Мајки ние сме 1 месец и на доење сме, ко за беља ми се затна носот.. Што смеам да се напијам бар апче да ми се попушти носот?
Дали има некоја мајка што се вакцинирала за ковид, а и се намалило млекото? Или нормално си го дои после вакцина?
Јас се вакцинирав Нате во средата со фајзер прва доза. Само раката малце ме болеше. Одма ја доев најнормално, еве до сега нема ништо, се си е ок. Она си цица исто како и претходно. Ако си со ниет да одиш да си се вакцинираш, ич да не му ја мислиш. Само антитела ќе му пренесеш на бебчо преку млекото и ќе си бидете двете заштитени
Утрово бев со ниет, педијатарот ми вели нема штета, можи само млекото да ти се намали А сега пред 2,3 часа зборувам со други двајца доктори ми велат никако, да не се вакцинираш... А таман се решив, и сега пак се вратив на почеток
А зошто ? Дали ги праша зошто некој вели нема проблем некој вика не !?!?!?!? И со овие доктори не знајш кој пат да го фатиш
Е како да не, ќе ти се намали млекото. Нема везе. Еве ја се заскнува ќе се удави . Според мене да се вакцинираш. Не може на бебе нишо да му биде пошо само антитела ќе си земе од тебе, не ја прима вакцината оно. Еве другарка ми со 6 дена разлика бебе се заболени и тешко е. 4 дена е со температура, нагоре надоле и малаксаност. Вика многу ми е тешко и со бебево у раце тешко. Нишо не и даваат да пие дека дои. На мажот и му дадоа ивермектин и за 3 дена му е подобро. Пак ќе ќажам, според мене боље вакцина него маката не дај боже.
Алергорично кажано. А како помина ,имаше реакции ?Помина 6 м после прележување па сакам да се чипирам и јазека со Фајзер.Со лесно на малиот.Како е?
Малку раката ме болеше два дена како вртоглавици имав и малку како треска ме фати вечерта ама пиев парацетамол и ништо страшно. Од толку што се плашев многу полесно поминав со првата Втората ми е на 13 ти и исто пак почнувам да се плашам Добар е малиот денес малку е немирен и малку темп имаше ама му дадов далеронче и се смири
Јас сум за 2 дена за 2 доза Фајзер , со првата лесно минав , мала болка у рака и неможев да спијам на таа страна 2 дена. Го доев одма се норнал функционирав. Е вторава доза ми мати ум , кај повеќето дава реакции , сестра ми денес се боцна ептен е клапната , јас сама со двете деца дома лудило ќе биде
Majki kazete nacin za zgolemuvanje na laktacija? Momentalno sum i kovid pozitivna pa dali moze da vlijae na namaluvanje na mlekoto?
Често бебе на града, ем за заштита на бебе ем за зголемување на лактација. Течности и разновидна исхрана мислам од се е најбитно.Со лесно да го помините.Кај мене ковидот не предизвика намалување на млекото ама бебе беше цело време на града.