Ова сериозно се мери бебе после цицање и се донесува заклучок? Навистина ме интересира ова бидејќи прв пат слушам за мерење на бебе после подој. Ако и плачело бебето цела година може да било гладно. Се разбира дека некогаш има и зошто ама тогаш бебето не напредува, не полни пелени и е плачливо, нерасположено, ќе примети и самата мајка дека е гладно. На една година веќе има три оброка па не значи само до мајчиното млеко дека е. И како мислиш намалува килажа 12 месеци? Не го сфатив ова? Колку кила имало на годинка?
Секако дека има случаеви каде што мора да се даде ад. Јас зборувам за случај каде што мајката има преполни гради, а викаат давај ад, без да и кажат начини како мајчиното млеко да стигне до него. Еве мене ми пукаа градите, молзев и фрлав и ми викаат давај ад има мала родилна килажа бебето. Јас побарав помош од лак.консултант и ми кажа дека можам да молзам и да давам, кога нема повеќе сила да влечи. Ова со молзењето сигурно го знаат и педијатрите. Ама не кажуваат, полесно е давај ад.
Да знам во плодност што се пораѓаат обавезно ги мерат пред испис бар така ми кажале. Еве идадија мерат за други не знам. Можат ама треба да седат со тебе 30мин. Во ремедика 20мин седев на преглед кога имав проблем со фат ми помагаа ми донесоа перници. Надвор деца плачат ја на преглед 20мин го дојам. Намалува ќе качи месецов 200 следниот ќе ги спушти. Поима немам искрено не сум прашувала. Исто о течеше од гради преполна само се молзеше. Се е индивидуално
Во Плодност така мерат после секој подој на почеток. Мерат да знаеле дали цица доволна количина. И на крај донесуваат заклучок дали само да доиш или да даваш ад. Искрено знаеме дека не цица секогаш исто па да е сигурен податок. Секако кажуваат и да се гледа по пелени, расположение на бебето...
Интересно и чудно. А за бебето што качувало па намалувало, намалуваат кога се болни, кога не јадат, па надокнадуваат. Најдобро е секоја мајка да си го следи бебето, мајката најдобро го познава своето бебе, и со вакви педијатри обавезно консултација и на друго место.
Ако не го добивало млекото бебето, за џабе течат. Сме биле во иста ситуација со другарката твоја. Само што моево напредува добро.
Да се надоврзав пошто ја читав @Andrejaaaaaa и зборот ми беше ако и даде таа ад да го однесе на уште едно место кај друг доктор.
Да, ете и кај тебе покажало проблем. Издржи тогаш до 3 месеци и ти, па тогаш пробај си пак да ги воведеш краставицата и доматот во исхраната. За морков и цвекло и јас немам сретнато дека може да прават проблем, можеш да си јадеш.
Колку што разбрав, бебе за 1 месец качило 900 гр, а проблем биле последните 3 дена. И одма ад. Јас не знам што е со педијатриве. Консултирај се ако, ама според мене треска тешки глупости. Никое бебе не качува исто на дневно ниво. Се зема просек од цел месец, а не од 3 дена. Јас на твое место би си продолжила само со доење. Би го измерила за 2 недели и би донела заклучок. Што е тоа во вакво време да те мрцвари на 3 дена да одиш на мерење...
Мами јас само ќе ти кажам дека не може ова педијатриве да очекуваат дека секое дете качува по книга тежина. Некои денови повеќе некои помалку. Следи го додека цица, ако голта убаво и ако после е расположено и не плаче значи не е гладно и нема потреба од ад или дополнително.
Реалноста е дека на факултет и на специјализација се учи дијагностика, но, не се учи за доење и лактација. И не само во Македонија, туку низ цел свет. Педијатри не се специјализирани за доење и лактација. И тоа е реалноста. Колку сакаме да зборуваме на таа тема, колку и да звучи егоцентрично, тоа е тоа. Адаптираното млеко нуди сигурни резултати, лесен пат до нив, качена килажа, напредок на графикот, и сите среќни и весели. Или пак не... Ако мајката сака да дои, не добива соодветна грижа. И не, шемата 15-15 + АД не (секогаш) води кон успешно доење. Ама не верувам дека сакаат да наштетат. Тие се убедени дека помагаат. Можеби и мајките така се убедуваат дека треба, и дека е нешто до нив што не успеваат. Ама тоа е тоа. А приказни тука од трето лице, комшиката, пријателката, ... не се баш баш релевантни. И секогаш земајте ги со резерва. Никогаш не ја знаете вистинската слика во позадина. Ако нешто ме научи моето искуство и тука и во реалноста - не треба да се зема сѐ здраво за готово. Имено, барајте стручна помош и работете на постигнување на својата цел. Запомнете да не делите стручни совети кои можат да наштетат некому само затоа што успеале кај вас, и запомнете таквите совети ако ви се дадат да ги земете со резерва. Тоа се нарекува мерење на ефективен трансфер на млеко, и се прави од стручни лица. Затоа што едно стручно лице знае да процени дали тоа мерење ја дава целосната слика, и знае да ги земе сите фактори во игра како што ги набројавте - пелени, напредок, расположение, голтање, здравствена состојба кај бебето и др... Како и состојба кај мајката со гради, лактација,... значи мерењето подој е one piece of the puzzle. И не смее ни под разно да биде единствен фактор во пресуда дали да се даде формула или не.
Кило и 60 гр има качено за месец, и да, од последните 3 дена вика пак да го донесам за 3 и ако е пак толку напредок ќе воведеме ад. А јас млеко фрлам што имам вишак и што измолзувам.
Цица релативно често, иако некогаш ако се успие не цица и по 5 часа. На почетокот го будевв сега не. Некогаш цица Лакомо, а некогаш само си игра повеќе ама предходно на пр јадело пред 1 саат и после пак сака и тогаш знам дека бара да су игра повеќе и да заспие. Никогаш не плаче после цицање, и е расположено и питомо бебе, воопшто не е вознемирено а тоа колку што знам вака лаички е прво дека бебето е гладно.
Во право си за се ама најверојатно ни за ад не учеле на факултет ама секој втор збор им е ад. И ние не сме учеле на факултет за доење па знаеме повеќе од нив.
Точно. Чим не е вознемирено и расплакао после подој значи си е најадено. А тоа што викаш некогаш си игра, тоа е така пошо нив цицањето не им е само за храна, него и за утеха и за гушкање и за близина со мајката. И тоа е нормално. И затоа не се дои на сатница него кога и колку сака бебето. Не можеш да знаес ти дали сака да се гушка или не и дали му треба утеха и топлина од мамичка. И мојата така праи, некогаш на саат бара некогаш на 3-4. Некогаш цица и голта многу некогаш така си дреме, ќе цицне 10 пати еднаш ќе голтне.
Сега читав баш имало трет скок што траел околу седум дена баш од 11-12 недела. Сега ми е јасно што бил проблемот... Денес е добар фаќа цице иако малце треба да се помолиме. Фала ти на советот, ќе го применам кога ќе ми протестира пак
Тоа е топ. Над горна граница има качено и ти прави вакви стресови. Јас би ти рекла да не го мрцвариш бебе на 3 дена и да смениш доктор. Не е битно што за еден месец има качено над кило, за 3 дена гледа и одма ад
Не знам зошто ама и јас имам таква претстава дека некои доктори форсираат ад особено од приватниве клиники и тоа уште на почеток. Од десетина што се породивме само на неколку ни рекоа без ад. Нормално дека на почеток ти не знаеш ништо како и што да правиш и додека да се усогласите со бебето треба трпение и време. Но пак мислам дека зависи и од докторот. На последната контрола бебето имаше качено 720гр, а предходно качуваше по кило и нешто. Јас го прашав за дохрана ми рече не ти треба. После пак прашав за навечер бидејки почна да се буди пак ми рече не е за дохрана рано. Моиве млади доктори ама мн радикални да ви кажам искрено.
Дете на една година има три оброка а може и една ужинка. Доењето не е причина за неухранетост. И синко беше 12 па падна на 11 ама од нејадење. Одржуваше килажа со цицка. Да, се мери пред и по подој, и стручно лице утврдува дали подојот е ефективен, зошто не е, има ли проблем со лактација голтање итн. Неписмена докторка. 1 кг е ооооодличен напредок. Ексклузивно доено бебе не кака и до 10 дена. Наместо да се посветат на доење и лактација, тие ти прават ладила со тоа што го земаат бебето кога ке посакаш. Наместо да дадат насока како да доиш ексклузивно кога ке те пуштат, тие ад. На државно од што нема персонал бебе со тебе е постојано, па им прават услуга на мајките.