Мајки здраво, Дали некоја од вас била позитивна и доела? И дали е ок? Јас од нив се заразив они од вчера се позитивни, јас сабајле..(2 бебиња имам)
Бев во март позитивна, бебето ми беше 2 недели.Си доев почесто и немаше никаков проблем, бебето прележа со лесна клиничка слика. Со лесно мајка.
Pa za toa sto mi se pojavi po poragaj. Doktorkata rece 99% e toa ama najsigurno se gleda na magnet, ne na eho
Немаш никаква фрка, важно ти да се осеќаш Ок. Бебињата ќе поминат лесно и уште подобро да цицаат да си бидат заштитени. Го имаш видено примерот за млекото како се менува составот за болно дете? Со лесно на сите.
Моево е еден месец, дури сега почна да празни и да бара од двете дојки (не секој подој, ноќе само од една цица и тоа кратко). Ама секогаш ги нудам и двете
Девојки се извинувам за сликава но ме интересира што би можело да е ова тазе мама сум , пупките ги мачкам со ланолин ….
Малце матна е сликава ама личи ко бело топче. Ако е тоа, млечен блистер е. Оди на профилот на доење со љубов има пост за млечен блистер.
Друштво за главоболка освен парацетамол, ибупрофен што смее? Аналгин, кафетин? И од витамини/суплементи дали и што земате? Има нешто што може малку да ме опушти да се релаксирам, кај сум многу лесна на сон па сега и едвај заспивам.
Мами мојов бебчо ( 2, 5 месеци) неколку дена откако ќе го исцица првото млеко, кога ќе почне помалку да му тече, и да треба повеќе да влечи се нервира и се трга. А сеуште му се јади. Денес беше посебно нервозен, цица цица се трга, се враќа, и кога веќе немаше шо да цица, се осеќам веќе немам млеко во моментот повеќе, зеде да вришти. Му дадов дохрана, испи 70мл,и се смири. Па совет шо правите кога бебе сака повеќе отколку шо имате млеко? Со првиот син, исто после 2 месеци, исто сценарио, и почнав да му давам формула. Не сакам пак да ја направам таа грешка. Ако е скок, шо да правам, колку трае? Хелп!
Исто беше и кај мене, додека шприца на почеток ужива, после се нервира и се 'расправа' и ржеше на градава кога ке почне побавно да и тече ама никогаш не и давав АД. Се навикна дека треба повеќе да влече и така треба да ја исцица бидејќи по масното млеко не е на почеток туку доаѓа подоцна баш кога треба да влече повеќе, никогаш не и ја сменив втората града да се навикне. Мора да се навикне не е дека немаш млеко туку треба повеќе да се намачи,ако даваш така АД ке го навикнеш така и нема да влече. Остави го да цица, ако е гладно ке мора да влече. И кај мене беше исто па ке речам не е од што немаш млеко,лактацијата е воспоставена па се лачи млеко по потреба. Ние сме два месеца има ставено 800гр за две недели ако нема млеко нема толку да ставала, ако се водев по тоа дека се тргаше и се расправаше се градата
Па на крајот кога веќе се трга, едвај капка две. Ги осеќам празни се. И тоа му давам од едната, па од другата, па пак се враќам на првата и така неколку пати.
Ма мњнувам по неколку пати, десна, лева, пак десна, пак лева... Ги стегам додека цица. Ама при крај цица 10 пати еднаш голта, веќе нема шо да цица
Не се празни туку после 6та недела се воспоставува лактација и се лачи млеко по потреба, не е како на почеток не контролирано,туку кога ке почне да цица бебе и додека цица тече млеко,бар јас така читав. По меки се градите мислам дека тоа е нормално,не се плаши имаш млеко,само ако го научиш така на АД со шише ке му биде полесно и така ке си бара стално. Биди упорна
Но веќе ги исцица двете. По неколку пати менував, лева десна, пак лева пак десна... Да извлече се. Ама при крај веќе нема шо да цица, голташе еднаш на 10 пати. Се стегам едвај капка две излегува.
Знам. Морам и сакам. Но како да издржам кога бебе е гладно, а веќе исцицал се, бидејќи знам дека се празни градите, се осеќа дека повеќе нема млеко во моментот. Пример вечерва ако спие 5-6саати да сврзи, ќе ми се наполнат убаво и после имам цел ден млеко добро количински. Но вчера вечерта, и денес почесто цица и не се полнат толку брзо колку шо бара. Затоа барам совет шо во случај кога исцицало бебето се, и вришти за уште