@tari таман си е. На две недели вратило родилна, после гледам тера со просек 20-30 грама на ден. Јас не знам што е проблемот во Македонија со цел персонал и вакви безвезни совети. Бебе за време на подој цица скоро 60 мл. Таман е према староста. И тоа пак тоа мерење подој не е секогаш најмеродавно, оти бебињата не секогаш цицаат иста количина. Ама во ситуации кога цица сосем супер, зошто бре да му се даваат шишиња, формули и што не. Како е со ноќни подои? Колку често цица? Давај на 2 часа преку ден, на 3 навечер. Одржувај стимулација. И прилекај следно мерење. На иста вага за споредба. Мене коса ми се крева веќе од вакви муабети. Сериозно. 30 мл по секој подој ако цица 8-12 подои на ден - а еве ќе речеме дека се 10 - тоа се 300 мл. Знаете што се 300 мл?? Третина од просечен внес на млеко. Третина. Тоа значи третина помалку стимулации кај мајката. Третина помалку млеко. Кое самото по себе повлекува повеќе формула бидејќи бебето ќе види како изгледа давање со шише (гарантирам дека никој не практикува paced bottle feeding), ќе види проток низ шише, ќе се збуни од силикон како материјал во устата, и ќе се буни на града.. и тоа си е еден круг кој ќе доведе до "снемав млеко после некое време". И бебето е на формула. Јеееј. Зошто? Заради некоја во диспанзерот што е платена да не си ја знае работата што треба да ја врши. Па не е ни само таа. Одлично си изреагирала со молзење - бидејќи ако има мака со количина - првиот пристап е молзење за да се зголеми киличина! И ме радува што вака знаете да сте со поголема самодоверба. Браво. И прашувајте, пишувајте, едуцирајте се. Затоа што тоа е ваше дете. И вие сте одговорни за неговите избори додека е мало. Честитки! Што почести стимулации, толку побрзо ќе ти дојде млеко. Нека си е со колострумот, чувај го на тебе, давај цело време, ќе биде за многу брзо.
Целосно ми дојде млеко дома кога си отидов. И тоа преполнети гради до степен да одмолзувам пошто грутки имав. Но во болница ЦЕЛО време беше со мене - или само гушкање и обавезно цицање пред да му дадат дохрана таму. Од старт си е цицач и стимулираше млеко. Често ми кажуваа дека не ја пиел цела количина на ад пошто и млеко си исцицувал колку толку.. реално премалку им треба првите денови - по 5-10 мл. Само продолжи така и ти посакувам долг доенечки стаж
Здраво девојки, Бебето има 7 дена. Породена сум царски, млеко ми дојде после 4 дена ама бидејќи првин му давале ад млеко со шише бебуш нејќе да цица и се измолувам и му го давам моето млеко преку ден освен навечер два пати пие аптамил 1. Дали ова е добро зошто никако не сака да цица и вршти плаче кога му даваме од града ?
Исто и јас бејби @BabyD0ll нема правило 5ти ден дојде убаво повеќе него што му треба Сигурно имаш и консултант во болница како што ќе ти кажуваат така прави
Има има, се ме научија. Прво на една града 15минути после на друга исто да се стимулира млеко. Ама на моево не му е доволно па му додаваат дохрана по 40мл. Викаат големо е и нормално е. Денес ќе ме учат да пумпам и со тоа пумпаното ќе го дохрануваат. После ќе пробаат да ми покажат како да менувам памперси и други работи. Утре сигурно дома ќе си одиме
Еден совет. Ако можеш да купиш електрична и да се одмолзуваш ќе стимулираш побрзо млеко кај тебе. Дебели кај мене одби цице уште кога доев на почеток од допуна со шише па морав да се одмолзувам и не успеав со рачна да стимулирам доволно. Обавезно дохранував. И на крај тт имав и скроз го изгубив. Немам комплекс додуша јас , не се секирам дека е на АД, ама со првото дека помало побрзо и млеко му стигаше. Те гушкам.
Мене во болница ми кажаа не повеќе од 20 мл, зборам за првите денови. Чудно што ти кажале 40 мл. Зошто мислиш дека не е доволно твоето млеко? На почеток колострумот е доволен.
Девојки прво да ви посакам успешни доилни приказни во новата година на сите мајки кои се трудат да си воспостават таква врска. Второ би сакала да прашам. Со моево лавче еве пети ден како ексклузивно се префрливме на мајчино. Си ја држам самодовербата и желбата да успееме на високо ниво не сум посегнала по формула дури и тргнав се од видик да не се лажам. Само некои работи ме збунуваат. Бебе си кака 3 до 4 пелени на ден само потечно исто златна боја. Ќе се среди ли тоа? А за мокрење количински ми е помалку менуваме измокрени пелени ама не ми се така набабрени и полни како што беа со комбинирана исхрана. Преку ден се дои кога ќе побара од саат и пол до 3 саата разлика. А навечер е до три подои од кој еден го нудам и во сон за секој случај да не ми сврзи многу па дехидрира. Е од таа дехидрација ми е страв мада слушам голтки и правам компресии ако ми заспие или влезе во пасивно доење. Има ли знаци на кои треба да внимавам во таков случај? На крај на краиштата ќе си купам вага за мене и ќе се мерам со бебе заедно. Напредокот ќе си каже...
Моето беше нешто помало, ама над 4 и баш затоа му даваа 20, инаку за првите денови е доволно и 10 додека да надојде млеко, ако бебето е поситно. Нека си слуша доктори, само коментирам, кажувам мое искуство.
Почнаа со 10 ама секој ден бара се повеќе и повеќе и рекоа дека е нормално затоа што е голем. Сега мене ми дадоа јас да му правам. Ама прво стимулира на мене, ептен малку имам колострум, ако не е сит плаче и жими се не можам да го слушам многу ми е жал. Нека пие колку што му се пие ) Со сила млеко не можам да истимулирам. Ете и со пупма денес интензивно стимулирам откако ќе заврши бебче со доење.
Слушај доктори, они знаат подобро од мене. Ако сакаш да доиш, давај со шпиц, не прочитав како даваш, можеби си пишала. Всушност можеш да стимулираш млеко на сила, бебе на цицка и пумпај. Кај некои жени не доаѓа само од себе. За некои мајки доењето е предизвик ама со упорност може да се дојде до ексклузивно доење. Немој да мислиш дека крупно бебе, па ке немаш доволно млеко итн. Јас со бебе малку поситно од твоето ама сепак над 4 кг дојам 17 месеци, а дохрана давав само 2 3 дена во болница.
Да додадам, покрупно бебе значи посилно бебе, повеќе сила да цица. Плус кај бебиња родени на или по термин рефлексот за цицање е поразвиен.
Spoiler Еве со пумпање колку излезе 15мин на едната 15мин на другата града. Овие тука викаат, супеееер.
Благодарам на сите на советите ад немам намера да дадам а искрено не сакам ни молзено да давам не сакам да му дадам полесен начин на бебе нема да сака да цица Вчера и денес е почесто на града и ке видиме како ке биде на мерење во понеделник до тогаш само ке се гушкаме и ке цицаме кога сака Имам едно прашање дали е можно да имам не доволно хранливо млеко за количински имам многу дури и ми тече кога не цица бебе ама сега почнав да мислам да не ми е слабо млекото инаку вода и течности пијам многу е сега за јадење не сум баш редовна имам два оброци само на ден и си каснувам и нездрава храна јадам и овошје не дека не ама поретко Секое мислење и совет е добредојден Инаку во понеделник ке го носам бебуш и кај матичната баш ме интереира што ке каже
Девојки,некоја со поголеми гради да сподели искуство која позиција за вас била најлесна за доење,имам премногу млеко но и градите сега ми се уште поголеми и мака мачиме со доењето никако не можам да се наместам за да цица :/
Ти тече млеко затоа што се воспоставува лактација. Мене ми течеше 6 месеци многу, а дури потоа помалку. Верувај во себе и не мисли на слабо и јако млеко. Секое млеко е специјално креирано од телото на мајката за потребите на нејзиното бебе. Весело бебе, полни пелени и качување килажа се знаци дека си на прав пат. Во лежечка положба мислам дека ке ти е најлесно да ја контролираш градата. https://www.medela.com.au/breastfee.../8-tips-for-breastfeeding-with-larger-breasts
Мене најмногу ми одговара бебето легнато на кревет јас до него. Така можеш да ја контролираш висината на градата.
https://tvoebebe.com/МАЈКА/safronot-lek-protiv-postporodilna-depresija Случајно ми излезе ова...па сакав да прашам дали оди со доење имате информација? Не дека којзнае колку ме фатила депресија ,ама не сум и баш најдобра ,па би сакала да пробам .