Се надевам дека Финска ќе извиси како лани Шведска што извиси а беше прва на сите листи на фаворити. Песната не е ништо посебно, не е ни топ 5 песна. Мидлам дека ќе биде помеѓу Австралија и Романија а навивам за Романија и Хрватска, за Србија не затоа што многу лошо пее тој од Лавина.
Само ако мислат да пратат комплетен пакет, ако мислат како до сега ради реда да праќаат некои Ај кју, Тијана, Васил, Јана и други подобро да не одиме.
Да коментирам за квалификуваните од првото полуфинале. После ќе пишам и за тие од второто. Грција не заслужи влез. Балкан сељо бој вајб. Премногу ферто, ама е неферто. Ужасен настап. Финска ме бендиса. Типот има добар вокал. Настапот едноставен, но и соодветен. Белгија просек. Настапот со мрзелачко мрдање, не иде со насловот на песната. Пејачката ок звучи, ама треба боље да ја шминкаат. Изгледа ко плашило. Шведска супер. Ретко прават утки. Солиден вокал (мада треба малце појше труд), а настапот одличен. Молдавија лока. Не можат да бидат сериозни. Мора све да тераат на забава и да натераат да се размрдаш. Просечно пеење, а настапот одличен. ИзраХел завива. Ниту пее, ниту има настап. Ко кичмата да го боли. Дотолку е за никаде, што мора со ботови да го фалат на ЈТ. Србија со дарк и вонаби Лорди вајб. Вокално слаби, а настапот е нешто веќе видено. Хрватска претставена од вонземјанки што делуваат ко вонаби Синтезис. Сепак имаат солидни вокали и одличен настап. Литванија исто со вонземјански вајб. Просечен вокал и настап. Полска све топ. Одлично звучи и настапот е таман за таму.
И на мене ми се допаѓа песната на Финска. Ќе ми биде мило ако победи. Има и други песни кои заслужуваат победа. Ама се знае дека Финска ќе биде победник. Дали забележавте дека Азербејџан четврта година по ред не влезе во финале? За претставникот на Велика Британија има негативни коментари на интернет. Дури и Британците прогнозираат последно место.
Hе ми се нешто песните годинава. Само сценски настапи има добри. Лани музичкиот дел беше на повисоко ниво, како и целокупната организација во Швајцарија.
Ауу, Бугарија колку се искачила на обложувалниците, баш ми е мило за Дара.Во Бугарија е многу хејтана, конзерви бумерски ја обвинуваат за сатанизам, ѝ ја анализираат песната, срам била за државата. Какви забегани племенски заедници живеат на овие простори.
Ај сега и од второто полуфинале. Бугарија слаба. Бугаркава ништо посебно во пеењето. Настапот ужасен. Типичен татарски сељачизам. Како да побегнале од лудница. Украина со типичен извик. Пејачката убаво пее, ама не изгледа убаво. Ради лошата шминка личи како да е под влијание на нешто нелегално. Настапот досаден. Норвешка оди со Фреди Меркјури од Тиму. Глупав текст со добар вокал е смешно комбо. Настапот е ок. Австралија нешто над просекот. Добро звучи пејачката и настапот е пролазлив. Романија со доста енергичнен настап. Солидно пеење. Малта со успаванка. Уште еден мрзелив настап. Пејачот звучи како да не јадел 3 дена и како да не сака да биде таму. Кипар исто ко Грција со сељо вајб, само грл едишн. Оваа збори, не пее. И во зборењето не е добра, погрешно изговара. Ни добриот настап не ја вади. Албанија не може, а да не драми на Јуровижн. Барем пејачот сега звучи подобро од претходно, а и настапот е моќен. Данска во хај бој тврк издание. Пејачот слабо пее. Настапот не е лош. Чешка/Чехија ме бендиса со настапот. Пејачот звучи доволно добро за ваква мелодија.
Бугарија на 3-то место се качи. Ааа, ќе биде јако ако победат. Мери Попова у Софија ќе шета, штета. У тој случај нема да одиме и наредна година, не им се исплати, ене ја каде е Бугарија, пола СРМ дреме и шета таму за пасоши.
Ни јас не очекувам висок пласман за Србија, ама битно знам каква ќе ми е роденденската торта Уште нокти да најдам