Подобар беше од Руслана. 13 од 16 учесници на изборот во Португалија изјавиле дека ако победат нема да настапат на Евровизија.
Да, навистина потсетува. Мене пак ми е чудно да дозволат да победи песна на која авторите и се од Србија, башка со етно примеси и верски т.е.христијански обележја. Ја утнале манифестацијата, треба нешто транс геј, не проаѓа ова на Евросонг. Џабе кога ќе најдат макар 1 да отиде. Испаднаа кукавици, најавија повлекување па пу пу не важи. Јас нема да гледам иако ќе пратам вака вести онлајн кој ќе оди од соседиве, јасно е дека откако 2 пати не успеаа за малку Израел сега ќе победат.
Хрватите испраќаа убави песни. Последните два избори се Девојките убаво пеат, ама кога ја слушнав песната како да бев на гатање На српскиот избор нема ниту едно познато име. Изгледа познатите немаат веќе желба за Евровизија. Не само Португалија. Финска и Белгија требаше да се повлечат. Ама ништо од бизнисот. Израел ако победи.... од ЕБУ можат да се утепаат
Хрватскава песна е типична балканска песна со страдање и лелеци. Не дека е нешто лоша, ама е преоптоварена некако. My mind од Zevin ми е ептен catchy, ја слушам цело време, страшна штета е што не можеше да ја испее како што треба и имаше толку лош настап.
Нема ме. Следам ПЗЕ. Фаворит од прво полуфинале ми е Зејна. Мислам дека има потенцијал за убав настап на Евровизија, на ПЗЕ има баш лошо кадрирање како и секоја година. Според сликиве што ги објавија изгледа ќе има неколку добри настапи во второ полуфинале, ќе видиме утревечер. Ти следиш? Кој ти е фејв?
Не знаев дека почнал Пзе, ама ќе гледам да го фатам финалето иако нема ниту едно име што го знам. Освен Ивана и оваа Зејна што секоја година настапува како оној Принц од Врање лани што победи. Ја видов Зејна и нешто како обид да биде Лорен ама не остава победнички вајб. Другото многу досадно.
Финалето ќе го гледам, само Зејна ја знаев од првово полуфинале. Да ги видам сите у сабота и ќе одлучам.
Супер ми беа Лавина на ПЗЕ. Фаворити, иако не сум по метал. Плус и онаа шизофреничарка Карлеуша ги критикувала, причина плус да ми се симпа. Песната на Harem Girls ме потсетува на Hurricane.
Ми се чини дека Лавина ќе биде за Србија. Мои фаворити се: Зона - Чаири / Лавина - Крај мене / Зејна - Југославија. Некој од овие 3 би сакал да победи.
Зејна мислам нема веќе големи шанси за победа, уште полоша беше вечерва отколку во полуфиналето. Харем ги исклучувам од опција победа, мислам дека ни во топ 5 нема да се. Мислам дека Лавина ќе е, освен ако жирито ептен не ги уништи.