Мојава беше исто, скоро на секое пресоблскање какана. Таквото какање ја држеше околу месец ипол. Сега кака еднаш, максимално два пати на ден. Јас си имам друга, да кажеме слатка мака . Кога кака, првиот пат во денот, каката и толку обилна, што памперс не ја собира. Протекува од сите страни, одозгора, од страна. Алиштата лом, а бебче дирекно на туширање. Не можам да ја добришам, до папок е какана. Се прашувам од што така . Подобро како порано да какаше по седум, осум пати на ден. Пробав поголем памперс, користевме премиум кер 2, сега сме на тројка иако има 5 кг, и пак исто. Инаку кака за време на јадење, во чиста пелена, и чекам барем еден час, да и легне јадењето па да ја пресоблечам. Решение има ли некое ??? Инаку сме на ад, плус мое млеко, се измолзувам, бидејки не сака да цица. Да не треба ад, да сменам ?
И јас како тебе. Пред бременост можеби три месеци се немав напиено, бидејки се спремав за ин витро, во бременост воопшто. Сега почнав пред пола месец, по едно мало, слабо, турско. Ама го опишав . Морам, зошто скоро сама сум со детето, мажот ми работи претежно нокни смени, не може многу да ми помага. Понекогаш ми се спие, ми се плаче, кога ја хранам навечер толку ми се спие, што ми е страв од раце да не ја испуштам, па мора да се напијам кафе, ме расонува. Штетно, нештетно, тоа е. Инаку уште ја хранам на три саати и ноке.
Јас сакав да прашам друго, па за каките и кафето најдов да дискутирам . Цинк и селен смее ли дасе пие додека се дои ??? Бидејки нели во метали спагјат. Коронава ептен близу до нас, скоро во најблиско опкруживање, па за превентива ни рекоа цинк, селен и вит.Д.
Ако станеш анемична и треба да пиеш куп лекарства и да се шеташ по лекари ништо не се направила. Од што си коска и кожа? Што јадеш толку што ти е исто?
Јас пијам цинк, селенот го избегнувам засега, инаку смее до 70mcg. Со селенот треба да се внимава да не се претера за да не доведе до труење.
И кај нас така. Прво какаше на секој подој месец ипол, па смени со какање еднаш на 2 дена али тој еднаш беше лом. И нејзини и наши алишта.. Па сега дојдовме на два три пати на ден едно нормално обилно други мали. Ќе си менува. Ние сме на екслузивно доење, ни рекоа све е нормално.
Кафе на почеток пиев по едно наутро,и во болницата ми носеа со доручекот.После некое време почнав и второ да пијам,некогаш и три послаби.Грчеви не сум приметила да има бебе,а и на лактација не влијаело,до ден денес 6+ е,имам многу млеко.
Моево па сега се раскака. Во почетокот како и сите, какаше многу често, па после доста долго време на 4-6 дена до последниве 10 дена кога почна да кака како новороденче и ноќе и дење после секое јадење.
не дека не јадам ама пак губам килаза веројатно од доењето؛ Но зеленчук немам ставено во уста па и овошје, сите ми се качија на глава правеле грчеви؛ Ориз, компир месо печено, течности многу؛ А со Хеферол сум од породување, Хемоглобинот на 84 ми падна
Јас јадам рендано цвекло и морков секој ден тоа и ми го качува хемоглобинот и ја сум со тотхема. Јадев пица, тестенини, сендвичи со кашкавал салама намази, скара, супи обавезно секој ден, овошје круша јаболко банана тоа не ти прави грчеви ти давам примери и идеи... избегавам само зелка и краставица. Грчеви ќе има и вака и така
Треба да вадам умник, со анестезија и потоа да земам антибиотик. Анестезијата не пречи, а дали би пречел антибиотикот-цефалексин на доењето?
Лудница Фативме жолтица, затоа била млитава и не може да цица, нема енергија душичката. Сега се одмолзувам и комбинирам со АД додека да ми надојде млекото. Ова по препорака на педијатар. Кај вас како е?
Само смирено, слушајте си доктор и ќе си биде се ок. Ние сме само на доење, баткото си фати ред. Прво го будев јас на 3 ноќеска, преку ден на 2-2,5 саати. Сега сам се буди на исто време си воспоставивме лактација, не морам да се одмолзувам, си менуваме по една града на подој и таман му доаѓа. Е како сме со килажа не знам, утре сме на контрола и ќе видиме.. минатиот пат беше намален 70 гр, ама докторката препорача да продолжиме само со цицање пошто го виде и рече дека убаво си цица, да не воведуваме ад одма. Баш ќе пишам утре апдејт Гушкајте се, цицајте колку што можете повеќе и уживајте едни со други
И јас прашував во аптека што можам како доилка да пијам, ми рекоа да се консултирам со гинеколог. Фемибион ми се слаби за пиење, сакав нешто појако за зимава, па направив сега за сега ѓумбир со мед.
Селен не е метал. А зошто да не можат метали да се конзумираат, каква врска има тоа што се метали? И цинк и селен ги има во едно јајце. И се што земаме како ссуплементи има во храната што ја јадеме секојдневно.