Според мене не давај , бебето убаво напредува , плус не се зема просек од 5 дена, барем на месец бидејќи не напредуваат исто секој ден.
Продолжи така, следниот пат ќе биде уште подобро. Не качуваат одма од прв ден, башка што велиш дека е само две недели старо, првите 3-4 дена намалува на тежина, а после почнува да качува. Супер си е почнато да тера, ќе биде подобро и нема да има потреба од дохрана. Ако има жолтица, си знаеш, треба да го будиш, и што почесто да биде на града, кога сака, колку сака. Честитки, големо да расте!
Јас не би дала ад. Прво, задоволен е дневниот минимум од 20 гр. Второ, за 5 дена не може да се процени дали треба ад. Колку качил за 2 недели? Вратена ли е родилната тежина? Треба да поминат барем уште 2 недели за да се види напредокот. И тогаш ако има нешто, прво би одела со измолзувано мајчино. Штом нон стоп мочка и кака, нема причина за грижа.
Роден е 3380,не испишаа од болница со 3170, за 2 недели е 3450. Фала за советите, ќе пробам бар 1 месец вака да тераме, ако лошо напредува ќе дадам формула доколу е неопходна. Иако се трудам максимум и сакам бебе да цица.
Месец и пол е мојава, уште не е мерена, се плашам од коронава да ја носам по доктори, не знам колку качува, самомна доење е, но гледам дека полни пелени, весела е, редовно си јаде и се приметува дека расте, може сега на вториот месец ќе ја мерам. Мислам да не се замараме толку со грамови кога бебе си напредува.
Јас и тт кревав пред да ми надојде млеко. Уште повеќе ќе качува следниов период. Како ќе се чисти жолтицата, подобро ќе е.
Топ е! За две недели е доволно да врати само родилна тежина. Премногу се сложувам со мислењево! Полесно се справуваат мајките кога нема кој да им труби над глава еднаш неделно дека оволку или онолку напредувало. Мене немаше кој да ми каже со првото дете дека бебе се носело на мерење еднаш неделно Не остана гладно
Немаш потреба од ад мене ми кажаа од 15гр на ден е сосем нормално да качува, искрено јас имав денови каде дете по 7 саати беше будно и по препорака на педијатар да му ддадам ад и се покајав после тоа едвај прдеше и се искака и тиа со само 30мл дадени и никогаш повеќе...
Да си се цитирам - за 8 дена сме качиле 320 гр односно просек 40 гр на ден Денес, на 16 дена и на ексклузивно доење ја имаме вратено родилната тежина пресреќна сум
Супер, и ние еве почнуваме да фаќаме некоја рутина, првата контрола имавме намалено 100г за 3 дена, денес бевме повторно и сме се здебелиле 100г, сме се вратиле на родилна тежинаГо држиш одредено време на града или онолку колку што сака за еден подој ?
Колку што сака. На неколку пати го исфорсирав за повеќе, се мислев малку да не му е, и тие неколку пати ми бљуцна. Така што си го гледам кога му е доста и си се трга и он. Да напоменам - ако заспие не значи дека му е доста. На првото тргање од града не значи дека му е доста.. ќе си увидишми ќе си се научите една на друга
Ние цицавме по 20мин стандард но сега гледам и на 10 и на 15мин прекинува, веројатно доста и е и брзо празни града
Исто и јас забележав. Претходно цицаше и по 25-27 мин на града. Гледам овие два дена 15-18мин и е максимум. Претходно заспиваше на града, па пак цицаше, па пак заспиваше. Сега цица, се трга, затвара уста и толку е
Како ке растат ке стануваат посилни и ке се намалува времето кое им е потребно да се заситат. Синко некогаш и за 5 минути беше готов.
3 месеца и 5 дена Кога беше периодот кога се е позабавно од цицање? Не сме во скок! Едвај ја натерувам да цица,што е работава? Упорно и упорно се обидувам и несака плаче,а навечер си цица убаво а преку ден дали 2 пати асално ќе фати Рацете се и се во уста мислев заби да не е...незнам што да правам кажете