Па мене ми вика црвенило не мора одма мастит да значи дека е... не знам ќе каже некоја поискусна што е
Пред 2 дена почна мачце да ме боли едната града, од едната страна како стврднато. Вечерта качив 39 темп, па претпоставив дека е мастит. Пиев бруфен и вчера и денес, немам темп ама многу малку млеко ми тече од градата. Пробувам со пумпата, едвај 10мл за 20 мин измолзувам. Малата се нервира не и тече млекце. Како да ги отпушам каналите? Ставам зелки, топли облози, масирам..Дали да почнам со антибиотик незнам..
Што е работава сите со проблеми! Јаа парацетамол пијам. После цицање ми паѓа тт, како се полни градата пак иде нагоре.
Како е сега со столицата? Зелена столица по дифолт не е проблем. Важно не пиша дека има слуз или слично. Не мора секогаш да има грутка. Може има некое мало блокирани каналче што не можеш да го допреш баш. Бебе да цица, топли облоги и нежна масажа пред доење. Видов дека немаш веќе температура - тоа е добар знак. Може и да се отворило каналчето ама болката останува и обилно поминува за ден - два. Кај се собравте сите со болки и блокада на канали ... супер правиш сѐ што правиш. Продолжи и види како ќе биде. За сите - често доење од таа града. Како бебе што цица ефективно, не влече ниту една пумпа. Ќе ви пратам со едит линкови за третирање на мастит и затнати канали. https://ibconline.ca/information-sheets/blocked-ducts-mastitis/ https://kellymom.com/bf/concerns/mother/mastitis/ https://www.llli.org/breastfeeding-info/mastitis/ https://www.laleche.org.uk/mastitis/
Ви се намали ли млекото кога добивте? Мојата цицаа нервозно на саат до саат ипол, ми го одбива ад плаче да цица
Некои од понудените решенија ми изгледаат научна фантастика за мк. Ултрасаунд, да одиш да те третираат.. тука одма антибиотик ќе ти дадат и чича мича, готова е прича.
Се случува. Напиј се магнезиум и калциум во тие моменти, ќе ти помогне. Ден два е. Дои почесто и не се секирај. Има Кукла, да видиш, да не веруваш. Баш вчера на Инстаграм разговаравме на темава со единствената IBCLC во Мк, и баш сподели како работела со мајка на проблемот - мајката стигнала до маститис со апсцес, била на ехо, ѝ ставиле дрен, дента само кога е поставен дренот се молзела, од следниот ден си терало доењето понатаму. Секако пропратено со антибиотска терапија. Да, тажно е само што за да најдеш квалитетна услуга, треба под дрво и под камен да ја бараш. Ама ако си упорен и тврдоглав, има шанси да ја најдеш.
Не е смешно, зелка навистина помага. Земете изблендирајте ја, во еден лист истегајте да истече сок и блендираното оставете го во листот и ставете ја на градата. Масажа под врела вода, колку што можете да издржете, надолу наведнете се, и нека ви асистира некој, мајка, свекрва, снаа, золва која е покрај вас, молзете надолу да слегува млеко, натопена крпа во врела вода топла да биде, ставете ја на града. Ова се сѐ испробани техники од мене и золва ми, се спасивме од антибиотици и влечење по доктори.Лани двете поминавме низ исто....Со среќа
Ако јадеш, јади наутро, за да видиш во текот на денот дали ќе има промена кај бебето. Јас така правев, јадев јагоди, ама наутро 1-2 дена па немаше ништо
@Kaetana морам да те пофалам за видеата на инстаНе можев лајв па ги гледав денес возејќи се накај работа , пократок никогаш не ми бил патот како денес Топло ги препорачувам на сите да ги погледнат, дури сакам и кај трудниците линковите да ги постирам ако дозволиш нормално
Јас ја гледав во живо и беа одлични и @Kaetana и Јасна. Се што нѐ засега беше покриено и убаво објаснето. Кафето беше повкусно со вас две