1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовна ризница - полезно и потребно

Дискусија во 'Религија' започната од LegallyBlonde13, 6 септември 2017.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Па јас кажав понежен пол во таа смисла. А не на интелектуално ниво. И не дека жени не можат да бидат инженери, научници и ред други работи.
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Епа ако се еднакви, зошто тогаш нема еднаков број и машки и женски научници, инженери и ред други работи?
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    А кој брани да има и повеќе жени научници, инженери итн. Проблем е ако им брани некој, а целосна рамноправност ниту може, ниту треба да има. Имањето на квоти од различен пол (нација и сл.) е добро на почетокот, но тоа не треба да биде до века така.
    Дали би било нормално некоја девојка, на која не и` оди математика и природни науки да биде форсирана да се запише на Природно-математички факултет и да му го земе местото на некое машко кое би било поуспешно во таа област? Дали некоја жена треба да биде на некоја управна позиција само затоа што е жена? Секој треба да си ја зазема позицијата според своите способности, а не според пол (или нација).
    Мажот и жената не се еднакви според својата природа, но треба и мора да имаат исти можности, права и обврски во општеството.
     
    На blonde_supergirl, orevokrsacka и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Тоа што го копирав е од православен портал.
    https://svetarevnost.mk

    Тогаш како е можно да се обрнува внимание на ваков празник за време кога православните христијани треба да го посветат на пост и молитви, да се подготвуваат за Светата Причест. А ваму да одат по кафани и да се частат. Битно да се јаде, да се пие, да се весели, а каква е ползата од сето тоа многу не прашуваат.
    Па тогаш сама себе се прашувам на што нашиот народ размислува кога во текот на постот идат и слават кој знае што. Најголем проблем е што многу такви работаат како работаат, а кога нешто ќе им тргне на лошо тогаш доаѓаат и се обраќаат на свештени лица за совет зошто тоа им се случува. Кога свештениците ќе им кажат за причината тогаш тие се правдаат со тоа како: сите тоа го прават".
    На луѓето им е битно што ќе им каже друштвото, а не им е битно каков одговор од Бог ќе добијат.

    8ми март има и некоја важност за жената, ама сигурно не е толку битен заради него да се гази по Чесниот Пост.
     
    Последна измена: 8 март 2018
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Им бранат работодавците. Барем во државава, на техничките факултети се запишуваат подеднаков број на припадници и од двата пола, додека на работните позиции не се застапени подеднакво.
    Плус, жените земаат околу 15-20% помала плата од мажите на иста позиција.
    Мене барем, ми се има случено да не добијам работно место затоа што "нема шанси женско да може да го работи тоа исто толку добро како машко".
    За такви родови разлики зборам.
    Плус што ме учеле уште од мала (не од моите родители, туку од тотално небитни ликови), дека женско треба да биде докторка, учителка, судијка, а не да работи на терен, да биде астронаут, или геодет на пример.
    Затоа постојат кампањи за подигање на свеста на девојчињата, дека можат да бидат што и да посакаат.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па тие што газат по постот не се ни православни христијани и твоето мислење сигурно ништо нема да им промени во животот. Со овакви дискриминаторски постови само шириш омраза кај вистинските верници.
     
  7. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Која умешност е најретка? - Умешноста да се дава.
    Која умешност е најдобра? - Умешноста да се простува.
    Која умешност е најтешка? - Умешноста да се молчи.
    Која умешност е најважна? - Умешноста да се прашува.
    Која умешност е најпотребна? - Умешноста да се слуша.
    Која навика е најнепријатна? - Суетата.
    Која навика е најштетна? - Разговорливоста.
    Кој човек е најсилен? - Оној кој е способен да ја разбере вистината.
    Кој човек е најслаб? - Оној кој се смета себеси силен.
    Кој човек е најпаметен? - Оној кој го следи срцето свое.
    Која зависност е најопасна? - Зависноста од своето тело.
    Кој човек е најсиромашен? - Оној кој најмногу сака пари.
    Кој човек е најблиску до Бога? - Милостивиот.
    Како да се спроивставиш на проблемите? - Со радоста.
    Како да се спротивставиш на патењата? - Со трпението.
    Кој е знакот на здравата душа? - Верата.
    Кој е знакот на болната душа? - Безнадежноста.
    Кој е знакот на погрешно делување? - Раздразливоста.
    Кој е знакот на добрите постапки? - Мирот во душата.
    Кој човек за животот умира? - Рамнодушниот.
    Кој човек никогаш нема да умре? - Оној кој ги сака другите.

    - монах Симеон Атонски

    Одговорот за овој горд, агресивен и машки свет
    - Затоа, да си го поставиме себеси следново прашање: во што се состои силата и помошта од личноста на Девата - Мајка? Мојот одговор ќе зачуди многумина. Еве го тој одговор: тоа е личност на жена. Првиот Христов дар и првото најдлабоко откривање на Неговото учење и повик дарувано им е на луѓето во Личноста на жена. Зошто таа Личност е толку важна, толку утешителна и толку спасоносна? Затоа што нашиот свет стана докрај и безнадежно машки свет каде царуваат гордоста, агресиновста каде сѐ се сведува на власт и владеење, на производство и орудија за производство, на соперништво и насилство. Тоа е тој свет во кој никој никому не сака да попушти, да се смири, да замолкне и да се втурне во тивката длабочина на животот. А, токму на сето ова спротиставено стои и го разобличува со Своето присуство, Личноста на Дева Марија, Пречистата Мајка, Личност на бескрајно спасение, сила и убавина на смирението. Личност ма љубов и победа на таа љубов. Неа не ѝ е потребно ништо, а добива сѐ, за ништо не се граби, а има сѐ. Во неа го наоѓаме сето она што го нема во овој наш горд и агресивен машки свет (кои и жените во борба за еднаквост го копираат), наоѓаме во Неа: сострадување, сожалување, грижа и доверба. Што говори Дева Марија за себе: Еве ја слугинката Господова. А, ние ја нарекуваме Царица, Војвотка, Владичица, Госпоѓа која ништо не нѐ учи и не ни докажува, а самото Нејзино присуство е самата светлина, самата радост на Нејзиното присуство која ја решава сета наша извештаченост, измислици и проблеми. Христос вели: барајте го најнапред Царството Божјо, а ние само преку Неа, преку Таа Жена, Дева Марија разбираме не само со умот, туку и со срцето повеќе што значи посакување, наоѓање и живеење во Царството Божјо. - о. Шмеман.

    Во љубовта се пронаѓаме потполно, не во еднаквоста
    "...А, светот е жеден за љубов, а не за еднаквост. Ништо, значи ништо, (а ние тоа добро го знаеме) толку не ја убива љубовта и ја заменува со омраза како тоа што го прави еднаквоста која насилно се наметнува во светот како цел и како вредност. А, токму во љубовта и во ништо друго е вкоренета дуалноста на човекот како маж и жена". - о. А. Шмеман
     
    Последна измена од модератор: 8 март 2018
    На LegallyBlonde13 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  8. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Не е точно. Тој што е вистински верник сигурна сум дека ќе разбере што сакам да кажам.
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Presque vu а имаш за нешто твој личен став или едноставно знаеш само да цитираш?

    Тој што е вистински верник сигурно нема да отиде да се пијанчи во кафана, ама исто така и кога му честита некој не би рекол "не ми честитај, богохулење е тоа"
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Во љубовта се пронаѓаме потполно, не во еднаквоста
    "...А, светот е жеден за љубов, а не за еднаквост. Ништо, значи ништо, (а ние тоа добро го знаеме) толку не ја убива љубовта и ја заменува со омраза како тоа што го прави еднаквоста која насилно се наметнува во светот како цел и како вредност. А, токму во љубовта и во ништо друго е вкоренета дуалноста на човекот како маж и жена". - о. А. Шмеман

    Жената е историски изманипулирана од минато вековните моќници индустијалци,.Во тој период поради својата се поголема потреба за повеќе и повеќе профит, индустријалците во тогашните фабрики имале потреба од многу повеќе работни раце....Тогаш со големо лукавство ја извадиле жената од домот. и ја седнале зад машината За жал во тоа им помогнале неколку жени кои исто така биле изманипулирани од мажите,ветуваејки им некаква ,,еднаквост,,. Жените не добија еднаквост! Тие само се самотовараат со огромана одговорност,честопати многу поголема од што може секоја да ја носи. Со тоа таа несвесно му ја намали платата на својот сопруг! Кога идустријата беше заменета со компјутеризација, пак жените беа први кои не им требаа на моќниците. Жените му се потребни на семејството!
    Денес како никогаш до сега. Да размислиме малку повеќе во овој правец. Чест на многу успешни жени,кои се високо образувани и остручени,па заработуваат многу за своето семејство а и знаат да направат компромис и со семејството и со кариерата (тие си знаат колку успешно!?) Но јас зборувам за многу поголемата група. Секоја жена треба да си размисли здраво и јасно,без емоции и замки на сопственото его : Колку навистина и останува од нејзиниот личен доход,кој го внесува во семејството, и потоа да ги израчуна трошоците кои ги прави со нејзиното одсуство од дома. Математиката ќе и го покаже на секоја -решнието. Потребни се големи системски промени,како за вработувањето така и за пензирање. Потребна е свесност!
     
    Последна измена од модератор: 8 март 2018
    На LegallyBlonde13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Каде напишав дека жените треба 8. Март да го слават со чајанки или да го прекршуваат постот? И да оди жена на чајанка, а притоа пости, не прави лошо. Ако е Христијанка не е калуѓерка. Постот е радост, сестро, а не лицемерие. Што ни кажа Христос во светото евангелие на Прочка? Нема да цитирам, бидејќи сте Православна Христијанка, сте биле на светата литургија и ќе се потсетите.
    Кога монасите се монашат даваат три завети:
    1) Апсолутно послушание кон својот игумен и кон својот епископ
    2) Доброволно сиромаштво и непоседување на ништо
    3) Целомудреност
    Сајтот https://svetarevnost.mk , го водат двајца монаси кои јавно го прекршиле првиот монашки завет и се откажаа од послушноста на својот игумен и својот епископ. Така да, немам баш нешто многу доверба во текстовите кои ги објавуваат, посебно оние без потпис или со нивни потпис.
    ПС: Прекршувањето на било кој монашки завет е рамно на духовно самоубиство.
     
    Последна измена: 8 март 2018
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Свесност за немање свои финансии кога мажот потфрли како сопруг? Кој и гарантира на жената безбедност во бракот? Кој и дава слобода да си набавите нешто што и е потребно или нешто што го посакува ако сама не си ги заработила парите? Дали таа треба да се правда и бара од сопругот за секој денар што ќе го потроши?
     
  13. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Епа рачунај дека тоа го пишав за вистинските верници. Тогаш нема потреба да ме цитираш. Како те тера памет така прави.
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Епа јас настапив со став дека празникот не е за пијанчење туку за борба за еднаквост на двата пола. Кај погрешив јас според тебе?
     
  15. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    МЕСТОТО И УЛОГАТА НА
    ПРАВОСЛАВНАТА
    ЖЕНА ХРИСТИЈАНКА
    УЛОГАТА НА ЖЕНАТА ВО СПАСУВАЊЕ НА СВЕТОТ
    Денес светот го водат мажите.
    Жената не треба да се бори да го освојува светот за да го подели со мажот.
    Жената треба да се бори да го освои умот на мажот.
    Умот на мажот се освојува со ЉУБОВ, ИСКРЕНОСТ, ВЕРНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ.
    Така се спасува СВЕТОТ.
    Денес светот се превртува преку глава. Се изместуваат границите на сите зададени нешта што го водеа светот. Но тоа не беа и не се вистинските вредности. Тоа, само ѓаволот доаѓа да си го наплати својот труд. Утеха е нашата вера дека светот почива само и само на вистинските вредности, на зададените и подарените закони на нашиот Создател и Бог наш, заради нас и нашето спасение, заради нашето место во вечноста на овој беконечен универзум.
    Не случајно, зашто се` што е од Бога јасно ни е дека не е случајно, Бог го извлече парчето глина од под левото ребро на Адам, таму каде му лежеше срцето ( а во срцето пребиваше самиот Тој ). Парчето глина, тоа е оној прав што Бог го собра од сите елементи во универзумот и го претопи во глина, односно во маса, на која, откако ја обликува, можеше да и` вдахне и Дух животен. Да не заборавиме, дахна Дух животен на своето создание кое го направи според својот лик.
    На Адам му требаше жена која ќе го грее, која ќе му свети, која ќе се грижи за него, ќе го радува, ќе го потикнува на активен живот, ќе го инспирира на творештво, ќе му ја подарува убавината на бакнежот( на целивот и целината). И конечно Бог ја даде жената, или, идеалната половина на мажот, во името на Неговата слава и љубов.
    Мажот и жената во брачна заедница со потомство најдобро знаат што значи Бог и Неговата сила и слава.
    Жената нема право да се извлекува дека не може да влијае на настаните во светот зашто нејзините права не се доволни испочитувани. Дека, нејзиното влијание е на маргините. Дека, светот на мажите ги опструира нејзините права во општеството и државата.
    Додека жената не ја смири својата суетна потреба да се изедначува и да се поистоветува со правата на мажот или со природата на мажот, нема никогаш да се создадат услови за рамнотежа. Значи за рамнотежа, не за рамноправност. Знаеме кој ѓавол ја натера и сеуште ја залажува жената , таа да излезе од сопствената кожа, од сопствената природа на жена, на идеална љубовна половина...
    Денес, во овој заталкан свет по беспаќе, жената треба да ја одигра пресудната улога за спас. Прво како сопруга, потоа како сестра и како пријателка, да подсети каде и што е животот.
    Како сопруга ако не му овозможи на мажот топлина и привлечност во заедничкиот дом, местото каде тој од сите збудалувања надвор ќе се враќа како во најдобро заштитена тврдина и ако љубовно не го дочекува во својата брачна постела, од мажот нема да остане ништо од божјото создание. Ќе го прекрие превезот на насилството. Не само физичкото насилство, туку што е уште пострашно, и вербалното. Ваквото негово однесување логично од куќниот праг се пренесува и надвор, во тој наш заеднички свет.
    Како пријателка, ако жената не му овозможи искрен и доверлив однос, спремност на прифаќање на некои грешки или подобро, укажување на некои грешки кои можат да доведат до целокупен пропаст , кај мажот ќе се загуби реалниот однос кон светот и ќе се замати вредносниот систем за водење на светот. Тоа е веќе случено и затоа жената пријателка што побрзо треба да си ја сфати оваа улога и што поревносно да почне да си ја остварува како задача.
    Жената останува мајка. Додатаната грижа за потомството стократно ја зголемува важноста жената да почне сериозно да си ја остварува улогата во светот. Не да ја игра како доделена ролја во театар, туку да ја живее во реалноста. Таа го воспитува синот и ќерката, таа влијае на матрицата за одржување на светот.
    Не е наивно да се потенцира ваквата сила на жената. За да биде таа сила во согласност со вистинските вредности примерот почнува со христијанскиот модел на жена. Жената да дејствува преку христовиот пат и начин, преку сопствената жртва, не само во светот, не заради сопствената држава, првенствено заради своето семејство. Семејството е држава во држава. И не треба да се залагаме и жртвуваме за држава без моделот на семејството.
    Единствениот, најсилниот и најсигурниот сојузник останува нашиот Создател и Бог.
    Му благодариме за испраќањето на Неговиот Син и Свети Дух!
    Да и` заблагодариме и на Пречистата и никогаш непорочна наша Мајка Богородица, и да се надеваме дека по нејзините молитви а по милост на нејзиниот Син ќе ни се простат досегашните грешки, за да можеме да продолжиме во исправен свет.
    СВЕТ ШТО ОДИ ПРАВО!
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Пак цитат од рандом ФБ страна :)
    Може твое мислење на моето прашање погоре?
     
  17. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    “Ева во превод значи “живот”. Такво име, кое ја открива суштината на својата носителка, и било дадено на првата жена. Таа во себе ја сочувала замислата на Создателот за намената на сите жени кои имаат заедничка пра-мајка, независно од тоа дали тие се свесни за тоа или не. Таа цел не се однесува толку и само на физичкото продолжување на родот, раѓањето деца, колку до учествувањето во вечноста на самата жена и на оние кои ќе се родат од неа, кои таа заедно со мажот ќе ги воспита за живот во Царството Небесно.

    Таква возвишена намера може да се исполни само тогаш кога самите потенцијални носителки на живот ќе живеат во склад со Божјите заповеди, а не да се борат против нив. “На кого ќе погледнам– говори Господ – на неволниот и на оној со скрушен дух кој трепери од Моите зборови”(Исаја, 66.2). Дали современите Еви секогаш одговараат на овие карактеристики?

    За жал, не. Уште повеќе, денес постојат различни друштвени движења чија работа е насочена кон “рушење до темел” на претставата во сознанието на луѓето за од Бога утврдениот поредок. Во нивните движења спаѓа и феминистичкото движење кое ги повикува жените на еманципација, под која се подразбира ослободување од традиционалниот систем на вредности.

    Семејството е мала Црква. Осмислениот удар на основачите на идејата за феминизмот е насочена кон вредносниот, духовен избор на оние кои се наоѓаат во самиот центар на “домашната Црква”(Рим. 16.4) кон она што е врска помеѓу мажот (главата на семејството) и децата (идните основачи на “малите Цркви”).

    Во Православието е дадена јасна семејна хиерархија: мажот е главата, хранител и заштитник на семејството. Тој, наоѓајки се во послушание кон Бога, има безусловен духовен, морален авторитет. Жената мора да се потчинува на мажот, бидејки е речено: “Жени, потчинувајте се на своите мажи како на Господа, бидејки мажот е глава на жената како што и Христос е глава на Црквата” (Еф.5.22-23). Се очекува дека жената ќе биде грижлива сопруга (“негов помошник”( 1Мој.2.18)), нежна мајка, која заедно со својот сопруг ќе ги воспитува своите деца во склад со Божјите заповеди, и добра и совесна домаќинка. Децата ќе бидат прифатени од страна на родителите како дар Божји и ќе растат во послушание и почит кон постарите. Така мора да биде според замислата на Создателот.

    Но, што нудат современите поборници за еманципација? Тие повикуваат да се стори токму спротивното. Ќе наведеме неколку извадоци од публикациите на убедени припаднички на еманципацијата. Филозофот и културолог од Чешка, Иржина Смејкалова – Стрикланд смета дека зад зборовите “феминизам” се кријат протестите на “женската угнетеност во патријархалната култура”(1,стр.381-382) против која и се нуди борба со сите дофатливи средства. Нејзината американска истомисленичка Барбара Берг во своето дело “Врата на сеќавањето: почетоците на американскиот феминизам” главно внимание посветува на женското стекнување на поголема индивидуална слобода.

    Таа изјавува: “слобода е да се одлучува за својата сопствена судбина, слобода од одредено (детерминирање) на улогата на полот, слобода од мноштвото прифатени ограничувања од страна на општеството, слобода на целосно изразување на своите мисли и нивно реализирање. Феминизмот бара признавање на правата на жените на индивидуална совест и мислење”. И сето повеќепати спомнатото се разбира “како борба против угнетување кон половите особини”(1,стр.245)

    Богоборечката суштина на женската еманципација, според нашето сваќање, се заснова на тоа што гревот како непочитување на Божјите заповеди се возвишува на ниво на добродетел. Пред се, тоа се однесува на гревот на гордоста. Современите Еви повторно тежнеат да станат “како богови, знаејки што е добро, а што е зло”(1Мој,3.5).

    Се менува тенденцијата во духовното формирање на жената. На современата Ева и се нуди изопачен систем на вредности. Наместо да му се потчинува на мажот и да му помага, се нуди горда, самодоволна, егоцентрична еднаквост со него, а всушност често и тежнеење да се командува над него. Наместо раѓање и воспитување на деца, бидејки е кажано дека “жената ќе се спаси преку раѓање на деца”(1Тим.2.15) имаме неодолива желба жените да се бават со лична и професионална себе реализација, при чие внимателно набљудување најчесто добиваме примитивна егоистична желба да живееме за себе. Бидејки раѓањето на деца не е само исполнување на Божјата Заповед: “раѓајте се и множете се, и наполнете ја земјата”(1Мој.1.28), туку и начин на служење на Бога, кој е неодделлив од брачниот живот”(5,стр.110). А што ќе правиме тогаш со Христовата заповед: “Откажи се од себе и земи го својот крст и врви по Мене”(Мт.16.24)?

    Повикот “да се живее за себе”, “пред се да се мисли на себе”, толку широко е распространет од страна на поборниците на еманципацијата, всушност е само “стапица” која води кон “јавна осаменост”, кога присуството на другите луѓе околу човекот субјективно се доживува како пустина. Кога никој друг, освен самиот себеси, во повеќето случаи и не е интересен. Кога главната цел на животот станува постигнувањето на илузорната еднаквост со претставниците на другиот пол. Кога се нуди на сите страни на се што не опкружува да се гледа преку засолништето на сопственото болно самољубие.

    Уште повеќе, борбените претставнички на “поубавата половина на човештвото”, воодушевени од идеите за еманципација, исто така сакаат да бидат среќни во животот. Тие најискрено веруваат дека ако во животот се однесуваат како мажи, ќе го имаат од него сето она што го имаат и “претставниците на посилниот пол” и како додаток на тоа, она што им припаѓа како на жени. Тие очекуваат, а понекогаш буквално кон себе бараат почитувачки и грижлив однос од страна на другите луѓе.

    Покажувајки го на работа и дома машкиот начин на однесување кој во себе содржи такви особини како што се “заповедање”, “одлучност”, “суровост” и др. Тие буквално бараат кон себе однесување како кон претставнички на “послабиот пол”. “Ослободените” жени исто така се настроени кон покажување на љубов и внимание од страна на мажот, но и грижи и полсушанија од страна на децата во сопственото семејство.

    Кога убедените, современи “еманципирани жени”, кои според надворешниот изглед успеале во животот, говорат за себеси, обично се случува да се слушне едно и исто: “Јас имам се”. А потоа се разјаснува дека навистина имаат се, освен среќа.

    И таквиот крај е неизбежен. Среќата на човекот не зависи од надворешните околности, туку од состојбата на душата. “Страстите” и “страдањата” се еднозначни зборови. Хранејќи и негувајќи ги сопствените страсти, човекот од било кој пол со самото тоа ја зголемува и мерата на сопствените страдања: се обезличува, станува по безобразен во онаа мера во која отстапува од она што е замислено од Создателот.

    Архимандритот Рафаил Карелин во книгата: “Во потрага по вистината” ги опишува своите дијалози со стара дворјанка. Во една од наведените беседи, според нашите гледишта, се наоѓа мошне точен лик на феминистка, кој се појавил кај неговата собеседничка уште тогаш, кога еманципацијата во Русија и светот штотуку почнала да се развива. Стекнувајки мудрост преку животното искуство, таа жена токму рекла: “Никогаш не сум била феминистка како некои жени во мојот круг. Феминизмот кај мене предизвикувал чувство на одватност. Во минатото скитските племиња по должината на патот граделе кипови – изделкани човечки фигури од камен: биле составени од труп и глава, но немале раце и лица. Не било можно да се препознае дали е тоа маж или жена; ги нарекувале камени жени”. Јас го замислувам феминизмот како производ на камените жени. Жените сакале да се изедначат со мажите и се менувале во некакви груби, безоблични суштества. Губејки ја женската убавина, тие не добиле машка сила, губејки ја истенченоста и префинетоста на душата, не ја добиле широчината на машкото расудување. Феминистките кои демонстративно ја истакнуваат еднаквоста со мажите така што возат велосипед по улиците со цигара во устата, ми изгледаат како предавнички на женското достоинство, некакви живи карикатури”(2,стр.64-65). Тоа е доволно суров и воедно со тоа мошне точен лик на еманципираните жени, кој е болен за многу негови претставнички, и кој толку е препознатлив денес.

    Но, како воопшто еманципацијата станала можна? Која е духовната прапричина на така широко распространетиот грд, карикатурен женски лик?

    Поаѓајки од ставот на рускиот философ А.И.Илин “животот без светост е вистинска голема несреќа на нашето време… Бидејки нашиот земен живот има своја скриена, повисока смисла. Таа не се наоѓа на површината на секојдневната ситничава суета… Таа од нас бара слободно изјаснување и одлучно давање на предност… ако ние не го исполниме тоа барање… тогаш од нас ќе се лизне повисоката смисла на животот и ќе настапи нејзино незабележително сквернавење. И не поради тоа што таа ќе стане бесмислена сама по себе, туку затоа што ние ќе почнеме да живееме така како таа да е бесмислена”(4,стр.7-8). Таа баналност лишена од светоста може да се прилепува кон сите, да се вкоренува во се, а таму каде што проникнува и се шири, таа дегенерира се – како во самиот човек, така и во животот на цели поколенија”(исто,стр.11). Според нашето сфаќање, сето горенаведено дирекно се однесува и на еманципацијата на жената.

    Мислењето на рускиот философ И.А.Илин во многу нешта соодветствува на истражувањата на психолозите. Анализирајки го ликот на жените во историјата, американскиот истражувач Џ. Хантер дошла до заклучок дека процесот на женската еманципација од времето на раниот антички период дирекно се поврзува со распадот на моралот, со деструктивни социјални последици, рушење на семејството (3,стр.72)

    Бидејки сум психолог, често се консултирав со “ослободени” жени кои со молба ми се обраќаа да им помогнам да решат сериозни семејни проблеми. Некои од нив, кои се навикнале цел живот да се “пробиваат” и “да сметат само на себе”, во личен разговор со болка признаваа: “Па што можам јас тука да сторам. Не умема да сакам. Немам чувство за благодарност. Не знам што е тоа мајчинска љубов. Не можам ништо да им дадам на своите деца и на мажот. Едноставно ми е тешко!”. Страшно и болно! Во домот без љубов и благодарност секогаш се чувствува гробно студенило. А излезот е само еден – Бог да биде пуштен во срцето и во својот дом, да се отпочне живот според Неговите заповеди, а не спротивно на нив.

    Современите поборници за еманципација треба да се замислат над тоа дека животот посветен во борба со Создателот, со она што Тој им го заповедал на своте созданија, повеќе наликува на смрт. Тоа е пат кон самоуништување. Господ говори:”Ете, јас денес ти предложив живот и смрт. Избери живот”(5Moj.30.15).

    Монахиња НИНА КРИГИНА

    Поука

    Излегуваме да ги запознаеме луѓето, а се гледаме само себе си.
    Имаме уши да слушаме, но сакаме само да зборуваме.
    Имаме срце да сакаме, а се обожуваме само самите себе си.
    Имаме раце да милуваме, а го милуваме само своето лице воодешувајќи се на својата убавина.
    Сѐ додека сме затворени во себе не можеме да ги видиме и пронајдеме другите, а ако не ги пронајдеме другите ќе се изгубиме себе си.
    Бог ни дал сѐ за да споделуваме, а не да држиме во себе и да скапуваме заедно со даровите.
    Давај за да добиеш.

    Приказна за гордоста и смирението

    Некој светител имал откровение за тоа како луѓето сакале да влезат во Царството Небесно. Се собрала една толпа луѓе пред вратата на Царството Небесно и им се отворила вратата на луѓето. И Бог им рекол: ,,Дојдете, вие благословени, наследете го Царството Небесно!” И тогаш некој од нив рекол: ,,Господи, јас многу сум ти благодарен, само што мене еден човек ми е многу непријатен, нека го нема во Твоето Царство!” После него се огласил и некој друг човек: ,,Господи, јас не можам ниту да си замислам, дека човекот кој ме малтретираше ќе живее во Твоето Царство,заедно со мене!” И други луѓе почнале да го молат Бога: ,,Господи, ако не земеш во Своето Царство, да не бидат таму оние луѓе кои не ни се допаѓаат!”

    И го слушнале Божјиот глас: ,,Царството Небесно е отворено за сите оние, кои додека живееле на земјата научиле да ги сакаат ближните и да се смируваат! А за останатите, кои не сакале дa се научат нa љубов и смирение, постои друго царство, само тоа се наоѓа малку пониско!” И настапила тишина и се затворила Небесната врата.

    Стариот монах рекол: Размисли, како ќе влезеш во Небесното Царство, ако не се смириш?!

    Почитувани пријатели Господ ни дал две најголеми заповеди, првата е да Го љубиме Бога со сето срце и душа а другата да го љубиме ближниот како себеси. Светите Отци учат да не го мразиме ближниот, туку гревот, доколку еден човек мразиме тогаш сме далеку од Царството Божјо.

    Автор на приказната: Монах Симеон Атонски. Од книгата ,,За она најпростото”

    Да не осудуваме

    Не ги разгледувај постапките на луѓето, не суди, не говори ништо зошто така, зошто е тоа.
    Подобро кажи си: ,,А мене што ме интересира тоа? Нема за нив да одговарам на страшниот Суд Божји". Оддалечувај ја со сите сили мислата од озборување на делата на луѓето, а моли се усрдно на Господа, за Самиот Тој да ти помогне во тоа, бидејќи без Божјата помош ништо добро не можеме да правиме, како што и самиот Господ кажал ,,Без мене не можете да вршите ништо" (Јн.15,5). Од сомничавоста пази се како од оган, бидејќи непријателот на човечкиот род ги лови луѓето во своите мрежи трудејќи се сѐ да прикаже со извртен изглед; белото да го направи црно и црното бело, како што постапил со нашите прародители Адам и Ева во Рајот.

    Свети Амвросиј Оптински
     
    Последна измена од модератор: 8 март 2018
  18. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Тогаш се извинувам ако сум копирала нешто погрешно.
    И уште нешто би додала.

    Нормално дека постот е радост за нас Православните Христијани.
    Но на него треба да се пристапи со воздржание од веселби и слични работи.
    Како може човек да се радува на некој си таму празник на жената и оди на чајанки и си прославува и истовремено да покаже сериозност, покајание, смирение во постот?
    Сепак се работи за големиот строг пост каде нашиот спасител Христос бил предаден и распнат.
    За нас Православните Христијани се знае дека празникот за радување по постот е Воскресението Христово, за кое и претходно постиме.
    Постот им носи радост на оние кои разумно му пристапуваат, додека им штети на оние кои неразумно му пристапуваат.
     
    Последна измена: 8 март 2018
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    8.468
    Ваквите предрасуди не се решаваат со кампањи, туку со правилно воспитување и образование од мали нозе.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Точно, ама и со отпор на негативните кампањи како членката погоре која тврди дека жените не се за да работат, а не сака да одговори што треба да прави финансиски зависна жена кога мажот реши да се однесува со нејзе како да е нешто подолно од животно.
     
    На Nausicaa и Orthophill им се допаѓа ова.