Eдна замерка имам. Во финале да пее вистина, а не истина. Сто пати ја преслушав да не сум можеби грешка, ама не бе, истина пее на одредени места.
^тоа ли е тешко, мислиш нема да се изгради? многу се радувам, многу сум среќна....ајде ни тргна во спортот 4то и 5то место....ајде сега малце и со музикава а сликите и се преубави...
Тогаш се извинувам. Ама дека кога ќе го отворам линкот, пишува 76,826. http://www.youtube.com/watch?v=vpYF_B_mAIw&feature=plcp А кога ќе пребарам, пишува 120,353. http://www.youtube.com/results?sear....0.0.0.0.177.1763.2j12.14.0...0.0.5MXqsiQjt_U Се сфаќам малце, ама нема везе. Битно најгледани сме.
зарем сумјате вие во Грујче и компaнија, они а чујат градење, одма има да разврзат кесето. Има сега колосеум наш да го праиме Само Опи нека поебеди, нов барок има да никне и Калопи ќе се вика, ај барем нема Грциве да се караат со нас дека Опи е нивна Шала на страна, тешко да победеме, не за друго политика е чиста евросонг
тоа дека е политика да, него ако победи грција..од кај ќе најдат пари за да организираат следната година... Spoiler ова на фејсбук го прочитав, не е мое дело
Калиопи прекрасна, се надевам и утре ќе биде одлична како и вчера, и посакувам многу среќа!МАКЕДОНИЈА е горда со тебе! Исто така ми се допаѓа и Норвешка, Тоџи јаааак! Многу ми се свиѓа ритамот и музиката(мислам на почетокот и 2:53).А и дечкото е преубав и презгоден! http://www.youtube.com/watch?v=tfLmKYBayr0
некои велеа дека Калиопи нема добро да не “претстави„ на Евровизија... а ние влеговме во финале и тоа 6-ти по број на гласови! а да имаше и некои феминки што коментираа за Норвешка-почетокот ми се допаѓа на песната!
сите си ги кажавте фаворитите, па ај и јас да си кажам: Македонија, нормално http://www.youtube.com/watch?v=vpYF_B_m ... r_embedded Норвешка http://www.youtube.com/watch?v=fOdRFtwTzb8 Шведска http://www.youtube.com/watch?v=9SCb0nrjVno Турција http://www.youtube.com/watch?v=7PneOwzMz4M Романија http://www.youtube.com/watch?v=tLF6rFJhtRA
јас не сум гласала, затоа што не верувам баш во тоа со гласањето..се тоа е политика онака само си навивам
Aлбанија бугарија Cрбија црна гора босна џрватска словенија овие ќе ни дадат нешто подобро како 7 па нагоре Tурција ќе фрли нешто,можеби и Pоманија Cловенскиве земји нешто разбрале од песната (зборам за оние словачка,русија...) може и од нив нешто
Копкав јас малце низ каналот на ЈуровижнДотТиви и еве што најдов. http://www.youtube.com/watch?v=l9hKcMs-n04 Интересно во секој случај. Иначе, да се надоврзам на муабетот за гласањето, јас годинава гласав. За Шведска од кај мене и за Турција од кај брат ми. Знам, овца сум. Ама дур ги има таквите ко мене, овие батките од Евровизија ќе си ги полнат џебовите.
На Норвшека ми се свиѓа песната. Али 10000000000000% сум сигурна дека е крадена. Значи убаво слушајте го само почетокот на песната, пред да стане ремикс. Од некоја стара песна е, ама не можам да најдам, значи се напнаааав. http://www.youtube.com/watch?v=FNfS8hH4GVM
Инаку денес му е роденден на норвежанецот Сега случајно открив, сакајќи да видам колку години има. Среќен роденден Tooji
Зад кулисите во Баку Бабушките папсаа, па отидоа на инфузија Две од вкупно шесте членки на рускиот состав завршиле на инфузија, додека Швеѓанката Лорин и Албанката Рона Нишлију откриле дека се постојано под седативи. Наводно, двете бабушки по лекарската интервенција се чувствувале добро и немало место за паника. Според шефот на руската делегација слабоста се должела на премор, а по добиениот витамински коктел се чувствувале спремни пред вечерашното финале. Лорин од Шведска, пак, открила дека пие лекови за смирување и дека единствено така може да се концентрира за настапот и без трема да излезе на евровизиската сцена. Инаку, таа своевремено престојувала во клиника за одвикнување од зависности, но за деталите не сакала многу да зборува. Името на Лорин уште се споменува и поради расната омраза - таа негодувала поради црномурестиот танчар кој се појавува со неа на сцената. Се противела на неговиот избор, иако всушност и самата по потекло не е Швеѓанка. Со консумирање лекови за смирување се пофалила и претставничката на Албанија, Рона Нишлију, која земањето седативи го оправдувала со трагедијата која неодамна се случи во нејзината земја, а поради која и немаше директен пренос на првото полуфинале. Нина Бадриќ, пак, постојано бегала од новинарите, и тоа поради скандалот со кражбата на уметнички слики. Наводно една од придружните вокали се обидела да украде слики од хотелот во кој биле сместени, а целата хрватска делегација се обидела да го прикрие скандалот. Ете, не се плашевме за џабе за бабушките ..а за останативе немам коментар Spoiler превземено од вечер