1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долга врска,а тој сам решава да замине во странство

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од AngelchE23, 26 мај 2013.

  1. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Значи вака.Имам 18 години,идам со дечко ми веќе година и 3 месеци и ни е многу убаво се караме понекогашно минливо е,и му немам сеуште дадено а не ни планирам бидејќи е рано.Но сега има едден проболем , ми вели дека теткаму од австралија му се јавила правеле муабет за како да замини кај нив демек да остани засекогаш..(а овој муабет бил и пред да бидеме заедно) Мене многу ме налути бидејќи се ми раскажа за разговорот со теткаму демек се бара начин за преку некоја фирма незнам шо ми вика можи ќе ме женат незнам шо..многу се налутив и имавме мн караници за ова бидејќи тој ако ме сака и ако му сум битна нема воопшто да ми ги кажува тие работи и ќе се предомисли и нема да оди австралија..ама мене страшно ме нервира ова,испајѓа дека не сум му битна.А тој сепак ми вели нее така незнам шо незначи дека утре ќе змаинам..али секако некој ден ќе биди тоа а јас ќе бидам таа извисената..сеа да ве прашам,дали предвреме би му се скарале , би се лутеле за ова или ако евентуално се почне со документација тогаш да му се скарам :Z ?
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Он си имал планови пред да те запознае тебе, а ти си млада за да те вклучи во тој план. Се работи за цел живот понатака, не за неколку недели или месеци. Ти можеш да се лутиш што не ти го спомнал ова порано, кога веќе одамна се правел муабетов со тетка му, ама не можеш да му се лутиш што му се пружила прилика за нешто повеќе, а ти нема да си дел од тоа. Ако си му толку битна, тој нема ни да размислува да те остави. Ама не сте долго заедно, најверојатно не те доживува така. Не кажа колку години има тој, но ти имаш само 18, животот е пред тебе. И да отиде, голема работа.
    Ти посакувам се најдобро, ама и да не успее врскава, не се замарај, не е ни прв ни последен на светов. Може ќе си најдеш подобар ;)
     
  3. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Фала ти за советов,иначе тој е на факултет прва година ама некако не му успева факултетот.Инаку што мислиш за тоа да му се скарам предвреме или,ти што би нарпавила?
     
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Јас бев во врска околу 2 години со сегашниот дечко кога првпат ми спомна дека би сакал да оди за Германија на одреден период. Во истиот момент јас решив дека дури и да реши засекогаш да остане таму, јас ќе бидам со него до последен момент. Го сакав доволно за да сфатам дека ако среќата му е таму, никогаш не би го спречила во одењето. А јас бев тазе почната со факултет, и да ми речеше да одам со него не би си ги променила моите животни планови за него.
    Јас сум сега апсолвент, и заедно правиме планови за понатаму. Ако не можеме да се средиме во Македонија, да продолжам со специјализација во странство каде он ќе може да си најде подобра работа.
    Во мојот случај, се исплатеше да останам со него. Тоа никој не може да го гарантира. Како што реков, немаш право да му се лутиш. А за тоа дали треба да му се скараш, мислам дека ако отиде за Австралија и онака нема да сте заедно, барем искористете го времето заедно додека е тука. Прочитав повеќе твои мислења во други теми за проблеми кои си ги имала во врската, и ако раскинете тоа треба да биде заради тие причини. А не затоа што тој добил шанса за нешто повеќе во животот и ја искористил. Сепак сте млади и не знаете што ви следи во иднината.
     
  5. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Мхм..иначе да во право си,не се знае што следи во иднина,ама незнам..многу го сакам просто ме изнервира тоа,и јас имав понуди од вујко ми за Шведска да заминам и тоа засекогаш да се снајдам ама го одбив заради тоа што го сакам дечко ми и не сакам да го оставам..а тој не го право тоа за мене ЧС Ама тоа е тоа..што иде нека биде :(
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Е така е, секогаш е така со тоа печалбарството. А вакви работи ич не оправдувам.

    Како прво, мислам дека уште и на полуматурантите и е всадено во главата дека не, тука нема никаков напредок за нив, тие не се за оваа земја, таму преку Големата Бара е најдобро за живеење, пара има колку сакаш. Ох, не знам дали има поголема казна од тоа да се заклучеш со таа дебилна нација и најголемиот успех да ти биде ако те стават супервизор на некој дел таму, пример за месо. Пошо нели таму можеби ќе бидеш селанец во градот, ама тука ќе бидеш фраер во селото. Да не ме разберете погрешно, ги одобрувам студентите кои одат да работат преку лето, било каде, како студенти и не треба да бираме доколку се работи за пристојна работа. Ама, уште факултет не сум завршила, пошо нели не ми оде на мене и не ме интересира факултето, пф ќе учам јас тука за мала пара кога може камион да возам, пример. И ќе барам цели гранки низ сите континенти, петнаесети роднини итн итн за некој да ме побутне малку.

    Дека сите ја знаеме состојбата овде, ја знаеме. А дека сите треба да дигаме раце и да се откажуваме, не треба. Разбирам човек со завршен факултет со работа или без, се обидел секаде и со сешто, како квалитетн човек не може да се покаже и докаже и бара алтернативи за на страна, ама ајде бе... факултетот не ми оде, државата е крива.

    Сега на сите шо не и оде факултетот, вадат бугарски пасош. Нели, за секој случај. Оти тука не можеме да просперираме!!! :?:

    И да, јас би се лутела ако тој (доколку се сакаме!!) не ме извести за неговите планови за во иднина. А ако тој мене ме сака, секако и дека нема да ме исклуче од неговата иднина, ќе седнеме и ќе разговараме заедно, да најдеме решение. ( И пак ќе кажам дека не важи за работа преку лето).

    И како тоа ќе те женат? И на тебе ли не ти оде факултетот?

    Едит: ааа сега убаво прочитав дека него можеби ќе го женеле таму. :o

    Неееее, никако не смееш да му се лутеш!
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Хмм нема шанси бе неможам да не се лутам,ме тера одвнатре :( Не е во ред,јас го одбивам вујко ми заради него а тој не го менува мислењето за да замине австралија..значи има нешто тука мене тој ми е битен во животото и мислам за него да останам затоа и не заминувам шведска а тој за мене што :^) ? Не може така бе и љубовта е битна , неможе некој само искористен да остани :worried:
     
  8. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    па нема шо понатаму уживај си со него додека можеш после види он шо ќе ти рече моче ќе направите некаков компромис.да поработи па малку па можеби ќе сака и тебе да те земе.
    овој мојоф планира одмор летово во турција со другар негов мене не ме става во ниаков план не се налутив,а јас кога требаше да одам зимата на поседок во германија ми забрани.
     
    На AngelchE23 му/ѝ се допаѓа ова.