Мене ми се убави Dreams и Flying to Berlin од нашиве. Оние тралалајкине на Андреа и Лара не проаѓаат на евровизија.
Го чекам Ирама, ама до сега оваа највеќе ми се свиѓа од Санремо. Мислам дека италијаниве нема да го изберат Махмуд, по втор пат да ги претставува на Евровизија.
Не значи ако победи на Санремо, дека по автоматизам ќе оди на Евровизија. Инаку вчера беше најдобар и мислам дека ќе победи. Покрај Mahmood, многу ми се допаднаа и песните на Noemi и Giusy Ferreri.
Во Шпанија драма. Песната што победи на нивниот фестивал - Chanel - SloMo, не беше фаворит од публиката во Шпанија (моментално е голем фаворит меѓу останатите евровизиски фанови) и гласачите не беа задоволни со резултатот, затоа имаше голема драма последните денови. Гласањето таму беше поделено во три категории. 1. Жири (50%), telescopic jury (25%) (одбрано поголемо жири?), и televoting (25%). Песната што победи ги освои следните места: Жири - 1, telescopic - 2, телевотинг - 3. Е сега, друга песна (Tanxugueiras - "Terra") ги освои следните места: Жири - 5, telescopic - 1, телевотинг - 1. Денес се објавија резултатите од телевоутинг, процентуално: Tanxugueiras: 70,75% Rigoberta: 18,08%, (Победникот) Chanel: 3,97% Дали можеби се работи за местенка на жирито и намерно пласирање на фаворитот на петто место од осум, за да не победи? Јас мислам дека е можно, со оглед на тоа што една членка на жирито професионално има работено со победничката. Spoiler: Целосни резултати Инаку, доколку од жирито ги пласираа Tanxugueiras на барем едно место погоре, односно 4 место, тие ќе победеа, додека на овој начин со добивање на 30 поени од жирито, математички не постои можност за нивна победа.. Што мислите вие? Spoiler: Песните
Мене лично не ми се допаѓаат песни во стилот на Terra, ама мислам дека би оставила повеќе впечаток на поголемиот дел од публиката. Избраната песна ми се допаѓа. Шпанија ја поврзувам со љубовна балада, не знам дали со таква песната настапуваат најчесто, мене тоа ми останало во секавање. Па така оваа би било нешто поразлично, сепак мислам дека е не толку оригинално и веќе видено.
Ги ислушав сите три ама мене на Chanel ми се допадна најмногу, иако и неа мислам дека ја правеле по добро позната шема, зошто страшно многу ме потсети на Џенифер Лопез. Не само заради јазикот туку и самата песна, ритамот, кореографијата, движењата, костимите...
Сите што ги прашав кој кандидат им се допадна најмногу и за кого гласале, сите различно ми кажаа Ме изненадија стварно И сите за својот фаворит викаат- па најдобар/најдобра е од сите други Имаше и такви што викаа никој дека не им се допаднал. Ќе видиме вечер
Денес чув дека водителското трио во Торино е Лаура Паусини, која тотално е за мене симбол на италијанската поп музика изминативе 20тина години, Алесандро Кателан (не го знам искрено, ама гледам дека кај италијаниве е доста популарна тв личност и хост) и Мика, кој лик позитивен човече. Одличен, одличен избор, спој каков што одамна ми се чини немало Лаура ќе запее нешто сигурно, едвај чекам да ја слушам! Да не зборам кој полн погодок е Торино, многу, многу подобар избор за ваков настан отколку Рим. Позитивно изненадена од Италијаните, се чини дека се подзамарале стварно, иако не е многу својствено за нив