Аман до кога? Најарно е да се откажеме, место за нас нема никаде. Се оди на комшиска база и се едни исти влегуваат. А фина беше песната, за разлика од некои кои влегоа. Малце се претера и со запросување и лигавење, се тоа беше повеќе ко за пред народ и публицитет... ама и тоа не упали.
Не да е политика. Лани го зафркнаа русинот, а најдобар беше. Се сожалија сите на жалопојката од украинката. Веќе не треба да учествуваме на Евровизија. Џабе фрламе пари. Со ваков изменет начин на гласање можеме да се збогуваме од влез во финале. Ужас.
Ако сакаме да успееме наредна година и да влеземе во финале во периодот што следува треба да се анализираат некои работи: 1. Дали беше добра идејата индиректно да се соопшти дека Јана Бурче е трудна, и каков ефект имаше истото !? 2. Дали беше стратешки добро испланирано запросувањето од страна на момакот, или имаше пропуст во тајмингот. 3. Дали запросувањето ако беше изведено пред гласањето, тоа ќе ги привчеше ладните срца на европјаните да гласаат за нас ? 4.Дали запросувањето беше сосема случајно или пак дел од скриено сценарио со цел да се намали болката од разочарувањето на публиката поради тоа што не се пласиравме во еворизиското финале - "Во центар" со Васко Евтов ПозЗ3³ ®
Навистина се надевавте дека ќе влезе FYROM? Мислам време е полека да се вратиме на секојдневниот живот....КОлку и да е тешко....СОберете сила.....Испити чекаат...Јана се омажи барем си го среди животот....Бидете среќни за неа.... #Ја#Дадовме#Свадба#Е#Голема п.с. Леле бе бруки со запросувањето Научени овде ние македонска работа на секој чекор запросуваат, а таму се цивилизирани човеци.......Не можеше да почека за во Охрид или Вевчани да ја запроси, мораше да се ругаат
Па реално, ако гледаме според политика и Швајцарија секако требаше да помине. Барем за нив немаше да ми биде криво, имаа прекрасна песна. Романија ретко кога пратиле утка-песна, но годинава се далеку од добри. Били Ѕвер и Убавицата, Балкан едишн. Не зафркавајте, за никаде се. П.С. И Данска, со песна протестантска ко што вика дечко ми. Млака песна, без никаква енергија.
Хахахаха Да не е ЛГБТ заедницата, згоден маж ретко се гледа по улиците. Плакнеме очи на нив, и после биле лоши
Наредната година со парите наменети за евровизија треба да ги дадат на некое болно дете да се излечи.
Научете ја бугарската евровизиска песна, може да ви треба при вадење на пасош. Да не биде не сум кажалa.
Баш ми е криво. Сепак убаво не претстави Јана. Заслужено ќе беше да влезе во финале едит- колку грди твитови за бременоста на Јана . ( Македонка- ќе отиде на евровизија и ќе ја напумпаат) еден од нив , блјак
Пратете ме мене наредната година, време ми е за мажење Шала на страна, баш ми е жал што не влезе Јана во финале, но и некако очекувано. Не поради песната или настапот или ватевр, таква ни е судбината европска Нека не се нервира момичето, поубави работи ја очекуваат сега
Настапот беше топ. За влегување во финале бев пола - пола, бидејќи секоја година стандарт влегуваат некои глупи песни. На оној со месечинката заспав, дечките што пееја на тоа бротчето ме потсетија на песничкана Ринге, ринге јаја... На детска евровизија не пеат такви песни. Женската со црвениот фустан ми се допаѓаше. Бугарија - врв. Ептен ми е ќеф за детево и искрено се надевам дека ќе победи. Само он ме заинтересита со настапот покрај Јана, другиве гола вода. Ми се допаѓаше и песната на Унгарија чинам беше. Нешто необично и интересно. И така... Сега за некоја година кога за време на гласање ќе даваат инсерти од типот "Љубовта на Евровизија", ќе гледаме некои љубовни песни, бакнежи на сцена и запросувањето на Јана... Навистина ли досега никогаш не се случило запросување на Евровизија? Бар во нешто сме први.
Гледајте позитивно на работите може Бугарија ќе победи па ќе идете на Евровизија Искрено мислев дека ќе влеземе пред да почне полуфиналево,ама после не верував. А заслуживме влез со оглед на тоа што влегоа Романија,Белорусија Па и Норвешка. За Србија не сум изненадена знаев дека нема да влезе,ама за Швајцарија сум,добра песна имаа. За запросувањево се беше само изненадена не,ама ајде Сепак слатки ми се вакви моменти,бар по нешто ќе не памeтат Бугарија,Данска најдобри ми беа од тие што поминаа. И мене ми се допадна Унгарија,нешто поинакво добро е да се види
Барем да тепа детево, ако не друго. Легендарен аутфит. И после 16 години, приметувам дека има и стомачни, комотно може да се учи анатомија од корсетов...
Договорена работа Мишелке. Па ние и на трепки да дубиме, тоа е. Дека заслужуваше Јана финале, заслужуваше.
Абе луѓе, каква голема конкуренција жити сè, оваа полуфинална вечер беше далеку послаба. Само Бугарија и Израел како пакет со енергија и ефекти признавам дека беа подобри, другото сè беше (пот)просечно и Јана најреално беше класа над сите други. И не е воопшто брукање, баш напротив, за првпат толку позитивни коментари и прегледи на Јутјуб има наша песна, еве одма и сега гледам од странци коментари дека им е криво што не влегла. За мене е целокупно најдобар претставник досега, никогаш толку не сум изнаслушала наша песна за Евровизија. До изборот е, политика, лош критериум... не знам како да го наречам Највише не ми се верува за она песнуле од Романија бе јаоооо Тоа е, ај барем некој впечатлив нека победи во сабота, оној Португалецот ако победи ондак стварно многу се оддалечил евровизискиот вкус од мојот
Важно е да се учествува... Како и секоја година. Внимание, следува клише за утеха: 'Не е битно кој ќе победи, и кој ќе изгуби. Сите сме победници, и важно е да се забавуваме. ' Добро, ај сега сериозно... Сме имале и подобри песни. не бев воодушевена. А и нешто ко роботски делуваше многу, некој ефект лош. Ајде в година повеќе среќа.