Да не те плашам ама не е ни за плшење Јас еве после 9 месеци дознав дека тироидната ми проиЗведува повеќе хормони Направи крвна слика и за тироидна да ти проверат Јас цело време ајде после пораѓај ајде дојам, ајде со две деца е тешко и кога беше бебе 8 плус веќе бев готова и отидов на лекар, лекарот одма се посомнева на тироидна и крвната слика покажа А јас упорно пиев таблети за железо Можеби и не е тироидна ама твоите мислења ме потсетија на мојот проблем, истите прашања ги поставував и секој ќе ти рече од доење е од бебето е тешко е, дури и јас сама така мислев се додека не ми стана ептен лошо Ако немаш направи крвна слика за тироидна
Јас кога си дојдов од болница ич не бев добра дехидрирана не наспана многу лошо. Се оправив полека со инфузии. Поминаа неколку дена се подобро и подобро бев и вчера клапнав дали од неспиење нешто не знам. Правев крвна слика после 2 дена од искачање од болница добра беше само црп, седиментација и димерите ми беа малце повисоки ама рекоа тоа е од самиот пораѓај
Шеќерот ми беше 3 на долна граница дали нешто од тоа е не знам стварно. Цело време барам некои одговори само за да знам какви мерки да превземам за да застанам више на нозе и за мене и за бебето
Па мораш и ти да одмараш. Тоа бебе кој ќе го чува ако ти не се чуваш самата а он оди на работа нели. Мајка ти си 24/7 на работа ако е така. Ко плаче бебе ти стануваш, по цел ден ти си со него. Ако си направила комплет кс и ти е добра, јас мислам дека си само изморена Јас првите 15 дена буквално само спиев. Не знаев кај се наоѓам. Мајка ми помагаше на почеток. После тоа се храневме со порачана храна, станов ќе проодеше уште малку додека не фатив ред со бебе и да се пооправам малку Ќе си фатиш и ти само одмор повеќе и многу течности
Кај мене TSH пишува. Нека каже некој што се разбира повеќе, јас не сум 100% сигурна ама не ти е проверена колку што се разбирам.
Би требало во сите лабаратории да може. За секој случај провери на нивната страна или јави се. Можеш и кај матичен.
Прв пат дадов на 9-10 месеци кога беше болен и имаше температура за да не дехидрира и да му подметнам електролити. Му ги мешав со вода, соодносот повеќе на вода а сокче колку за вкус. Сега е 16месеци и има пиено сокчиња 2-3 пати кога бил болен. Сметам дека нема потреба од давање сокчиња. Секако до почеток на вкусови се дава само млеко - цицање или АД, а потоа се дава и вода.
Ја давам од околу 4 мес кога го оставам на чување за да се залажува колку додека да си дојдам (не прифати АД и молзено). И со мене секогаш си носам кога одеме некаде надвор, или во случај да ожедни или зашто гледа дека пијам јас нешто, па и тој сака, влече се. Ама повеќе од 50гр не му давам.
Помош! На ексклузивно доење сме, бебе е 1 месец, до пред некој ден млеко имаше супер, ги осекав градите дека се полнат измегу подој, од вчера градите ми се меки памук, почнав да давам од двете гради да цица бидејки вриштеше само на едната. Осекам дека млекото е намалено. Пијам чај за доилки и плус течности по 3-4 л секој ден. Дали да дадам дохрана не знам а и не сакам. Совет, помош од некој во таква ситуација или да се помирам ?
Мајка а полни ли пелени? Тоа што се меки не е репер дека немаш млеко знаеш дека после извесен период се воспоставува лактација па градите не се преполнуваат толку и не се толку тврди. Како напредувате со килажа? Може да плаче и од многу други работи, може има грчеви не знам. Прати пелени како полни тоа е најдобар показател, а млеко преку ноќ не може секне туку така. Ставај го на града колку што има потреба