Бркај го од соба маж ти ама озбилно А за носето ехее мислам цел месец им се затнати ја после 7 дена капки шприцав ама ќе ти кажат дали смееш и дали треба и ти
Ама зависи од многу фактори. Зависи колку се движи мајката во денот, зависи какво е времето надвор, на зима генерално помалку пиеме, зависи дали јаде овошје, зеленчук кои се над 90 посто вода, зависи од метаболизмот на мајката, зависи од тежината на мајката, не може да е универзално правило, ете и надвор од доење има правило да се пијат 2 литри најмалку во денот, а јас си направив проблем со бубрези кога го пробав тоа пиење сосила. Знаци на дехидрираност се темна мокрача, бели наслаги на јазик, сува уста, јас ништо од тоа немам, а пијам само 1 литар дневно, ни чаша неможам плус од тоа.
Носот фрфори затоа што е роден до царски. Со минување низ родилен канал и природен пораѓај се истиснува таа течност. Може да фрфори 6 месеци.
Избегавме офф топик @Klara91 мислам пиша нека прочита се ова Иначе да мене така ми се направи кога цицаше мокрачата се извадив од памет ама само 1 ноќ
На погрешно сум ти реплицирала. Дали докторката ти рече дека млекото ти е слабо? Напротив во секој одговор сум на страна на докторите таму кај тебе. Само испадна така те разбраа дека ти рекле дека е слабо млекото да даваш ад. Или не? Не знам кај го виде тоа дека упорно докажувам Ајде со лесно нека ти е понатака
Сега не е дома искрено раат сум ете си направив атмосфера во собата со лампа бебе во раце јас на спална, и дојам. Ама ко ќе се врати ќе ме скрени, нејсе тоа не е темата. Не знам што рече докторката, праша дали имаш млеко, реков мислам дека имам и кажа да додавам АД. Го прашвам маж ми да преведи вика ти вика слабо е млекото.
И да и не.. Еве мене на испис ми кажаа да давам ад на 6 саати, остатокот да цица на барање. Јас гледав дека има млеко - како што вика @baby doll полна устата со млеко и одлучив да не дадам ад. На првата контрола бебето беше намалено во килажа иако немаше знаци за тоа - полни пелени и мирно бебе. И покрај тоа Живковиќ ме охрабри да продолжам само да дојам, па пак за 1 недела да го измериме. После 1 недела веќе имаше качено - значи 3 недели по пораѓај ја врати родилната тежина. Баш и реков дека мислам дека ќе ме кара зошто не сум слушала препорака туку на своја рака не сум дала ад и да не случајно го изгладнувам бебето. Ми рече апсолутно не, препораката за ад е пошто они не може да следат ситуација колку и како цица бебе дома и кога ќе надојде млеко. Мислам дека 3 дена дома е прерано за да увидиш дали е доволно млекото или не. Како што пишаа другите, давај на барање, пробај да бидеш смирена, користи го времево да се гушкаш со бебе, кога бара да цица сака и близина и љубов, не само млеко.
Ми дадоа како подарок две три мали шишиња наполнети со чиста вода за носето по малку да му ставам. Ама чиста вода само не смее ништо друго.
Леле маж ти ти овде прашувај за се што те интересира, ќе ти даваме редовно совети. Поубаво нешто од мајчино млекце не постои И не се заборавај себе си, се што ти е кејф да си правиш
Изи мене Живковиќ ми даде ама после секое цицање 30мл Ад ама ја имав некои други глупости. А кога отидов после 2нед на контрола тогаш ми рече да баталам ад дека можам сега да продолжам без ништо.
Да да само тоа смееш, мислам дека е физиолошки раствор, јас тоа ставав, тоа смее. Не е бактерија, затоа не се става ништо. Ако дише тешко извлечи ги со аспиратор.
Jas se porodiv pred 1 mesec. Vo bolnica bevme 3 dena, voopshto ne doev, nemav bradavici, samo na ad beshe. Koga stignavne doma nonstop go stavav so silikonskite bradavici da cica, otkako kje ogladneshe mnogu mu davav ad. Pieshe prviot den po 60ml, namali do 30ml za 3 dena. Od togash pochnav samo da dojam i mi kachi skoro 1kg na tezhina.
Секако моја грешка што мислев дека ако се во Швајцарија знаат. Готово се повлекувам после ова Многу утепано мислење за нови доилки и мајки Извинете и ти и @Kaetana знам кога сум згрешила и го кажувам тоа. При читањето на мислењето на @BabyD0ll
Нема проблем, извинувањето е прифатено. И таму се луѓе, и таму грешат. И овде има фантастични доктори и сестри. Само кај нас од 10, 9 лоши а 1 добра, кај нив обратно.
Еве уште цицкаме од една на друга стрАна со затворени очи бебе. Перфектно на градата воопшто не ме болат брадавиците ниту на една ниту на друга страна. Заспа сега пак на мене.
Ете сега го префрлив во креветче, спие не скенка повеќе. Сега ќе спијам и јас малце не знам кога ќе се разбуди бебе пак. Фала ви многу на советите мислам дека знам како иде сега тоа “доење” Иако е природен процес сепак бил комплициран. Ако треба уште нешто пак ќе прашам
Бејби остај што муабетевме ние и што се објаснувавме. Многу е важно да го гледаш подојот. Да видиш дали е ефективен. Тоа што немаш болка е супер. Дали бебето голта додека цица? Можам да ти пратам видеа од тоа како изгледа. Ама треба да ја мрда брановидни устата и да прави поголема пауза и да слушаш како голта. Кога ќе престане активно да цица продолжуваш со компресии на градата. И гледаш како ќе оди со пелените. Кој ден е сега? Каква е столицата? Дали доби веќе златно жолта боја?
Имаше коментари за време/должина на подој и менување на гради.. по она што читав и се едуцирав, а верувам и повеќето тука го знаете, не сум сигурна дека @BabyD0ll го знае е за прво и второ млеко. Првото млеко е поретко и ја заситува жедта на бебето. Но не и гладта. Тоа доаѓа прво при цицање. Второто млеко е погусто и содржи хранливи состојки кои го најадуваат бебето. Тоа доаѓа по првото. Мерењето на време на подој можеби е поттикнато од тоа да се дојде до второто млеко, но апсолутно не е гаранција за истото. Некогаш бебе цица пола саат, но ефективно само 10 минути, па не дошло второто млеко сеуште. Моето конкретно за 5 минути се нацицуваше и празнеше града. Првото млеко е скоро проѕирно, а второто е погусто и бело и во првите денови има дури и жолта жичка. Тоа што јас правев беше кога ќе се тргнеше бебе од града, истиснував да видам до каде исцицал и дали стигнал до второто, помасно, хранливо млеко. Од тука произлегува и второто кое го пишав - менување на града - честото менување на града може да резултира со пиење самп на првото млеко. Тоа значи дека бебето ја заситува жедта, но не и гладта. А тоа пак значи плачки и барање да цица пошто е гладно (иако како што пишав погоре, не секогаш бараат храна, многу често бараат топлина и близина). Мене патронажната сестра ми кажа да давам од иста града на два подои доколку меѓу нив има помалку од 2 часа. Секако дека ова не е правило, но кај нас се покажа дека е така - така правев и дете напредува. @Kaetana те молам за мислење за ова, мислам дека ќе биде од помош и треба да се примени. Пишаново горе е мое лаичко мислење базирано на обемно читање за доење и искуство.