Јас се водам според бебето, ако при подојот стане нервозно ја нудам и другата града. Некогаш двете гради на еден подој, некогаш наизменично, се зависи од бебето. За да ги нудам двете гради во еден подој не знам кога би го прекинала од едната за да цица од другата града. Доколку постои правило веројатно би гласело “следи го бебето”.
Се знае кои се цицачите хахаха твојата, на @Oneo и мојата се е цицка за нив мм поише шливки од неа има него од мене Зависи од бебето. Во принцип, најубаво е да го оставиш да цица од една града додека само не ти покаже дека му е доста. Коа ќе ја плукне градата и не ја фаќа веќе значи не сака веќе да цица од таа. Понуди ја другата, ако ја фати ок ако не значи доста му е. После некое време ќе знаеш кога сака од двете кога од една му е доста. Мојата некогаш цица од едната некогаш од двете.
Нема правило. Зависи од бебето, од градата колку е полна. Скоро секогаш еден подој ни е од една града, следниот од другата. Во текот на ноќта не цица, па сабајле цица од двете. Секое бебе различно.
Шо прајме со касањево? Му излегоа првите две запчиња до негде, ме фаќа ко со клешти и не пушта, плачев од болка неколку пати денес. Ставам прст и пушта, ама пак... престануваат да касаат или вака ќе тераме отсега?
Моето го доев скоро до 2 години и касање и ќе те фати со забите те тегне те влече и ти се смее а тебе ти се плаче од болка. Земи си ланолин од Lansinoh и мачкај се после секој подој. Сите мајки што ги знам го поминале истото.
Фала ти. Во кои аптеки има Лансинох? Само Медела сум забележала низ градов, а баш мислев Лансинох да земам зашто пробав тестер и предобар беше.
Мислам дека имаат на фб страна пиши им. Или во приватните аптеки не ланците побарај. Lansinoh го користев а и на други им го препорачувам зошто само тоа ме спаси.
Првата воопшто не касаше,вторава само на почеток кога и излегоа првите забчиња и беше интересно,за кратко прекина.
Мојата кога и излегоа првите забчиња постојано ме тегнеше и тоа фаќа па заманува со главата на страна, не да сум плачела од болка, долниот дел од едната брадавица ми беше како откинат, потоа престана сега скоро пред еден месец кога почнаа пак да излегуваат заби во тој период до излегување го правеше истото, моментално има 8 заби и веќе не прави така, се е мислам период и кога имаат мака со жлебињата го прават тоа. Инаку сме 7+. Мајки, што ли нема да поминеме
Мајки, незнаев кај да го поставам прашањево... Ми се направи жуљ на ногата па си купив фластери Sensilis. Но по еден час некаде откако го ставив читам на упатството доилки да се консултираат со лекар пред употреба и сега незнам дали да го извадам што да правам.. Има некоја користено?
Да му се редат бели и здрави забчињата.Нормално е да каса на почетокот.Фаза некоја е ќе помине.Големата така ми правеше.Секогаш кога ќе ме уапеше се правев дека плакам и се тргав не и давав града и ја карав.За два три дена научи да не ме апе и од тогаш не и се случи да ме уапе.Сепак се зависи од бебето.Ова малово без заби па ме утепува апајќе, се плашам од забите нејни мислам одма ќе ја одбијам. Многу е апачка уште од новороденче.
Фала ти, ептен им се израдувавме Инаку и моево стегаше и без заби, а сега... ко со жилет, буквално. Се надевам дека ќе се одвикне. Мислев силиконска да ставам прееска, со страв му давав да цица.
Како нема да се радувате , тоа е за радување.Па колку се само слатки со тоа запчињата,цела фаца им се мене. Сега ми текна дека имаше некој пишувано во случај на гризање со држење на забите да му се затне носот.Пробав јас кај малава ама побетер беше почна да ме влече со стегната уста.
Негде по фб групите прочитав да му ја поттурнеш градата во фаца и ќе пушти. Ноуп, не работи ни таа стратегија. Само со прст успевав. Па се смее Ќе пробам и да не реагирам никако кога ќе се повтори. Бебе, не разбира реакција на болка, нему му е интересно дека добива некаков одговор. Ако можам да не заофкам нареден пат туку само да пикнам прст, можда ќе престане да му биде забавно.
Поима немам дали разбираат реакции на болка.Ама малава кога и имам глумено дека плакам престанува да плака, големата не реагираше.Малата ако ја скара или и се намрштам, почнува на глас да се смее, големата реагираше како да знае дека ја карам.Малата кога се плаши од нешто се смее, а големата кога се плашеше плакаше. Затоа велам секое е различно различно и реагира.
Да ви се редат бели и здрави како бисерчиња Исто беше и кај моето, ама престана за брзо да каса, дали траеше недела дена. Сега само чат пат знае, ама пушта. Инаку јас приметив дека моево касаше кога му нудев пак да цица, откако ќе ја пуштеше градата или ако му понудев, а него не му се јадеше, у стил - ај ма мамо, откачи ми се Инаку јас ја користев кремата за брадавици и на Лансинох и на Медела, Медела ми се покажа како многу подобра, за еден ден болките беа скоро исчезнати.