@Lovebug01 јас имав рамни брадавици, па сега по едно доено бебе и доенче да ми ги видиш градите ќе си речеш нема шанси такви да биле. Во систина за првото никогаш не ми понудија силиконски. Тука скоро се просветлив за нив. Во систина некако со два прста ми ја фаќаа ареолата и така го местеа бебе со првата ќерка. За брзо се извлекоа и никогаш силиконски не ставив. Пробувај без. Јас од аспект на малтретажа со чистење, стерилизирање ти кажувам. Мене тоа би ми било пресудно, на страна негативното врз доењето. Убаво стимулирај со пумпата пред молзење. Нека ти помогнат сестрите. Мене на секој час ме проверуваа откако почна да доаѓа млеко. (Освен една паметна од следната смена што тешко и беше пумпа да донесе). Со лесно мајче. Ќе се среди се, само опуштено
Искрено малку сум разочарана, ме викнаа дури откако поминаа скоро 4 часа од последниот подој и во меѓувреме никој не дојде да ме провери. Велат дека е доволно. Ова во Ремедика. Докторката дури ми рече да не пијам многу течности овие денови да не сум направела хиперлактација. И ми вика нема толку сила да исцица цел оброк од града и затоа ќе и даваш и дохрана дома. А зошто би и давала дохрана кога гледам дека имам млеко? Сега измолзив 25мл од двете гради со пумпата. Ми олеснаа градите но пак ми се тврди. Велат нормално било. За дома ниту Ад ниту пумпа немам купено. Не знам што да правам, искрено очекував малку поедукативно дека ќе ми пристапат тука. Мене ми делуваат ноншалантно. Седнувам на столче да ја дојам и иде сестрата одма ми ја лепи силиконската. Ја гледаат дека добро фаќа, влече и голта и викаат супер е, браво. Ај подобро да не донесувам заклучоци, утре ќе ми е во соба и ќе видам како ќе се снајдеме.
Ако си фаќа убаво и си цица кажи им дека не сакаш силиконска. Стисни малку млекце наместо декстроза и ќе си цица. Доколку не фаќа, стави ја силиконската, нека почне да цица и извади ја нека продолжи без. Како и да е, ако не фаќа без силиконски немој да ги гледаш како нешто страшно туку како помагала. Со тек на време ќе ги тргнеш, јас доев со нив до 3 месеци и го навикнав без. За дохраната веројатно така ти рекле за да не паѓа на килажа, секако ќе ти кажат на испис што и како, не мора да значи дека ќе ти препишат. Ако имаш млеко реално нема потреба од дохрана, а дека не може да исцица сега така е. Првите денови пијат максимум 20-30мл оброк, ќе мораш да се одмолзуваш за да ти олесни ама ете собирај го тоа млеко и нека му го даваат наместо дохрана. Кога ќе ти дојде педијатар на визита разговарај за ова. Луѓе мора да разберете дека има многу родилки и бебиња, а помалку персонал. Нема една сестра на една соба. Немаат време за сите, а сите се со некакви барања. Мора да прашувате и да разговарате со докторите за конкретните проблеми. Јас си прашав за доењето и зошто немам млеко, педијатарот одма им нареди на сестрите што треба да ми донесат. Забораваа од работа ама ги викав и ги потсетував. Да, платени се за тоа ама и тие се луѓе и не постигнуваат. Барајте го тоа што ви треба.
Леле мене многу ме чуди муабетов.. кај мене скроз различно беше, и без да барам ми го носеа да цица. Ми ги стискаа брадавиците да пробаат да ги извлечат. Доаѓаа постојано да нѐ проверуваат. Пред месец ипол сум породена, зошто имаат толкава разлика?! Зошто побогу да го дохрануваш на толку млеко? Која докторка ова ти го кажа?? И мене ме пратија со препорака за дохрана, ама јас во болница скоро и да немав млеко, некако магично кога дојдов дома одеднаш ми се стврднаа градите и ми се преполнија. Среќа имав пумпа, па си олеснив. Ад воопшто не дадов. Давав да цица на 2-2,5 часа. На првата контрола после 5-6 дена имаше намалено на тежина, ама докторката виде дека бебе убаво си фаќа и цица и ме охрабри уште една недела да цица, па да видиме како ќе биде. Тогаш си имаше качено и си продолживме така. Кај Живковиќ ова. Јас сум презадоволна од се околу доењето во Ремедика и ми е криво што вакво искуство имаш. Јас би ти препорачала да се снабдиш со пумпа за да имаш кога ќе одиш дома. Јас позајмив од другарка, маж ми беше да ја земе когс се вративме и кога видов колку ми се преполнија градите. За молзењето апсолутно не значи дека ако не молзеш дека немаш млеко. Но многу е битно правилно да ја наместиш инката на градата. Таму имаат електронска. Моето искуство со електронска е дека не секогаш најголема јачина вади најмногу млеко. Јас најмногу вадевна пола или помалку од пола јачина. Првата вечер измолзев дури 150 мл и дури тогаш ми олесна, инаку жешки и камен тврди ми беа градите. Се случувало и ни 10 мл да не можам да измолзам ако сум нешто напната или ако не наместам добро. Тоа дека повеќе од 5 мин не треба не мора да значи - ако за тие 5 мин ти не извадиш млеко, ништо не си направила. Не треба сосема да ги празниш градите, но треба да ги омекнеш и да си олесниш. Мислам дека не треба да пиеш чај штом имаш толку млеко. Јас воопшто не сум пиела и не чувствувам потреба на толку млеко - 2 деца можам да дојам. Замарај ги сестрите, за тебе се тука на таа пара што ја плаќаш срамота е да не покажат и да не ти помогнат. Тоа е нормално и сегде треба да е така, а не па во Ремедика. Цимерката на 5 мин ги викаше и ги викаше буквално да и го преместат бебето од една на друга града (не оправдувам до толку, само кажувам).
Да да во право си. Минатата година немаа толку родилки и над глава ми стоеше сестра додека цицаше бебе и во картонот оценка ми пишешеи чај за доилки добивавме. А сега пред 1 месец беше така хаотично. Но еве вака од форум ке прочитаат па нека си ги бараат правата. Него @Lovebug01 да пише како е малата. Се надевам дека се си е во ред
Ти благодарам мила, дури сега те читам. Вчера почнаа да ја вадат од инкубатор за да ја дојам, инаку во инкубаторот ставаа раце и така и даваа да јаде. Денес веќе е во креветче ама кај нив, таква им била процедурата, па утре ќе ми ја донесат. Малку изглеа јас сум наивна и како што ќе кажат така правам. Важно ја гледам бебка дека е заинтересирана, рефлекс си има, само уште да ја 'разработиме' убаво млекарава па се надевам ќе биде.
Така е, ама 4 саати да не дојдат во соба е многу. Јас пред месец ипол бев и не беше воопшто вака. Само позитивни коментари имам за (скоро) сите сестри.
Што ќе ти е ад ако имаш млеко измолзувај и давај на бебе. Ти што ќе му правиш на твоето млеко кој нормален ќе фрла мајчино а да го рани со вештачко нездрава работа. За силиконските не се секирај и јас ги тргнав веќе кога почна да цица повеќе пати во денот т.е. убаво да цица ги тргнав и одма си фати АЛИ јас продолжив да дојам со силиконските бидејќи синко имаше навика грчеви кога ќе го фатат нагло да се истегне со брадавицата и мислам дека ќе останев секој пат без неа кога ќе размислиш да било на голо и ќе ми ја раскрварел ужасно би било тоа е поубавата страна на силиконските и ланолин обавезно мачкај за да омекнат да не те болат.
Нема ич гужва. Скоро секаде каде што има родилки сами се во соба а има и празни соби. Секој ден поминувам во ходникот за да одам кај малата, па гледам. Може дека викенд и нема толку персонал. Не знам што да кажам. Јас ги осеќам градиве тврди, но малку олеснети после подој, сестрата ми ги пипка ми вика добро е, нормално е да се такви. За тие измолзени 25 мл ми рече супер е. И толку беше. И викам осетливи ми се брадавициве после молзењето, да ми даде ланолин, она ми ги гледа и ми вика немаш потреба, ама ако сакаш ќе ти донесам. И помина време, не ми донесе сега ќе ја барам. @Happyinlove малата е супер, не е веќе во инкубатор и утре ќе ми ја донесат во соба.
Тоа што го одмолзувам и го даваат во шише, но бидејќи веќе пие по 35 мл тоа моето малку ќе и било. И затоа ќе препорачале плус дохрана.
И мене ме фати таа гужва ама ја вакво искуство немав. И кај мене сестрата 20мин над глава ми дремеше и ме учеше. Јас не знаев да го држам ме учеа и како да го држам што да правам главчето вратчето. Значи им титкав да дојдат да ми го дадат од креветче да дојдат да го вратат во кребетче, бљуцнало им титкав, плаче им титкав... Им титкав ко нивно да е детето а не мое Затоа ме чуди искуството што го пиша без збор ми дремеа во соба и помагаа. Ми го носеа и у сред ноќ. Толку крварев што се губев и бев преморена искрено јас им реков после 15мин цицање да го земат да спијам. Глава ми паѓаше. И пак дома дојдов со полни гради. Кога барав силиконски дури сестрата груба: зошто силиконски што ќе ти се ? Ќе си го доиш без имаш брадавици... Факт е колку поодморена толку поише млеко ќе надојде Издржи уште малце дома ќе видиш друго е ќе си фатите ред.
Па добро, од ова што го објасни сега значи сепак е во ред. Не мораат баш од шише да даваат ама верувам и на тоа ако најдеш замерка ќе го сменат. Те разбирам мајка, свежо породена, бебе во инкубатор, се плашиш, сакаш да доиш, не се секирај се ќе дојде на место. Само барај си се што ти треба, прашувај, сестрите се супер ама пак прашувај доктори. Информирај се за се што ти треба зашто ќе си идете уште малку дома и треба да имаш самодоверба кога ќе останеш сама. Супер сте, гушкај бебе
@Milkiway кај мене е малку поинаква ситуацијата, пошо уште не ми ја донесле во соба. Ме викаат за доење во собата кај што ги носат бебињата, ме седнува на столче сестрата, ми ја дава во раце, ми ја мести. Освен за доењево реално немам за што да им досадувам засега. Ама утре кога ќе ми ја донесат во соба ќе ги отечам сигурно пошо уште и јас не сум ја кренала сама во раце За одморена сум супер одморена. Сама сум во соба, дремнувам кога сакам. Првиот ден бев малку депресивна и си плачев цел ден пошо ми беше криво што бебе не е до мене, но како ја гледам дека е супер и почнав да ја дојам, заборавив и на тоа. @Jana06 ќе им дадам утре шанса, еве баш пред малку дојде сестра без да ја викнам, ми донесе термофори да масирам гради, шишенце за да се измолзам и пурелан. Измолзив пак околу 25-30 мл од двете гради и ептен ми олесна. Таман сега ќе ја хранеле, го однесов млекото. Ја прашувам сестрата дали да влезам да ја дојам, ми вика дека ќе ме викне после пошо сега имале ново новороденче што требало да му обратат внимание. Утре ќе имам повеќе потреба, а и ќе видам како ќе напредуваме со доењето, па здравје ќе пробам и без силиконска да видам како ќе биде.
Супер мајка, мило ми е. Одма се гледа дека се осеќаш подобро. Утре кога ќе ти ја донесат земи си ја во раце, соблечи се нагоре и ставај си ја на града цело време, гушкај ја, посвети и се целосно.
Мајки ви благодарам на советите. Свртив од вчера скоро 180° на добро. Детето пак ми го донесоа касно ама овој пат дојде и акушерката и си дадов кураж да станам да досаѓам. Па и бебуш ми даде сила да останам станата. Од тогаш сменив две пеленки. Го нудев и цицаше на двете гради без потешкотии. Има силен фат и лесно му ги местам дојките. Едно ме буни ќе цицне еден 5 до 10 мин па си одмара на града па пак одново ќе повлече. Најверојатно е ок. Сега што уште немам млеко ме мачи едино. Бебе беше доволно долго со мене за да огладне и да имаме прав подој но нема со што да го заситам. Ќе се успокои заспие и за кратко пак се будеше од глад. На крај побарав да го земат да го најадат. А јас станав сама и со рестото од супер/мама силата се истуширав прв пат по 4 дена. Испив литро ипол чај за доилки, литро јогурт, незнам колку вода и сега и боза имам до мене. Постојано ги масирам градите и пробав и со рачна пумпа. Ќе добијам ли млеко?
Мене 5ти ден ми дојде млеко после царски. Гледај да си одморена, супер е се што пиеш и кога можеш бебе на града. Многу ми е мило што си подобра, само со добро да си продолжите
Кога првпат ми ја ставија на града, уште меки ми беа градите, млеко немав ич, се мислев што ли ќе трга кога нема млеко. Не ги имав претходно стимулирано. Си го истрга колострумот и тек ноќта надојде млекото. Ќе ти дојде не се секирај. Кај некои побавно, кај некои побрзо, продолжи да си пиеш течности и да го ставаш на града почесто. Нека си влече, тоа ќе стимулира да надојде. Од мене апдејт: Ќе си имаме мака..Лакомо бебе, рамни брадавици. Пробав малку без силиконска, сестрата ми ја фати брадавицата и и ја стави во уста но не можеше да ја фати убаво и се нервираше, вриштеше. Јас така не знам да ја фатам...Ќе биде забавно. После подојот одмолзав 30 мл. На едната брадавица забележав блистерче (за кое ми рекоа дека само ќе си поминело)..намачкав ланолин и сега легнувам да спијам да бидам одморена утре, ме чека прв ден во соба со ќерче
Бевте веќе или тек овој четврток? (Извини не го видов постот кога си го пратила). Плачење и ќенкање ако е само во вечерниот период - би требало да е ок (можно е да се работи за оној witching hour кога бебињата се неспокојни). Најважно е да гледаш пелените дали се полни - околу 5-6 мочани и 3-4 какани на ден. Пиши како сте поминале. Инаку намалување на млеко не можеш да познаеш - само преку резултат се гледа, а не преку чувство. Особено ако си прв пат доилка. Давај да цица на 2 часа преку ден и 3 преку ноќ, прави компресии и следи ги пелените и секако - да го слушаш да голта. Ако сето тоа е ок, треба да покаже и вагата. Знам дека веќе помина време, ама чисто да знаете - и веднаш после породување, дури и да не е бебето со вас - рачно одмолзување. Не треба нешто посебно - мала масажа и рачно молзење. Ќе ви пратам видео подолу како се прави тоа. Како оди сега доењето? Уште е колострум. И нормално е да е капка по капка. Густ е многу и не тече во млазови. Тоа очекување повеќе да измолзиш нека не те замара. Мајки дојат ексклузивно па не можат да измолзат повеќе од 20 мл. Градите не треба да болат. Внатрешно правам муабет. Брадавиците е нормално да болат, не да течат крвишта. Не сум против силиконски, си имаат тие своја намена. Ама, како магично сите жени се наеднаш со рамни брадавици, или со вовлечени... И на поголем процент од жените одма во родилишта им се даваат како резултат на "проблематични" брадавици? Нејсе. За пумпа немам против, дури и во вакви ситуации е супер. Само да не ве плаши количината која ја вадите, па да ве обесхрабрува и да се секирате после. И баш така коментари - требало повеќе. И наеднаш жената си вика - нешто не е ок со мене... Пумпањето треба да е на 2 часа некаде, по барем 10-15 минути од града. И дење и ноќе. Тоа е препорачана стимулација додека бебето не е со мајката. Последниот пост те прочитав дека си одмолзила 30 мл после подој, така да прв пристап е - дохрана со молзено мајчино. Ова ти одговарам на последниот, оти те цитирам сто пати. Тоа што ти се рамни, не е чудно да се должи на тоа што ти се отечени и тешки и болни. Недоволни празнења и хормонско надоаѓање на млеко прави отоци во градите кои ги израмнуваат брадавиците. Препорака - малку одмолзи пред да даде да цица на бебето ако имаш мака - пумпата би требало да ја олесни градата и да ја извлече брадавицата. Пазете како давате дохрана. Ако гледате дека има проблеми на града - тргнете шише. Па нека е и болница и кој и да е. Вие сте мајка на тоа бебе, и имате право на поддршка за доење! И имате право да го доите ако така сакате. И никогаш не е доцна за кожа со кожа контакт! Да си го земеш бебето утре, и да си го ставиш голо на тебе. И да си уживате максимално. Инаку - какви брадавици имате - најдобро е да проверите за време на бременост или пред тоа! Сѐ што е во болница кога градите ви пукаат и ви се огромни - не се важи! Не е реална слика! Ќе пишам пост за ова деновиве, се надевам ќе е од корист на многу трудници, да си знаат какви брадавици имаат уште пред да се породат! Во прилог линкови за рачна масажа и молзење на колострум во болница (малку доцнам ама може некому ќе му се најдат) како и информации за извлекување на рамни брадавици. https://www.laleche.org.uk/inverted-nipples/