1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емоционалната отвореност на хороскопските знаци

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од crazylady, 4 јули 2011.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Дали вашиот партнер има тешкотија во искажувањето на чувствата или отворено ви го кажува тоа што го мисли? Некои хороскопски знаци е лесно да ги наговорите да ви се отворат, а за други ќе ви биде потребна кристална топка за да ги одгатнете нивните мисли.Раковите и вагите имаат феминистичка природа и тие се секогаш спремни мирно да разговараат со вас и да ги разберат вашите емоции. Тие умеат навистина да се соживеат со вашите чувства и ќе ви го покажат тоа. Грижата и споделувањето емоции е нивна карактеристика.

    Скорпијата обожава интензивни, страствени разговори од срце, па не би било невообичаено таа да го подбуцнува нејзиниот партнер да навлегува подлабоко во искажувањето на емоциите, отколку што тој би сакал. Кога ќе размислите подобро тоа и не е така лоша работа нели? Скорпиите се навистина исклучителни типови на луѓе.

    Гордите и самоуверени лавови немаат никаков проблем во искажувањето на нивните чувства, барем не на почетокот од врската. Лавот попрво би зборувал за она што тој го мисли и чувствува, отколку да се обидува да сфати кои работи е неопходно да се споделуваат помеѓу партнерите во врската. За да го задржите фокусот на лавот кон љубовната врска која ја имате со него, потребно е да го храните неговото его и да му дозволите да биде во центарот на вниманието.

    Рибата на почетокот од врската е многу нежна, заводлива и поетична во изразувањето на нејзините чувства. Но со текот на времето, таа може да стане нејасна и двосмислена за партнерот, а тоа се случува секогаш кога е принудена да донесе некаква одлука. Ако сте во врска со риби, ви препорачуваме да го научите текстот на неколку омилени песни на вашиот партнер и додека разговарате со него, да му ги цитирате оние стихови во кои верувате дека тој најмногу ќе се пронајде во моментот. На тој начин можеби ќе добиете зрак надеж дека сте успеале да допрете до срцето на рибата.

    Девицата, бикот и јарецот не можат сосема да ја разберат поентата на длабоките емотивни моменти, бидејќи по природа се практични и сакаат да уживаат. Но дури и девиците кои се „гладни“ за работа, може да ги наговорите да разговараат со вас доколку успеете да ги доведете до искушение. Дури и да се случи тоа, нема гаранција дека ќе разберете како тие навистина се чувствуваат – особено не биковите.

    Близнаците, стрелците и овните можат да разговараат буквално на секоја можна тема, сè додека не ја допирате нивната чувствителна и ранлива страна. Копнежите и емоциите, овие знаци преферираат да си ги задржат за себе.

    Сигурно не сте започнале љубовна врска со водолија затоа што таа е многу емотивна личност. Баш напротив, водолијата ве привлече со нејзината незаинтересираност, самостојност, љубопитност и бистар ум. Тоа е можеби знак кој е најтешко да го запознаете кога станува збор за емоциите.
     
    На cresa-jagoda, MarchelineAmaru и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    токму така сакам за се и сешто да зборам ама несакам да ги искажувам чувствата и емоциите, а за копнежите да не се кажува од мала научив да ги чувам на скришно место ;) , се што покажувам е едно воодушевување и радост и антипатија кон некого, одма на мене се гледа дека некого не го преферирам.
     
  3. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    за риби е точно ;)
     
  4. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    same...
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    Сигурно не сте започнале љубовна врска со водолија затоа што таа е многу емотивна личност. Баш напротив, водолијата ве привлече со нејзината незаинтересираност, самостојност, љубопитност и бистар ум. Тоа е можеби знак кој е најтешко да го запознаете кога станува збор за емоциите.


    Ај најди НЗС. :rofl:
    Сама, кажувам као „на шала“, а инаку повеќе сакам да докажам. :wasntme:

    пример, зашто немаш дечко?
    -па дека тебе те сакам.

    и сл, глупости. :lol:

    А незаинтересираност, да. Кога некој не ми се допаѓа (во било кој поглед) сум крајно незаинтересирана, па може да кажам неколку иронично/саркастични зборови, па да искрсне и кавга. Блок, делит од моете срце и ум.

    Не ми се допаѓаш море! ]:)
     
    На crazylady и Denna им се допаѓа ова.
  6. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    368
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    Точно е за водолијата, тешко можат луѓето да ме запознаат кога станува збор за емоциите! :)
     
    На Denna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    Со скорпија започнавте а? :lol:
    Да, таква сум, и мразам што сум таква. Гледам што помалку да искажувам љубов. :tmi:
    И да, исклучителни сме. 8)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    Многу точно, токму поради тоа мноите другарки одсекогаш ме сметале за некоја која знае се и сешто, ама е претерано затворена, не се исповеда на никому за нејзините проблеми или нејзините чувства.
     
  9. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.079
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    така ееее :)
     
  10. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    Девицата, бикот и јарецот не можат сосема да ја разберат поентата на длабоките емотивни моменти, бидејќи по природа се практични и сакаат да уживаат. Но дури и девиците кои се „гладни“ за работа, може да ги наговорите да разговараат со вас доколку успеете да ги доведете до искушение. Дури и да се случи тоа, нема гаранција дека ќе разберете како тие навистина се чувствуваат – особено не биковите.
    Toчно. :)
     
    На StefiNikola му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    Близнаците, стрелците и овните можат да разговараат буквално на секоја можна тема, сè додека не ја допирате нивната чувствителна и ранлива страна. Копнежите и емоциите, овие знаци преферираат да си ги задржат за себе.

    ^Токму така.. :)
     
  12. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    Лелеееее даааа точноо е...Се си чувам во себе :( :)
     
  13. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    ВОДОЛИИ :smoke:
    Пацифисти сте, но многу сте жестоки кога луѓето не го споделуваат вашето мислење. Многу лесно го губите трпението и сте непредвидливи.
    Во љубовната врска сте нестабилни, не се приврзувате за партнерот и поради тоа не сте љубоморни. Водолијата е спротивен знак од лавот. Додека лавот се концентрира на личното задоволство, водолијата работи за хуманитарни цели. Поради влијанието на Уран имате силно развиена интуиција, која ви дава поглед кон иднината. Со тоа можете да направите другите да ја гледаат сегашноста на различен начин и сте големи иноватори.
    Оригинални сте, обожавате изненадувања и сакате да ги шокирате луѓето околу вас. Токму во моментот кога другите мислат дека ве разоткриле, вие ја менувате играта. 8) ]:)
    ...Ме интересира за СТРЕЛЕЦ да не знае некој лични карактеристики?
    :*
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    За бикот е точно. Мразам секакви емоционални глупости и патетики, ниту пак сакам да разговарам за чувства.
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци !!!

    Раковите и вагите имаат феминистичка природа и тие се секогаш спремни мирно да разговараат со вас и да ги разберат вашите емоции. Тие умеат навистина да се соживеат со вашите чувства и ќе ви го покажат тоа. Грижата и споделувањето емоции е нивна карактеристика

    за Ракот е вистина :)
     
    На cresa-jagoda и thelittle17 им се допаѓа ова.
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    и за вагата исто така :)
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    ауфф какво искуство имам со нив .. според мене највеќе ми одговараат, духовити секогаш спремни да те насмеат,озбилни кога треба , тешко се заљубуваат но ако засакаат знаат ств. искрено да сакаат, не м исе допаѓа што брзо губат трпение се нервираат за најмала ситница и понекогаш гневот бесот и нервозата го исфрлаат на останатите ни криви ни дужни луѓе.. :)
     
    На Denna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не е точно,џабе се страствени разговори од срце, како подбуцнување на партнерот за да ги искаже чувствата, кога не се поткрепени со дела :D :rofl: така да никогаш не инсистирам на такви разговори :) тоа треба да е спонтано, не намерно поттикнато од една личност :)

    Ќе направев еден реферат, ама толку, да скратам, да не давам :wasntme: :D
     
  19. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Целосно е точно.Девица сум и сите кои ме опкружуваат колку и да се трудат нема шанси да дознаат што навистина чувствувам.Ладнокрвна сум и мразам емотивни испади за ситници.Што да правам кога не сакам да зборувам за емоциите,ги чувам само за себе...Не поднесувам многу романтики и големи емотивци,преферирам реалност и воздржаност.Затоа најмногу си имам муабет со бикови. 8)
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Многу точно. Моите чувства се мои, не ги делам со никого.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.