Знам дека во болница им ставаат инекција, но до 3 месеци бебиња што се на доење треба да примаат К1. Тие што се на АД не бидејќи има во млекото.
Здраво дечки, вчера не пуштија од болница и синоќа нагло ми надојде млеко. Од десната града бебе влече и цица, а на левата цуцла си игра и дреме. Два пати ја испумпав со пумпа ама ете пак е тешка, а млеко излегува многу малку. Ве молам за совет
Масирај ја додека пумпаш. Или не мора со пумпа, можеш директно да масираш врз пелена или во чаша/шишенце. Пробај и масажа под туш.
Ти благодарам Патронажна сестра ми вратила: -да се истуширам со топла вода -да се измолзам -да ставам ладни листови зелка Така неколку пати
@Eli23 е баш ме изнасмеа ти не' бараш во мајчински, а ние напикани во доење Туку цицаше сега од едната града, ама уште имам тврд дел. Сега што треба да правам? Топла облога и да си измолзам? Да почекам следен подој пак од истата? Немам тт, не ја осеќам нешто тешка, само еден дел ми е како потврд
Дечки, оваа тема ми е поактивна. После три години за првпат сме позитивни на ковид сите 4: бебе 7 месеци, тодлер, јас и маж ми. Ве молам која доилка има прележано при доење да ми каже што смее друго од терапија освен парацетамол и витамини? За мене мислам, ради доењето.
Да бе, видиш што сте вие... А не кажувате каде е журката хахха Масирај, ако треба топла облога и молзи обавезно. До после само бетер грутки ќе се створат, поголема мака ќе имаш со масирање.
Тоа мајка, исто и ја пред два дена го поминав. Само парацетамол за тт и болки, многу вода, витамини, електролити и позитивна мисла ќе помине
Нема. Слободно дои. Бебе може нема да сака да цица да знаеш ама никако не се откажувај, ќе помине кога ќе помине циклусот, пак ќе сака да цица.
Мами Мене градава не ми е тврда, ама осеќам болка внатре. Еве ставам листпви од зелка ама не осеќам подобрување. На бебушка ич не и омилена таа грда за цицање ама буткаме некако па ако треба после одиме на другата а од таа измплзувам по малце за да не се стврдне. Ама маката ми е што температурава од вчера и покрај тоа што пијам далерон на 4 часа не се спушта( најмногу што отишла доле е 37,5) Еве сега мерев 38,6 скоро. Кажете некое други чаре освен далерон за спуштање на тт, а да не е бруфен