да си го видам мечето што си го сакам да се вработам да дојде Сабота и Недела-ме интересира што ли подготвиле од Хербалајф, а особено за во Недела во Александар Палас в.и.п. се нема што да си отидам на маникир да си купам виткач за трепки(епа кој ме тераше само што го купив, уште неотворен да и го подарам на другарка ми, ама мислев дека нема да ми треба) па сега ке трошам пари за нов и едвај чекам да си отидам на преглед за очите, чуствувам дека нешто ми се случува со левото око, иако ставам Прокулин капки-за прочистување
Едвај чекам да дојде сабота да фатам авионот, и да си дојдам дома да си ја грабнам Мила да ја изгњавам како секогаш и да ми вика мамо беееее уххх ! Да ги сретнам сите луѓе што си ги сакам, да одиме групно на изложба а потоа негде да си изнакажеме случувања. Плус С доаѓа од Хрватска лелее сабота уххх!
Eдвај чекам да одам во петок на Саемот за да можам конечно да си изнакупувам поголема количина на книгици.
ЕЧ да дојде денот кога ќе се качам на авионче бело крило и ќе полетам кон облаците право во моето Скопје. ЕЧ да го осетам мирисот на утринското кафе што ќе ме расонува во некое од кафулињата на Ленинова заедно со мирисот на расцветаните липи. Е стварно едвај чекам да се вратам домче. Домче си е домче.
Да се врати моето „С“. Да му молчам со устава, да му зборувам со очиве, да му трепкам со трепавичкиве шлакнати со новиот ми римел... Да му го гризнам образот, да му направам модрица на раката, да му го штипнам задникот и да му ја откинам левата СиСка Да му ги разбушавам тоа перчините на главата, да му го изгрицкам увото... и да поспијам кај него.