И песната на Кипар не ми се допаѓа. Такви песни не сакам. Очекувам во сабота да слушнам United Kingdom you have received from the public zero points
Ве молам да не се вреѓаме, кипранкава ќе ја женам, феминска снајка ќе биде. Ех грчки гени шо ти се Без здив останала, текст згрешила… кој слушна ?
Кипар и Бугарија ќе бидат последни. Данска, Норвешка и Малта можеа и да не се случат. Романија, Австралија и Албанија убедливо најдобри вечерва. Од двете полуфиналиња: "Фаворитите" Финска, Данска и Грција се префорсирани и просечни, дали ќе победат не знам ама би било незаслужено. Србија и Хрватска немаат шанси за победа. Топ 6 според мене: Австралија, Полска, Литванија, Албанија, Италија и Романија.
Иако песната на Финска ми се допаѓа, повеќе би сакала да победи Романија. Ама се знае дека Финска ќе биде форсирана од жири. Сигурно ќе има и гласови од телевоутинг. И затоа ќе ја бутнат Романија затоа што ќе спречи победа.
Гледам повеќето сметате дека Финска е исфорсирана. Јас мислам дека е добра, особено ако ја споредам со другите песни. Виолината ми се допадна, мислам дека таа е ѕвездата во песната. Бугарија е супер и таа ми е во фаворитите. Очекував поинаков настап малку на таква песна, не ме воодушевија со тоа. Мислам дека поголемиот дел од настапот требаше да биде на отворена бина со публиката и со визуелни ефекти. Кафената чекална ме уби без разлика што е приказната.. Кипар ме разочара со настапот, ми фалеше малку поподвижна да биде пејачката, особено во деловите кога не пееше. Многу ми личеше несигурно и здрвено, само со рацете играше. Пее нешто „I dance on the table“ и на тој стих зема столче и седнува на него... Австралија ми се допадна исто. Ми се допадна и Романија. Инаку на оваа Евровизија ми се допаднаа холограмските ефекти, мислам дека секоја година се подобри подобри во визуелни ефекти. Не ми се допаднаа во глобала костимите. Доминираат бела, беж, црна, негде со црвено во комбинација, ми нема колоритност. Знам дека е тоа тренд и во модата и се надевам дека побрзо ќе заврши. Сета боја беше зад изведувачите од екранот на сцената, а тие сите неутрални. И во видео записи и филмови ист е трендот, се е како низ филтер, како dull Гледав сцени од стари дизни филмови вчера, се сетив колку работеа на палетите во 90-те. Многу ми недостигаат боите
Сакам да победи Бугарија, Романија или Хрватска иако финската песна ми се допаѓа повеќе од првите две (Романија воопшто и не ми се допаѓа) ама at this point не ми е ни битна песната, туку државата. Навивам за соседите. А БГ и посебно Романија се колку толку хајпани, па зошто да не. Ама сепак мислам дека ќе биде Финска.