Па незнам ама со оглед на тоа што не пробав цела бременост сега ќе си се почастам. Еднаш во 3 месеци сигурно не е страшно
Читав дека зелена кака се јавувала од пребрзо мењање на цице, демек само површинското млеко се цицало, а она помрсното не. И јас вака правам. Патронажната рече кога ќе се испразни да сменам. Е кога се празни, кога ич нема више?
Кај мене имам приметено кога е празна градата што цица прави пушти фати и почнува да претрка. И го ставам на другата града и си цица нормално
А зошто го доиш под саат? Иначе имам пишувано и претходно, јас со пумпа никогаш поише од 20мл немам извадено, а бебе првите месеци напредуваше по 300гр неделно.
Е не знам како е правилно, ама јас кога ќе видам се успорува или многу време поминало ја тргам стискам да видам тече ли млеко, ако тече ја оставам ако не да ждригне и на друга ако сака. Кај нас е жолто е цело време каканото, ваљда добро тераме. Уште да видиме килажа како ставаме следна недела.
И кај мене цицаше некогаш и по цел сат првите два месеци сега сме три и пол месеци и цица по 5-6 минути до 10. Знам дека е напорно но мора да се издржи.
Сега ништо не е битно ни куќа ни обврски,битни сте само ти и бебето. Да уживаш овој период е само за вас да си воспоставите врска и да се навикнете меѓусебно. Се друго може да почека или да сработи некој друг. И јас сум сама со бебе и ич не се замарав на почеток бевме се на купечка храна а дома раскреваше маж ми кога и како знае.
Мојата е скоро 2 недели, мислам дека почнаа грчевите, почна да плаче и да се стега со нозете и почесто се доиме. Е сега овие дена почна да ми ја одбива левата, сака само од десно да цица. Во лежење и спиење ја давам и левата од спротивна страна ама денски нема шанса. Пробува и се трга одма, како да се гади. Преполна ми е тече нонстоп и се измолзувам по малку, ми е страв да не направам мастит. Од што може да не ја сака, се мислам да не имам нешто во градата?
Ништо страшно, повеќето бебиња преферираат една града. Моето менуваше многу пати. Во четвртиот скок немаше шанси да ја фати десната, од 8 месеци цица само од десна, а веќе има годинка
Муабетот ми е дека не држи мајчиното млеко како ад, нормално е да бара почесто. Ако сака и после пола саат пак, пак дај му. Тоа немора да значи дека немаш млеко, туку едноставно така му се сака. Цицнало, не се доцицало, па сака да се мази, да се гушка, го мачи меше… Друг пат ќе се најаде ќе спие повеќе. Стварно не е секој подој ист, не можеш да знаеш колку исцицало. Затоа се дои на барање на бебето, првите два месеци малтене бебе само на града виси. Ако бебе добро напредува (во ваш случај одлично), на ад не би ни помислила. Плаче - вадиш цицка, пратиш пелени, напредок и тоа е .
Држи ја под мишка, да лежи на иста страна како за десна. Кај мене функционира, не е до градата до положбата нејзина е.
Ајде и тука да прашам, Ланолин крема од кога почнавте да употребувате, во бременост или по породување? Друг совет од искуство за доење/надоаѓање/имање на млеко(не знам како да се изразам but you get the point) дали имате?
Ланолин можеш да користиш и пред и по породување. Пред - мислам немаш потреба. По - препорачливо е веднаш, за да не ти се разранат брадавиците. Надој го бебето и намачкај. На бебето не му смета вкусот на Ланолин така што слободно користи го. Битно е да го нанесеш на измиени и чисти гради. За интересни искуства и совети за доење и други детали околу бебе можеш да ги следиш @babycare_mk на инстаграм и @zdravobebemk
Јас имам домашен прополис, еднаш си прскам и ми поминува. Направи си млеко со стопен шеќер и маргарин, веднаш ќе ти омекне грлото
@fana исти сме и ние... Цица цело време а кога е будна цело време плаче, од страв дека е гладна и дека со царски покасно ми надојде млеко и вклучив и АД по 30мл по подој еднаш во ден плус 60мл пред спиење... Мислев ќе го исфрлиме АД за брзо а ние само зголемивме доза . Ум немам веќе, не знам што да правам... а цел ден виси на цицка и пак плаче
@Autumn Love нема да му се прошири желудникот? Моево е страшно лакомо, се прејадува, па бљуцка. Или иде во друга крајност заспива на гради после 5-6 повлекувања...