Допелгангер

Discussion in '„Другата“ наука' started by Sparks, Jan 19, 2011.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    3,194
    Допелгангер или попросто двојник е личност која физички изгледа исто како и ние, но психички е сосема спротивното од нас. Да речеме како близнак кој ги нема нашите доблести, но ги поседува нашите маани.

    Многу верувања, митови, проучувања налагаат дека некаде во светот, или ако не во овој свет во некој друг универзум има личност која што е огледало на нас, но со сосема други сфаќања и навики. Еве да речеме ако јас сакам бела боја, лута храна, куче како милениче и така натаму, мојот допелгангер ќе го мрази сето тоа, односно ќе мрази бела боја, лута храна итн.

    Друго верување за допелгангерот е дека тој всушност е нашето алтер его, односно дека претставува половината од нас која никој не ја гледа. Како на пример ние нашето лице го претставуваме на светот на еден начин, но нашето вистинско лице го откриваме дома кога сме сами и кога никој не не гледа. Исто постои верување дека лошите одлуки во нас ги донесува баш тој допелгангер. Полесно би можело да се објасни со следнава слика:
    [​IMG]

    Дека во секој човек постојат две спротивни страни.

    Допелгангерот многу полесно можеме да го замислеме ако го погледнеме "Црниот Лебед", кој го опиша допелгангерот на одличен начин. Главната хероина Нина беше добар и нежен лебед, но лошиот дел во неа, црниот лебед беше и тоа како присутен во нејзиниот живот. Ако добрата Нина беше девица, со секое испланирано и точно движење на телото, со регулирана исхрана целиот живот, црниот лебед во неа потајно посакуваше секс со девојка, сакаше да го опушти своето тело и да ја почувствува музиката и сакаше да јаде хамбургер.

    [​IMG]

    Што мисите, постои ли таа друга половина од вас некаде во светот, или според другите верувања, лично во вас?
     

    Attached Files:

    Sara123, blonde.92 and dancing.queen like this.
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Joined:
    Apr 7, 2010
    Messages:
    2,644
    Likes Received:
    9,954
    Да, мислам дека постои во мене, многу пати сум се фатила во ситуација како да си го препознавам само физичкиот изглед, а како да е некој друг во мене. Не верувам дека постои некој, некаде, со ист изглед како мене, злобна двојничка или добра двојничка. Мислам дека сите имаме светла и темна страна и цврто се држам до јинг и јанг, дека во секое добро има и лошо и обратно...
     
    kankus likes this.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,193
    Gender:
    Female
    Интересна тема,меѓутоа се работи за две нешта,двојник и его.Двојници наши постојат во светот,додека егото е тоа во нас кое може да биде позитивно и негативно,затоа што и двете нешта - добро и лошо,опстојуваат во човекот,според знакот Јинг и Јанг,во доброто има зло,во злото има добро,токму затоа во црното поле од знакот има бела точка,а во белото поле има црна точка ;) се е поврзано за карактерните особини на човекот,без разлика на поделбата,мислам на двојник итн.
     
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    3,194
    ^ Да, теоријата на Јинг Јанг го кажува сето тоа, дека во секој човек има и добро и лошо, но може да покаже и ова што сакам да го кажам јас. Дека црната точка во нашето бело поле, кај двојникот е бела точка. Дека и најмалите ситници се спротивни :) Затоа и овде се зема Јинг Јангот како пример, иако првенствено е наменет да покаже други теории. ;)
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,191
    Likes Received:
    3,858
    Да јас верувам во двојници. Некои мои другарки ми кажувале дека виделе двојници на нивни блиски а лично јас сум ја видела двојничката на мајка ми во Романија, каде што бев преку фолклорниот клуб. Најпрво мислев мајка ми е тоа и си велев а бе кога таа излегла да гледа нешто во град па сега.. додека не ми светна во глава каде сум јас всушност и ја гледам жената а бе лика прилика на мајка ми. На братучедка ми (која беше со мене) и викам гледај ја онаа жена и таа вика а бе што бара мајка ти овде и двете се чудиме како може да постои толкава сличност. Верувам дека секој човек на планетата си има двојник.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,252
    Likes Received:
    67,796
    Gender:
    Female
    Дали допелгангер е прифатено како збор во нашиот речник? Мислам дека насловот треба да биде двојник(doppelganger).
    Прво што помислив беше серијата Како ја сретнав мајка ви :lol: Ова за доброто и лошото во секого ми е малку дискутабилно, инаку за физички двојници, да, верувам.
     
  7. Shery

    Shery Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2010
    Messages:
    2,079
    Likes Received:
    5,143
    Можам многу да издадам за себе ако го кажам своето мислење
    Ама не можам да останам рамнодушна :)
    Допелгангер (или двојник полесно) го има секој во себе, можеби не сака да го прифати ама тој е тука.
    За двојник што се однесува до физичкиот изглед има секој (мојата двојничка некаде се наоѓа во Америка, братучед ме помешал со некоја, но за ова во друга тема), но за допелгангер односно да го има сосема спротивниот карактер од мене, не верувам :^)
    Ова повеќе ми личи на двојникот во себе исто како сликичката горе наведена
    еден круг ама со две страни:
    црна и бела
    една личност која ја покажуваме на светот, а друга која ја криеме
    Можеби некој е добар, мил, фин злато човек, а во својата внатрешност е алчен, лош, злобен
    Мојата бела страна нека ја знае цел свет, не ја кријам, ама затоа црната е само мој дел и само јас знам да се справувам со нејзе ;)
     
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    3,194
    Jас кога читав литература, го сретнав и како допелгангер и како двојник. Мислам дека допелгангер е постручен збор за двојник. Ако сум грешка нека се смени, нема проблем.

    Инаку да, верувам дека ако не во оваа планета, во некоја друга има неСпаркс, која ги прави сите работи кои јас не ги правам, и дека иако ги имаме истите гени, нивната експресија е на сосем спротивен начин од моите.
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    2,261
    Likes Received:
    1,347
    Верувам во оваа теорија , и покрај се би сакала да додадам уште нешто поврзано со двојниците . Имам читано во едно списание за натприродни работи дека секој човек на светот има не само еден ,туку точно седум двојници , со исти црти на лицето, телесна конституција итн. Сепак,не сум многу сигурна дека тие се карактерно спротивни на нас, туку дека сета таа спротивност се крие во нас самите- сакаме една работа поради тоа што општеството или незнам кој ни го наметнал тоа , а ако го побараме вистинскиот одговор на тоа што е она што навистина го сакаме , се обложувам дека нашата потсвест би го рекла она спротивното.
     
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Joined:
    Nov 8, 2010
    Messages:
    577
    Likes Received:
    850
    Физички двојници верувам дека постојат, и тоа не мора да имаме по еден двојник, можеби имаме и повеќе, кој знае :?: А за тоа дека се сосема спротивни на нас, не верувам. Па не може бре да постои човек што не сака чоколадо или сладолед :D Логички, бидејќи јас ги обожавам и двете работи, мојот двојник треба да ги мрази? Нема шанси :D
    А дека има секој лоша страна, има. Сите имаме маани. Само не мора да значи дека е скриена некаде длабоко во нас. Јас си ги покажувам и лошите страни :devil: Искрена сум, знам дека не сум совршена и сум свесна за моите лоши страни. Но сметам дека преовладуваат добрите :) За оваа тема јас се расправам секогаш :) Јас сметам дека во секој човек има барем малку добро. Ќе рече некој, „А што е со ладнокрвните убијци и злосторници?“ Според мене, кај овие луѓе се работи за психички пореметувања. Тие живеат во извртен свет. Не се ни свесни што сториле. Не може човек кој е нормален да убие ладнокрвно. Сигурно потоа се каат. Не дека ги оправдувам. Напротив, сметам дека треба да се казнат. Она што сакам да го кажам е дека и кај нив проработува совеста, но премногу касно. Значи сепак и во нив има трошка добрина. За пример ќе го дадам романот “Американска трагедија“. Главниот лик, Клајд, ми беше антипатичен од дното на душата, себичен, алчен, сака богатсво а не прави ништо да го заслужи тоа, туку се надева на помошта од чичко му. Кукавица тешка. Но сепак не можам да речам дека во него немаше ниту малку добрина. Сепак постоеше нешто добро во него, но алчноста и желбата за благосостојба го заслепија.
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Joined:
    Jan 16, 2010
    Messages:
    2,284
    Likes Received:
    1,894
    Cупер е темава :clap: Cамо што кога го видов насловов незнаев што значи :$ да се навратам на темава,многу пати сум го помислила истово,прво од филмовите,па после навистина ми се случуваше,имаше случки како некоја другарка ме потсетуваше на тетка ми,исто лице,карактер,само годините беа разлика.уште една случка за која мајка ми мисли дека сум луда :tmi: братучед ми кој е починат 2 год.има еден дечко на јутјуб што прави смешни видеа,ист е како него,смеењето,фацата,тотално се ;( и на мене ми имаат кажано дека сум била како некоја девојче,имавме кај мажот ми функциаа нешто на работа,и доага еден дечко и нонстоп во мене гледа,поглед не трга,и после ми вели се секаваш на мене?и јас ваква :| не те познавам,ми вели изгледаш како едно девојче во еден кафуле,келнерка е :lol: и мажот ми му вели не не нема таа работено на такво место :D кутар човек како се усрами,сите на маса си помислија дека ми се додворува :wasntme:
     
  12. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Joined:
    Dec 22, 2010
    Messages:
    427
    Likes Received:
    157
    Секогаш сум мислела дека има некоја друга како мене,дека ги прави истите нешта што ги правам и јас и дека го помислува истото што го помислувам и јас :lol: Попросто кажано дека има и некој друг свет каде што се наоѓаат нашите двојници :rofl: Знам дека не е точно,ама ете во главата ми се увртело некое такво мислење.
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    1,714
    Likes Received:
    5,092
    Gender:
    Female
    Беше доцна навечер, незнам можеби ви имам раскажано.Мајками сета возбудена ме разбуди од длабок сон , да и дадам објаснување што барам меѓу толпа непознати во друг град.Тврдоглава и гневна ме влечеше до мониторот додека јас поспана матно гледав во него.Видов фотографии од едно девојче,Ева се викаше сајтот изгледаше како еден од оние за запознавање, како нашиве де како Пријатели.Убаво ја видов беше моја слика прилика , језиво дури.Имаше и бенка на долната страна од усните.Следното утро ја пребарав цела историја и не го најдов линкот.Некоја фатаморгана мајка ми не чепка во историјата ниту пак некогаш ја бриши.И добро се сеќавам заедно го изгаснавме компјутерот.Не сум нешто посебно возбудена, само онака и ден денес ми остана во мисла.Сакам барем уште еднаш да ја видам.Верувам во вакви работи.Впрочем делумно е тоа, од фотографиите ми изледаше како да негува речиси потполно ист стил како и јас , ги милува истите активности.Дружба со пријателите на места на кои што и јас би отишла.Не би рекла дека сме контрадикторни во било што.
     
    Sara123 likes this.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,193
    Gender:
    Female
    Имав пишано на темава,но ќе кажам за двојниците,интересно е :D порано тетка ми, ми кажуваше дека кога биле во Грција на одмор, виделе една девојка која многу личела на мене,дури биле изненадени од сличноста,тогаш кога ми кажаа, се зачудив како е можно тоа.Баш сакам да го видам мојот двојник :D
    брее и во Грција сум била :P :rofl: :rofl: иако никогаш немам отидено во Грција,а не ни сакам да отидам таму, којзнае каде ме има и на друго место :rofl: а јас да незнам :D
     
  15. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Joined:
    Apr 11, 2011
    Messages:
    271
    Likes Received:
    148
    Па толку луѓе во светот нормално дека ке имаме двојници...7 милјарди луѓе сме не е малку :!: нормално дека нема сите да се различни..мора да имаме и двојници и верувам во тоа дека има некоја како мене некаде во светот :D а во тоа за доброто и злото во нас најдобар пример е баш филмот Црниот лебед со Натали Портман, најдоброто нешто што го гледав оваа зима и предобар начин да се претстават двете страни на човекот. Ма да сеуште не сум запознала моја друга страна :^)
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    2,261
    Likes Received:
    1,347
    Од аспект на физичка сличност ,скоро сите кои ме познаваат ми имаат речено дека личам на Бритни.
    Сега кој на кого е двојник :)
     
  17. Anely

    Anely Истакнат член

    Joined:
    Apr 1, 2011
    Messages:
    788
    Likes Received:
    225
    Физички изглед секако дека има двојници, но карактерот не верувам дека е ист.
     
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2011
    Messages:
    999
    Likes Received:
    1,962
    Gender:
    Female
    Пред некое време, не се секавам од каде, слушнав информација дека сите сме имале околу 5-6 двојника :^) Баш се зачудив за ова, и не ми се вруваше. Ај да имаш 1 или 2, ама 5-6?!

    Всушност верувам во ова. Верувам дека сите ние си имаме двојник или допелгангер. Во физичкиот изглед верувам дека има сличности, но дека имаат спротивен карактер, незнам :?:

    Значи, на првото верување половично верувам.

    Малку верувам и за второто верување. Ние сме едно на површина, но длабоко во нас друго. :?: :?

    Јас досега ја немам пронајдено мојата двојничка (допелгангер).
    И во план ми е да го гледаm филмот ,,Црниот лебед‘‘ со Натали Портман. Можеби кога ке го изгледам, ке ми се зголемат верувањата за некое од овие две верувања.

    Ах, да и до пред некое време не ми беше јасно што значи овој знак :$ :tmi: :lol:
    [​IMG]
     
  19. psychic

    psychic Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2012
    Messages:
    2,360
    Likes Received:
    1,252
    Gender:
    Female
    Физички двојници верувам дека постојат, и тоа не мора да имаме по еден двојник, можеби имаме и повеќе, кој знае...
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    Веќе два месеци една познаничка ми кажува дека личам премногу на некоја нејзина другарка од другарка.. па нејзина другарка.. :lol: Темава ме потсети на тоа. Можеби е редно да ја запознаам.
    Инаку.. и не верувам баш многу во ова.