еве тој само во една епизода глумеше. Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=XHlub_0bvWI&feature=fvwrel
Кога почна серијата ја следев првите 2-3 недели,но претерано ја имаат расплинето приказната и сега веќе ми стана досадна и напорна за гледање. Се нешто се препираат,филозофирања до бескрај,се повторува едно те исто-одмазда на овај одмазда на онај ќе кажам кој сум-не кажувам кој сум,па само се закануваат со пиштоли, ножеви и чуда и на крајот никој не убиваат,се некој во последен момент спасува ситуација како на филм
Филмов ми поткрева нерви, психички ме растројува, таман се порадував дека ќе му каже на Мерт дека му е брат, пак се откажа. Кога ќе дознае Мерт и татко му на Езел дека уствари он е Омер, во брзо време или ќе се оптоварувам до крај ? малку се соживеав повеќе од колку што треба со филмов благодарам
Многу ми се смешни овие од Сител. Даваат 10 саати реклами, за после тоа да ги видиме последните 10 секунди од епизодата
Колку ја сакав серијава кога почна, ама некако сега досадна ми стана. И многу ме напнува, психички ме оптеретува. И подобро и така само една серија гледам сега па доста е.
Spoiler Ке дознаат некаде пред крајот,во втората сезона,Ама прво нема да можат да прифатат дека Омер е жив,дека е Езел,нема да им се верува.И баш кога Мерт ке му поверува,ке го убијат
аааа девојки ја гледав на нет,вцера 71епизода,изгледа бесе послаедна...и не е фер сто ке умрат и двајцата ...сто убаво од поцеток бесе интересно имасе смисла филмот..али на крај онака ке заврсело со смрт не ми се допадна тоа..
Добар беше филмов од почеток, ама веќе ја претераа. Кога ќе треба некој да дознае дека Езел е всушност Омер, се нешто се случува и на крај ништо од работата. И само едно исто во круг се случува.
Е бучкуруш ја направија работава, ништо не разбирам, турлитава ми е у глава. Ај не можат да ја заплеткаат уште малку!!!
Od pocetokot mi bese interesna serijava,sega nekako pocnaa mnogu da ja razvlekuvaat,drz-ne daj se se ubivaat...i nikako da se ubijat, se se odmazduvaat a od odmazda ne gledam ni O! Mnogu ja zatupija,mnogu... Btw umre Tefo?!
И мене тоа малку ме неервира..ама неможе се одеднаш.Треба да трае серијава..ако се дознае ќе треба да заврши.
Дејството се одвива бавно затоа што одмаздата треба да биде на најсреќниот ден од нивните животи. Ако се сеќавате Рамиз што му кажа на Али во возот ,,одговорот е да умреш на најсреќниот ден,на денот кога сонуваш најубави соништа,од личноста на која најмногу и веруваш,, Целта на Езел е да ги натера да му веруваат со животот,со тоа одмаздата ќе биде поуспешна. Малку болно,ама тоа и они му го направија,кога мислеше дека ќе се ожени со Ејшан и дека ќе почне нов живот,и мислеше дека има најдобри пријатели,како браќа,на Али му веруваше најмногу. Ама не оди се баш како што замислил,Бахар му излезел непланирана,нескајки многу ќе ја повреди. За неа ми е најмногу жал Серијава е многу тешка,мене малку и депресивно ми влијаеше,ама се на се многу ми се свиѓаше,поради тоа како беше прикажана борбата на Езел самиот со себе,дали ќе вреди одмаздата по цена на сите невини што ќе бидат повредени
Серијата е катастрофа,во секоја смисла на зборот.Не ми се допаѓа,ама ИЧ. Потсеќа на Долина на Волците,многу се лигуши тој Џенгиз и се се врти околу ЕЗЕЛ-Омер. Премногу е депресивна.И ме нервира гласот на Бахар.(така ли се викаше таа со шишките,црната)?
И мене ми е катастрофа, ужас, ај ни содржината не е интересна, па со тоа синхронизаицјата, мракот, па кога сум видела порано на Алсат, личи на Долина на волците.
Навитина тешка е серијава,некако ме прави да се чувствувам-никако- ама буквално така.МИ се мотаат безброј прашања во главата,зошто, како..ама ете тоа е тоа..Езел сепак е дојден да се одмазди.
супер серија многу ми се допага посебно што секоја епизода е непредвидлива за разлика од другите турски серии и жал ми е што некои сметаат дека е ужас,мислам дека тие не ја добро разбрале или од отпочеток гледале или не се фан на мистерија и затоа не мора ни да се замараат да го гледат