништо плаче што ја доближам.Вчера 5 пати какаше значи не е гладна, денски дремки по пола саат максимум ако сум до нејзе.
Мислам за силиконски тука прв пат прочитав после пребарував по нет. Мене ми ги извлече со нив а и пумпа морав да користам па дополнително и таа помага. Еве после 3-4 дена користење веќе не ги ни ставам. Бар за себе зборам болката на градата е преполовена. Лично ми помогнаа не значи на секој дека ќе помогнат.
Педијатарот не советуваше да почнеме со одмолзување во шишенце со цуцла што контролирано пушта дур да пркне малце за да не се дави. Почнавме од денес, и немам дадено од града, ама ми е страв да не се одбие. Од една страна сум раат дека неможе да се задави, а од друга ми е жал што не цица. Дали да комбинирам некако, незнам што да правам
Со шише ако даваш проблем навечер потешко ќе заспива.Според мене дај шише малку да се засити па продолжи на града.
Остај! Не знам дали пелена сум фрлила, а да нема кака Навечер ми е хорор. Таман заспала, ќе се покака, па дур ја соблечам се расонила. И првото ми беше какачка, ама ноќе не какаше.