Женски ако знае некоја рецепт за домашна алва што се прави лесно и брзо пишете ми! Пред некој ден јадев ама за жал не успеав да го земам рецептот а многу беше вкусна и сакам да си направам што побрзо
Се мислев дали да ти го пишам рецептов (всушност и не е рецепт зошто немам единица мерка се ставам -од око) во подлабока тава или тенџере стави малу зејтин и пропржи гриз, да зарумени па додаи вода и шеќер (вода отприлика 3 пати повеќе од гриз а шеќер повкус и мешај додека се вари на тивка температура - алвата е готова кога на лажицата се собира како топка П.С. јас ставам и таан (откако ке се свари) многу е вкусна Се надевам дека ти помогнав
Фала ти за рецептот ја направив исто вака со гриз само јас додадов и малку оревчиња многу беше вкусна.
Јас правам индијска варијанта наречена халава: - 250 грама гриз се пржат додека да зармумени во 1-2 маргарина(обични оние Кристал или Дијамант) внимателно, да не се изгориш од прскањето и пареата нагло што ќе се крене, постепено се тура - 1 литар жешка вода или млеко (млекото му дава побогат вкус, но со вода рокот на траење е подолг, неколку дена може на собна температура да стои ако е со вода) - во водата се става 1 голема лажица цимет во прав - 100 гр. бел шеќер - По желба може да се додаде цело пакетче сушен рендан кокос или сито мелени лупени но непечени лешници(200-300 грама). - сето тоа се вари додека поголемиот дел од течноста не испари и не забелешиш дека при мешање халавата се одвојува од тенџерето. Во индијската варијанта освен/наместо кокосот, откако ќе се симне од оган, се додаваат 1-2 исецкани банани и 2-3 киви, се промешува и се сервира топло(но не жешка) во форма на поголеми или помали топчиња или полутопки(ги правиш со обична лажица или онаа специјална за сладолед топки).
Црна алва 1кг шекер ½ вода Од целиот шекер се зема 6 лажици се пржи , а од водата половината се става со шекерот за да се стопи.Потоа во друго тенџере се става останатиот шекер и растопениот, и останатата вода и врие дури да се стопи а потоа се става 3 лажици какао и 3 филџани зејтин и се трга од огнот и се става едно по друго 28 лажици брашно и се меша.
Јас ја правам на овој начин (во последно време многу често ) и никогаш не сум направила утка... 1 шолја масло 2 шолји гриз 3 шолји шеќер 4 шолји вода Гризот се пропржува со маслото, во друг сад се вари шеќерот со водата, како за шербет. Се меша гризот со шербетот и се меша да се згусне. По желба се додаваат сечкани ореви, какао итн.
мојата и на мм омилена алва е чоколадна алва 100г млеко 100г масло 1 маргарин 1кило шекер ги ставам шекерот па маслото па млекото и маргаринот во тенгере на огин,се промешува во мегу време додека зоврие и малце ако пена да дојде. во тепсија или тенок калап ставам 1 кило брашно и 3 филџана како-мали филџани или едно пакетче иде тоа.се меша со лажица да се соединат и потоа од тенџерето врело додаваме во брашното со какао-убаво би било тука да едниот меша со лажица а другиот додава од тенџерето. и се меша убаво убаво да се соедини и потоа се остава околу сат два да се здрви,па се сече на коцки и мммммммммм преубаво е пробајте нема да зажалите
1 чаша зејтин 2 чаши гриз 4 чаши шеќер 8 чаши вода Прво се става шербетот да се вари, водата и шеќерот. Кога ќе почне да врие почнете да го пржите гризот со зејтинот. Кога ќе добие светло кафена боја, почнувате да додавате од шербетот. Бидејќи се е многу топло убаво би било да ги заштитите рацете бидејќи кога се додава шербетот се прави пареа, а и почнува да прска. Го пржите се додека не почне да се оделува од тенџерето, цело време мешате. Јас ја правам со дрвена лажица некако најфино ми е. Синоќа правев, па сега дур јадам ми текна да го споделам рецептов. Ние по дома си ја викаме алвата на дедо
Ако може некој да напише рецепт за црна алва. Онаа кога шеќерот се гори. Не ми е јасно кога ги мешаш состојките како треба да се соединуваат. Колку треба да се мешаат. Брашното дали претходно се пече? Дали од кога ќе се соединат состојките треба да се вари? . Јас правев и не ми испадна успешно.
Ние ја правиме со пченкарно брашно 3 шољи пченкарно брашно и 1 шоља масло се ставаат заедно на оган и постојано се мешаат додека не добие потемна кафеава боја,внимаваме да не загори. Во друго тенџере ставаме 3 шољи шеќер и 3 шољи вода да зовриат,па додаваме 1 кесичка ванилин шеќер Шербетот го додаваме во тенџерето со брашно додека не се "собере" алвата,па додаваме ореви и суво грозје. Навистина е превкусна