Од кај ви ова со проширување на желудник? Не можеме да контролираме колку цицало. Ако се прејаде ќе бљуцне. Кога ќе потпорасне само ќе си регулира. Така да се ширел желудникот ќе сме мереле до капка млеко.
@Mucika остај ме, си изнаоѓам ја глупости за нервирање. Значи нема врска размислувањето? Јас секако не му бранам, педијатарот дури рече преку ноќ кога се преслекуваме да не му давам да цица, ама како кога си бара?!
Не знам што да ти кажам, мислам дека вакви студии не се правени. Со векови сме хранети на барање, ваљда не сме сите со проширен желудник . Плус не секое цицање е нутритивно, има и ненутритивно цицање кога бебето само се смирува на града, а притоа го вежба самиот акт. Сѐ ова што го наброја е очекувано во првите месец-два. Убаво е да има пример на два саати по еден квалитетен подој, за да може да се одмори до следно, бидејќи ако е многу уморно ќе повлече 5-6 пати и ќе заспие, ама за брзо ќе се разбуди дека сака пак. Затоа мора да се обезбеди добар фат на града и да се прати дали бебето голта. Но секогаш се остава бебето да диктира фрекфенција на подои бидејќи немаме контрола колку исцицало. Секој вишок ќе го бљуцне.
Да не отварам по картони сега да барам, ама имаше првиот месец за 1 недела пола кг качено и исто реков леле претерав. А претходно имаше нешто 15 гр на ден качувано. Тогаш докторката ми рече подобро повеќе од колку помалку. Голем раст кај доените деца нема предиспозиции за прекумерна тежина во иднина како кај тие на ад, па не е толку сериозно. Друго, се прави тој контра ефект на почетокот кога бебето е плачливо од грчеви и оно мисли дека со цицање ќе се смири ама тоа трае минимално и уште повеќе после му се оптеретува стомачето и пак плаче од мака и така во круг, затоа тогаш е подобро само да го чуваме близу нас него ли да нудиме храна. Ете тие 70 гр на ден тогаш кај мојата беа од ова, а не од што е гладна. Ама тоа ќе си видиш на мерење. Ако мн цица и се прејадува ќе бљуцне, може да го боли меше, ама дека ќе се прошири желудник не ми кажале.
Ајде јас ко глуп и поглуп Каде ги следите тие скокови? Има апликации или? Стварно не сум упатена, а некако и баш немам време да гуглам И ко сум веќе тука...со железо како стоите? Јас цела бременост бев топ, сега гледам 5,9
О, ти се олесни, а јас уште со меше те мислам. Каснам Џулс, ама сакам да честитам. Жива и здрава да ти е, радости и убавини да ја следат.
Мајки, две недели како сум породена, бебуш е само на цицање, додавав и молзено по околу 30 мл три пати на ден, но веќе три дена не и додавам оти гледам се заситува од цицање, често бљуцнува, полни пелени, длабоко заспива по цицање и бара на 2 часа и повеќе. Но, јас би сакала да измолзувам и складирам млекце за во вонредни случаеви ако треба некаде да излезам без неа, да има дома да и дадат. Пумпа имам рачна на Медела ама никогаш немам измолзено повеќе од 40 мл и тоа во најдобар случај. Дали ако би купила електрична пумпа ќе успевам да молзам повеќе или исто ќе биде? Да не купувам за џабе само пумпи, а капацитетот на моите гради при молзење да е само толку?
Толку ти е капацитетот. Молзи и складирај од еден ден. Само внимавај да не предизвикаш хиперлактација. Со рачна на медела вадев по мин 150 дури и 180-200 од града.
Абе јас не оти знам... По аналогија ко кај нас реков да не му се прошири желудничето... Нели ние колку повеќе јадеме толку повеќе ни се јаде можи не е така кај нив не знам Нова тактика од денес ќе применам затоа што приметувам дека кога е гладен многу, не сака да цица и плаче мафта со рачињата се турка. Затоа прво му правам малку млекце адаптирано му го давам за да му се смири онај голем глад и после си го ставам на града и си цица супер не се успива одма туку си цица. Ајде и вака да пробаме. Многу сакам да цица колку што имам толку, малку ама да го исцица. Ми напоменаа од интензивна во Скопје и тука во Плодност дека многу е важно тој да цица. Не летам во облаци, знам дека може ние нема да дојдеме до степен на ексклузивно доење ама ете така во мазење нека си цица
Какви се тие вонредни случаеви колку често, колку млеко сметаш дека треба да имаш замрзнато? Млеко се молзи и се мрзне ако имаш вишок, а не за залихи да правиш. Така може проблем да си направиш и лактација потешко ќе се регулира, а и реално не е којзнае колку потребно, за час поминуваат првите месеци. Ако имаш потреба да оставиш ќе измолзиш тогаш. Пошто викаш 40мл молзиш, измолзи 4 дена по еднаш на ден 40мл и замрзни си ги, ќе имаш 4 ќесички по 40 мл страв да ти држат. Ако сака уште ќе му дадат ад и готово. Ако преминуваш на ексклузивно молзење е друга приказна.