еве еден интересен текст кој вреди да се прочита http://mama365.mk/cetivo-za-site-doilki-koi-se-prasuvaat-dali-imaat-dovolno-mleko-vo-gradite/
Здраво мајки. Син ми има 14 месеци, сеуште го дојам и повторно сум бремена. Дали има некаква поврзаност доењето со бременоста? Многу сум во дилема дали и кога да го одбијам... Знам една мајка пишуваше за ваква ситуација ама не ми текнува која... Можеби @Kaetana како портпарол на Собата за доење ќе знае да ми каже
Ме изнасмеа @zuto ... Нормално, и за тоа имам читано, ти само прашај си, јас еве одма ќе ти споделам совети. Кај нас многу од лекарите ќе ти речат дека треба да го одбиеш син ти, но ако не сакаш, ама баш ич не мораш. Доењето во текот на бременоста нема никаква штета по мајката ни по плодот. Околу 16 недела само ќе се смени малку млекото, ќе се згусне и ќе биде поблиску до колострумот, ама тоа нема никакво влијание на детето. Доењето во текот на бременоста е ок сѐ додека ти си здрава, не си анемична, додека не носиш повеќе од еден плод... За нормална бременост нема да имаш гајле. После тоа, можеш и тандем да си доиш...
Хахаха не планирам тандем... секако почна мојов да пивка по малку водичка (се поднаучи и од чаша и од шише со устенце) па се надевам нема да биде толку тешко колку што мислев. Имам 8 месеци да го одбијам, ако не, сакам-не сакам: тандем Само ми е страв големиов да не биде скржав па да не дава на малото, научен е двете да се негови Фала ти мајче, многу ми помагаш со советиве затоа што јас немам фејсбук.
Керка ми имаше 9 месеци кога останав бремена, за жал кај нас докторите се доста неинформирани на таа тема, побарав мислење од повеке и сите ми рекоа дека морам да ја одбијам, од гинеколог до педијатар. А да не зборам за околината со бабските приказни. Но јас не го сторив тоа така осекав и јас а и она не сакаше да се одбива. Ја доев до последно додека да одам да се породам, и бев спремна да доам и тандем, но за жал таа ми се одби откога се вратив од болница. Али си имавме квалитетни 18 мес доење. Така да ако ди нема некој проблем слободно дој си!
Не се секирај, за 8 месеци ќе е доста поголем и повеќе ќе разбира. Имаше еден ваков случај, дали тука го читав или на фб, не знам... Прво, ќе бидете разделени во болница - значи ќе нема доење барем 2-3 дена... И мајката кога се вратила му објаснила на детето дека бебето мора да цица за да расте, и поголемкото самостојно се откажало во име на бебчето... Ќе си биде сѐ ок, без гајле. Прво гледај бременоста да ти е таман, и уживај!
А дека ќе чуеш секакви муабети, ќе чуеш: дека преку млекото ќе му избегаат хранливите состојки на бебето, дека хормоните од бременоста ќе ти одат во млекото, дека тоа не е млеко, вода е (тоа го слушам до ден денес за доење после 12 месеци)... Ама ич да не се секираш. Баш другата докторка што е во соба за доење, д-р Љупка така ги доела двете деца едно по друго. Биби, секоја чест за одлуката и покрај сомнежите од нашиве медицински лица...
Ами јас сега кога бев на одмор слушнав дека педијатрите во Италија (и во Америка) советувале доење до 6 месеци максимум, после тоа било џабе, ништо, дури и полошо. Полошо затоа што бебето само се поврзувало со мајката се повеќе и после потешко се одбивало. Инаку не знам дали син ми со неполни две години ќе може да разбере дека малото треба да расте и да се откаже. Ај нека се живи и здрави, здравје Боже има време, ќе видиме како ќе биде. Јас не ги силувам работите, ќе пробам само ако бива арно, ако не - Тандем!
керка ми со полни 18 мес кога се вратив од болница и кога го виде бебчо како цицарече, не сака цице тоа бебо. А и веке беше заборавила како да влече.
Јас пак друга мака мачам. Бебето ми има 6 месеци. Пред 4 дена имасе вирус со пролив и температура, па од тогаш никако несака да цица. Мака мачам, само на спиење цица, а кога е будна за жива глава несака да фати цицка.И прошли месец ми правеше така ама извади запчиња. Одвен тоа ми се поклопува, да во исти период прошлиот месец и сега ( кога одбива да цица) имам ПМС и циклус ( инаку од кога се породив 4 месеци немав добиено). Ве молам за совет, дали може од хормоналните промени за време на циклусот бебушот да не цица? Дали од вирусот е сеуште потиштено? Се плашам дека ќе ми се одбие затоа што не е свесно дека цица , секогаш е цврсто заспано кога го дојам. Живци искорнав веке...... Што да правам советувајте ме.....
Прочитај ми го постот на 85та страна.....иста ситуација, само што уште немам добиено и немаше вирус, преку ноќ се смени и за жива глава не сака да цица.....резултат е качени 200 грама за еден месец. Згора на тоа, докторката лом ме направи. Многу малку било 200 грама, божем јас незнам. Минатиот месец беше со тежина 8500, а сега на 6 месеци 8700 гр. Добра е со килажа, ама напредокот не е во ред. Ме искара и зошто не сум и давала дохрана, а млеко имам, зошто да и давам, а и несака од шише да пие и лом ме направи зошто не сум почнала да и давам овошје уште од четврти месец. А не гледав причина да почнувам толку рано со храна, зошто до минатиот месец одлично напредуваше. Искрено, се почувствував како неодговорна мајка после разговорот со докторката. Сеуште е слична ситуација, но јас сум упорна, па ќе ја однесам за две недели да видам како напредува. И јас живци корнам, ама тоа е.....она вришти, јас пеам и трпеливо нудам града.
Послабо надоаѓа млекото при мензис и тоа обично ги нервира. Од соба за доење препорачуваат магнезиум и калциум да се зема. Инаку знаат да се бунат за цицање на периоди и по неколку денови ама не се откажувај. Плус заби, вирус....јас сепак би го однела бебето на педијатар да не има црвено грло или не дај Боже увото да не го боли. Со син ми имав таква ситуација само навечер цицаше а имал воспаление на увото.
Majki pa jas pa primetiv koga imav menstruacija (3 pati imav do sega, a bebus denes napravi 4 meseci), imav povekje mleko, puna duri mi istekuvaat gradite a slusnav deka vo tek na menzis se namaluvalo... Ovoj bebusov moj pa se davi vo mleko koga imam dobieno
Бевме на педијатар, меѓутоа ништо од тоа немаше, грлото , носето, увцињата се беше во ред. Многу се нервирам ако веруваш, зошто плаче и кенчи од што е гладна, а несака да фати. Значи само што ќе ми ја види градата или ке повлече еднаш трга глава и крај. Да ја оставам така, да не и удам на спиење цел ден нема да фати. Ке плаче, ама нема да фати....
Млекото во тек на мензис не се намалува, туку рефлексот на испуштање може да задоцни. Ако претходно детето чекало 10-20 секунди (стимулација) да почне да тече многу млеко (експресија), сега ќе треба да причека минута. Тука знаат да се љутат... Трпение немаат. Инаку млеко си има нормално. Мајки, бунтови се нормални, не се секирајте. @pilenka , јас исто како тебе би постапила, ако нешто ти значи, така што според мене не треба ич да се осеќаш како лоша мајка, и 200 грама се сепак напредок, не дека ти ослабело детето. Зошто да даваш вештачко и да ризикуваш да ти се одбие од доење, кога проблемот е бунт а не недоволно млеко. @ilyan , издржи, знам дека е тешко. Може од вирусот да е намален апетитот... Биди издржлива, затемнета просторија и на заспивање...