Мојот Духовник ми е многу блиску а не е од мојата Парохија. Не мора да ги менуваш затоа се распрашуваш како членот погоре и не гледам ништо погрешно во тоа,еве и во мојот град на прсти си ги знаеме кој се спремни и посветени Духовници. За нивната спремност исто е дискутабилно бидејќи јас имам пријателка на која после извесно време Духовникот и рече те молам побарај си друг моментално не се чуствувам спремен и достоен. Во мојот град има многу Отци но од нив Духовници се само неколку и тоа не е случајно.
"И никого на земјата не викајте го свој Отец, зашто еден е вашиот Отец – Оној, Кој е на небесата; " - Исус Христос, евангелие по Матеј 23:9 (Библијата) Знаел Исус дека еден ден луѓето ќе си измислуваат духовни титули „татко“, па предвреме го кажал тоа. Ама тоа е, грешен и бунтовен народ, се обратно прави од тоа што Исус кажал. Не ја бара Божјата воља која е јасно напишана во Светото Писмо, туку си следи свои преданија. Дури и зборот „папа“ има значење татко.
И јас барам духовен отец,ама не е тоа психолог ,да го бараш кога ќе ти се ќефне или згусти.Тоа треба само за исповед ,и свештеник особено од повисок чин ,протореј има работа и цело време е ангажиран.Лично јас сакам монах,попријатно би ми било ,да одам во манастир на исповед,не се работи за недоверба туку за срам.Ако имам свештеник и одам на литургија редовно ,непријатно ќе ми биде често да го гледам.
И ја сум за тоа дека има само еден духовен Отец - Бог. Така е запишано во Библијата не е дури ни прашање на став.
Како им се обраќате вие на вашите Отци? Точно е ова што сте го пишале,ама јас стварно не знам како да му се обратам...за волја на вистината не треба ни да ги персираме,ни Исус не го персираме.
На поп при поздрав се бацува рака,јас така правам кога ќе го видиш тој што го знаеш.исто и на мона,.не знам дали правите так ?.Во Бигорски еден монах ми се тргна кога пријдов за поздрав и разбрав дека или е искушеник или пред друг со поголем чин што беше- не ми е добар поздравот.Главвниот монах,ми дозволи ваков поздрав.Имам приметено мажите не одат да бацат рака на свештено лице,ама така треба или е обичај во православие.Ова од дете сум гледала.Како да им е понижување,мене не мие,тоа е почит што ја шират и одржуваат верат,не дека ги ставам пред ИСУС.
Монах ако до него има некој со повисок чин не дава Благослов,ова за мажите не е точно,барем не во моја околина. Епа мораш некако да му се обратиш на Духовникот во порака или слично,како се обраќате? @EvAngelos ?
Духовник е доволно нема потреба од Отец.. Јас никогаш не бакнувам рака на поп, тој завршил факс за тоа и сигурно има повеќе познавања на таа тема и тука е на сите на кој што ни треба помош да ни помогне, а не за да го презирам за тоа што го прави, ако бакнам на него треба и на докторот и на автомеханичар и на сите што ми "помогнале" со нивната професионалност за нешто.... Да се исповедаме треба на Бог, секогаш се исповедаме на Бог, можеш и сам дома да му се исповедаш, не се исповедаме на поп, свештеник или било кој друг, никој друг не може да ни прости освен Бог. Нормално можеш да се исповедаш, а до тебе да имаш и сведок за ако ти е полесно така и мислиш дека ако го кажеш гревот пред некој друг ќе ти помогне навистина повеќе да не го правиш тоа, можеш и пред другар или било кој, ама најдобро е пред духовник од причина што мора тоа да остане таму меѓу тебе, Бог и него.. Исто духовникот не е во ред да го користиш за замена за психолог.. А дали сум се обратил некогаш на поп со Оче не сум сигурен, не сум размислувал за ова Евангелост што го поцентира, сега мислам дека може и навистина не е во ред така да ги нарекуваме, на крај се само грешници како нас, не се нешто повеќе..
Не сум сигурен како секогаш се имам обратено.. Обично не се обраќам никако, не од што сум размислувал на ова, глупо ми било некако..
Па кога ќе речеш " Оче, може ли да ве прашам нешто? " на пример, едноставно е и топло....после полесно иде....
Па ако сакаш да прашаш нешто, дадов пример....а ти кажи си пример зошто сакаш да му се обратиш... А можеш и само , Оче благослови и да му бакнеш рака...ако така чувствуваш....
Не знам, може грешам и јас, до сега не сум размислил за ова. Од сега ми е ова размислување, дека може сепак не во ред да ги нарекуваме Оче. За рака бакнување од секогаш не ми е во ред.. Ќе истражат подетално зошто така ги нарекуваме, па ќе видам дали грешам..
Оче Никола, на пример ( кога му го знаеш името ).....зошто не би било во ред, навистина не разбирам...
Епа кажав на некој му се крши ЕГОТО,посебно на некој што е МАШКИ РОД.Баш не е на место да му се обраќаш на свештеник никако,со ЕЈ ти - да те прашам,ако го гледаш редовно,или првпат????Круната од глва нема да ми падне ако му се обратам со ОЧЕ + име ако знам како се вика.Всушност еден од најголемите гревови е ГОДОСТА,од неа се почнува,ова со обараќање е само мал пример.