Намалувањето ти е од тоа што 2-3 дена претходно си молзела на 4-5 часа, не ти е од power pumping. Продолжи на 3 часа да се молзиш, ако сакаш да одржиш лактација. Ако молзиш на 4-5часа само мислиш дека имаш повеќе, но всушност се намалува. Јас немав многу млеко, но кога почнав да практикувам power pumping вадев и дупло количина, после 2-3 дена.
Кога го правеше power pumping? Сабајле/навечер? Не знам дали на некој му се случило, повеќе милилитри вадам со силиконски колектор отколку со пумпата(претходно немав таков проблем)
Да ама само за спиење. Ама тоа дека јас така сметам дека е правилно. Има некои бебиња и цело време се со цуцла. На 40 дена фати цуцла, не се одби од цицка ако тоа те мисли дали да дадеш.
Јас почнав да му давам лажливка, ама прерано, па лошо фаќаше цице. Затоа тек таму во втори месец ќе дадам пак. Бебе цица по потреба, давам дохрана. Ама вадам и со пумпа откако ќе заврши со кратко цицање за заспивање. Пумпам по 5-10минути, два пати дневно. Дали треба почесто? Сега почна да надоаѓа.
Мајки помагајте, прв ден дома и хаос невиден. Бебе само на доење цел ден, често бара да цица, пишти корни. Пелените се со златно жолта боја, а то често бара јадење, активно е, нејќе да ја оставам да лежи нигде сама, таман ќе се нацица и заспие, се штрепнува и ајде одново плачки. Млеко течи ко лудо ама сношти ко исцеден лимон градите, мислам дека пресушија. Таман лактираат таа не е зс цицање, тсман за цицање ко да нема лактација. Дадов и прихрана, и таа макс 2 саати ја држеше и пак со плачки од гасови и какање. Се избудалив, не знам што да праам. Дали е подобра опција прихрана или измолзување со пумпа и да ја дохранувам? Можно ли е да снемувам млеко, а уште во неполни 48 саати ми најдојде и од болница излеговме со подои од 35 мл?
Бебе не плаче секогаш од глад. Најмногу сега бара топлина, гушкање од мајката, затоа и плаче. Исплашено е. Кога веќе имаш млеко, не давај ништо друго, овие денови се клучни за бебе да воспостави лактација, за да даде ,,наредба,, на твојот мозок колку треба да произведуваат млеко. Може и 24часа да си дреме на града. Тебе ти треба трпение и да уживате сега.
Честитки. Полека, ќе се стабилизирате. Бебе новороденче треба да цица на макс 2-3 часа, 2 часа е периодот кој е потребен за да се свари мајчиното млеко. Каката ако е златно жолта е ок. Треба да има и мочкани пелени, пресоблекувај го пред подој на 2-3 часа и ако се мочкани е ок. До кај 2-3 месеци ќе се штрецкаат така и ќе се будат и ќе плачат пошто им е скршен сонот, мама не е тука, до пред 5 мин биле во матка. Мало бебе јас би си го чувала на гради и во раце да спие, најубаво му е, а ти пушти си серија и одмарајте заедно. Навечер во креветче, на почеток и тоа не успева па ќе се менувате со партнерот. Овие контактни дремки се убави и за бебето и за мајката. Градите да пресушат туку така не може, нормално е да има такви промени. И покрај тоа што ти се меки, ако бебе сака да цица ќе го ставиш, така се воспоставува правилна лактација. Прихрана ад ако даваш давај ја на 3 часа, затоа што таа поспоро се вари од мајчиното и може да му направи тешко на мешето ако дадеш порано па и од тоа да плаче. Ставај го бебе да цица на 2 часа, ако има мочкани пелени е ок, на прва контрола за некој ден ќе отидете ќе ве измерат и ќе знаеш како ви оди и дали треба дохрана. За да си олесниш и за да си посигурна, ако можеш измолзи како што ти рекле и дај му навечер или и на сабајле и тој момент искористи го за да ти спиеш, а некој друг да го нарани. Стимулација најдобра за млеко е бебе на града, па и цел ден да виси. Многу одмор и многу течности. Доењето во принцип е по барање на бебето кога сака и колку сака, никогаш нема да знаеш дали испило 20мл или 200мл, некогаш за 5 мин ќе исцица 200 мл, а некогаш ќе се лигави 30 мин за 30мл, ама се ова станува рутина понатака. Сега е важно да го ставаш често на града и многу да одмараш и да хидрираш.
Мајки некни пишав за ранички на пупките денес на доктор ни кажаја имаме кандида, 3 пати по пет капки нестатин и јас да се мачка, некоја да сподели искуства за колку време се лечи, незнам како дојде до ова докторката рече не е ништо страшно ама јас сум загрижена
Можиш да се поминуваш и со сода бикарбона растворена во вода...Ена лажичка во пола филџан јас ставав...и после секое доење ги одмивав пупките. Знае да биди досадна и упорна...можиш и на бебето во устата со газа навиткана на прстот од растворот со содата да и правиш како промивки.
Многу се нервирам што немам млеко, значи многу. Не знам што да направам веќе очајна сум. Правам се што мислам дека треба. Се молзам и шо ако кога не излегува млеко Бебе сака да цица и многу убаво цица наутро кога градите ми се полни. Како поминува денот се помалку млеко има и се понервозно цица.
Исто, значи истооо. Ама колку повеќе се нервираме толку повеќе влијае на млекото. На моменти Ми доаѓа да баталам и да и давам само ад…. Ама не, ќе бидам упорна цело време и давам да цица се нервира па кога ќе почне да вришти и давам Ад. Боза,млеко,јогурт,чај за доилки се пијам ама тоа е …
И јас сум во овој тимнавечер и наутро имам но после ручек некако е вознемирен и му давам ад се смирува. Некој ум да каже не ќе биде лошо
Не знам каков одмор замислувате. Но да го користиш секој можен момент, ќе си ставиш приоритети, нема ручек, нема чистење и средување, се што ни било секојдневие претходно едноставно доаѓа во втор план. Многу е важен одморот, сега да се вратам, само ќе лежев со бебе во раце и цел ден ќе гледав серии.
Ставај топли облоги пред подој, пи чај од коприва, јогурт, вода мин. 4 литри дневно ама само вода. И ставај го цело време на града. Упорно само, ќе успееш. И најбитно од се, опушти се и уживај. Хормоните така сами ќе си завршат работа.