По 1 турско кафе пиев, но од денес веќе нема да пијам, прочитав дека кафето е поврзано со грчеви кај бебињата, па да го пробаме и ова. Цела бременост не пиев, од кога се породив душа ми сакаше, сега ќе го прекратам да видам разлика и без него
Жолтото млеко е колострум и тоа веќе завршило. Потоа млекото е бело како заматена вода и е во ред. Пред да дадеш ад, мора да утврдиш зошто паднала во килажа. Прво, треба да се провери колку паднала и за колку време. Има ли жолтица? На колку време цица? Наместо ад, треба да се измолзуваш и да даваш твое млеко. Полни ли пелени? Бебе кое е доено цица кога сака и колку сака, макар барало да цица на 15 мин. Цицањето е нежност, љубов, топлина, утеха. Грчеви не се поврзани со глад. Побарај мислења на @Kaetana има многу убаво објаснето. Не пиев првите три месеци за да нема грчеви. Имаше грчеви и тоа многу. Плус читав дека влијае на сонот кофеинот. Ама и покрај тоа имаше грчеви и спиеше малку. Цела бременост пиев по две кафиња, турски, средно јаки.
Само трпение, и смиреност. Ако сега не фати, ќе фати за скоро, пробувајте често. Кај мене фати со силиконска брадавица. Во болница над глава ми стоеја за да фати и ми помагаа многу. Дома исто не сакаше, купив силиконски, се одмолзував кога ми беа полни градите а таа не сакаше да фати. И на крај успеа. Ќе биде и кај вас, нема откажување Сега сме во фаза кога тргам силиконска за да цица, се уморува за 5минути но и тоа ми е напредок,бидејќи без нив не сакаше да цица. @BeLLaDona23
Јас да од кога е роден до сега по две на ден нес и мали нема гајле (ако мислиш да не смета за спиење)
До пред месец не пиев, денес викам нема да се напијам да видам дали ќе спие денски, еве ја два саати спие незнам дали е до кафето, денските дремки и беа по 20 мин максимум.
Кафе од минатата година не сум пиела, од 10-ти септември Во бременост не се напив ниту едно, а ни откако се породив. Кога мм пие наутро, ме фаќа мерак мирисот кога ќе го осетам, но не сум попуштила уште
Не ми се пиеше во бременост, немав потреба. Тоа продолжи и после породување, а мирисот само ме привлекува, но не ми се пие, можам и без него.
Не пиев за време на бременост и првите 2 недели кога се вратив од болница, сега пијам по 2 турски затоа што со новороденче и тодлер не можам инаку да функционирам и жива ненаспана сум
Ајм а кофии адикт Обожавам кафе, секое кафе, не за расонување .. едноставно тоа време кога ќе си седнам да пијам кафенце ми е уживанција и релакс за умот И во бременост и сега си пијам умерено кафенце 2 чаши, некогаш исклучок 3 (али последното ептен слабо). Кај бебе немам приметено да и смета на спиење или да прави грчеви, така да мама е среќна
Прво тромесечие не пиев ич, не ми се пиеше, ама од второ навака по 1 нескафе денот обавезно. Некогаш и по 2, ми сака душата. Ама лабави ги пијам повеќе на млеко. Не сум уште породена, 34 недела сум. Влијае ли некако на лактација да намалува, или само заради грчеви се избегнува?
Искрено можам да ти кажам за мене дека не ми влијаело воопшто на лактација. Можеби некој да пише ако има сретнато некоја студија во врска со ова.. Мада мој став е дека среќна, одморена (колку може со оглед на околности ), релаксирана мама со зголемен внес на течности ( вода, чаеви) е еднакво на супер и доволна лактација на млеко (На една шоља кафе, две чаши вода.. си се водам по оваа ‘филозофија’ )
и јас не пијам и затоа ве прашав؛ Не чинело за млекото нз што како и 90 % од Храната؛ Едно исто јадам за 3 недели се напраив коска и коза؛ Ама бар едно кафе да испиев
Жолтото е колострум тоа е на почеток кога надоаѓа млеко, после тоа е бело, и не се мисли за бојата, нема расипано или не Зошто ја гледаш бојата, нема расипано мајчино млеко, нема ниту нехранливо.
Наводно кафе, к.кола и чололадо влијаат на грчеви. Ако бебе не реагира пијте со кафе. Јас пијам турско сабајле, а нес евентуално попладне ако имам време
Те молам јади сѐ па ако видиш дека нешто стварно му смета на бебето, тогаш исфрлај. Првиот месец не пиев кафе, после почнав ретко, еднаш неделно, па почесто, сега по две на ден. Мали од скоро почна да врзува 5 саати навечер, и тоа не секогаш. Може требало порано да почнам со повеќе кафе.