Сакам да ви препорачам за тие што имате потреба од поддршка за доење - организација Лулка. Презадоволна сум. Сите прашања и дилеми ми ги решија. Огромна помош ми беше.
Совет, на блиска свадба сум за 2 недели… сакам на бебче да му оставам измолзено млекце, дали е океј ако цел ден собирам во шишенце на 3-4 пати по 30 мл (пример) а во меѓувреме да ми стое во фрижидер шишето за да не се расипе, и на крај на ден да го замрзнам ?
Во плитко 24ч стои после замрзнувај. Ама да знаеш веќе изладено во плитко со тазе молзено не се меша. Ќе оставиш во 2 шишенца, кога ќе се излади претури го едното во другото.
Мамички, бебе почна да цица пред два дена, но брадивиците ќе ми ги откорне, премногу ме болат и почнаа да ми се раскрваруваат. Ве молам за совет, што би ми помогнало дали да земам силиконски брадавици да ставам или пумпа за измолзување. Инаку се мачкам со ланолин.
Мачкај чист ланолин после секој подој подебел слој и пробај со силиконски брадавици. Не би ти препорачала пумпа сега освен ако не мораш за да спречиш мастит, ќе те болат уште повеќе. И менувај го бебе при подој да не се задржува на една града континуирано повеќе од 10-15 минути.
Zdravo, ovie denovi treba da se porodam. Me interesira sto kako za doenje vednas li se doi ako ne ti go donesat bebeto trwba li da se izmolzuvas detalni nekoj da mi objasni
Ќе го доиш бебето кога ќе ти го донесат, на почеток нема да имаш многу млеко за да има потреба од молзење.
Мајка со лесно породувањето. За доењето ќе ти го носат бебето за доење и ќе ти помогнат сестрите за како да се наместите со бебуш. Земи со себе ланолин да имаш да ги мачкаш брадавиците после секој подој. Не се измива ланолинот безбеден е за бебе. Кога ќе ти надојде млеко ќе внимаваш ако ти се стврднат градите ќе ги масираш под топол туш и ќе држиш топли облоги. Верувам дека се ова ќе ти кажат и на болница. Можеш на интернет да разгледаш и да прочиташ за позиции за доење имаш и видеа на youtube. За молзење нема да имаш потреба на болница, а и ако се јави потреба ќе ти донесат пумпа од болница зависно кај ќе се пораѓаш или од дома. Со лесно.
Мамички бебче ми е 24 дена и сме на доење и дохрана 3*30 бидејќи слабо ми напредува Прашањето е како да ја зголемам лактацијата бидејќи кога цица бебе како да не се нацицува и неможе да заспие Дреме на цицка со саати и цицне неколку пати и после само ја држи брадавицата во уста ама не влече и штом го тргнеш од цицка веднаш се буди и цело време кенка Кога стане од спиење ќе се нацица и ако не заспие одма тогаш е будно по 4-5 саати и дреме на цице цело време и додека не добие АД не заспива а инаку после цицање 3-4 пати на ден одам под туш и се измолзувам и има млеко во млазови Пробавме минатата недела без дохрана и падна на килажа. 10 грама Како да го натерам да цица повеќе??? Ве молам за мислење
Штом имаш млеко можно е многу да му тече кога цица. Не давај АД ако имаш толку млеко како шо кажуваш. Има бебиња несакаат никако од града од старт. Пробај измолзи и дај му од шише. Ќе видиш колку, како ќе испие. Има и мајки кои успешно ги хранат долго време со мајчино млеко, преку шише. Тоа шо ја држи во уста му е комфорт, си ја сака мама блиску
Какви витамини можам да пијам за коса? Многу почна да ми опаѓа, веројатно од доењето. Можам ли биотин од 1000?
Здраво девојки! 2 месеци после природен пораѓај и јас добив. Денеска имав малку крв, кога сега баш убаво почнува да тече. Ме загрижува дали ова ќе влијае на млекото? Дојам и се измолзувам плус пошто бебуш не е многу активен цицач. Ама го пие моето млеко, дохрана ако му давам, ако е малку моето млеко, едвај ја прифаќа, по неколку нудења. Сега ова ме загрижи ептен. Доколку имате ве молам споделете искуства. Пијам и таблети од грчко семе за зголемување на млекото, па се мислам и тие да не испровоцираа да добијам? Цела сум збунета. Фала ви.
Мајка бебето не го местиш правилно затоа те болат и крвариш.Пробај на бебето кога му е зината устата да му ја пикнеш брадавката и плус дел кругот околу брадавицата.Со тоа ќе ти се подоправат градите и нема да имаш болки.Доењето не боли.А дотогаш ланолин крем, луфтирај ги на воздух ,можеш црн чај да ги мачкаш ама да го одмиваш пред да доиш оти горчи. Ако не знаеш како да го местиш консултирај лактациски консултант. Упорно и ќе успееш.