Јас ич не се сеќавам, мислам од болница ми рекоа на улошка ациди борици да сипувам и така да ја ставам улошката за отокот да ми спадне, се миев со солена вода и не ставав нишо друго некои 10тина дена, одпосле ставав кантарион на улошка и така , ама споро заздравува кај нас што сме многу шиени, сепак треба време.. ајде може сега ќе поминеме полесно
Епа еве да знаеш со виоплекс за 2 дена максимум заздрави се миеш ,тапкаш со пешкир да се исуши прскаш спреј. 3-4 пати денот така. Којзнае колку ќе се влечкам да не беше тој бидејќи ем за бебето од излезе ме сецнаа ем постелка да доисчистат требаше не знам ни јас колку бев шиена...
2 недели после епизиотомија, минативе денови не ме болеше ,само првите 5-6дена, ама еве денес ако седнам ме наболува, и на улошката гледам точка крв баш таму позади кај што ми допира на раната, на огледало гледав не забележувам дека негде е отворена. Се случило вака на некој од вас?
Здраво девојки , породена природно пред 7 месеци се во ред , појдов после 40 дена на ехо супер ама откако се породив цело време на гаќите како водено како лошп да мирисам се осеќам ... само под туш сум.. петок закажав за пап .. Дали има некоја девојка со слично искуство?
После 4 недели Крварењето ми е намалено, ама некој ден се случува да ме затега раната, да имам благи болки при седнување или движење друг ден ко ништо да не било. Ја немав ни погледнато ни допрено раната до пред некој ден, имам како мало топче кожа дали тоа е нормално? Денес ме болеше раната и видов на влошка на таа страна кај раната имаше крв не знам дали од раната или од матката. При бришење немам крв делува океј
Зависи колку си шиена, со првото месец дена ме болеше раната ама бев парче, сега само првите 5 6 дена болка, уште некој ден затегаше и толку. Види ставај бивацин некој ден, има и спреј виоплекс т исто е само спреј, и измивај ја после тоалет
Kade moze da se najde terezian oil vie sto stavavte za pobrgu zarasnivanje na rana, imam eden konec skinato kolku sto gledam sama prskam sprej no ne gledam podobruvanje
Ако ти е пукнато шиеното, оди ќе те средат кај што си се породила. Инаку ќе ти зарасне така. Мене ми пукна и ме шиеја пак.
Јас во повеќе аптеки барав terezian oil , ми рекоа дека во МК го немало веќе 6 месеци. Ми рекоа да го барам во Србија или Бугарија.
Виоплекс спрејот, одмивање со физиолошки прво. На крај откако ќе паднат конци и се, ампула витамин ц да се мачкаш. Ова од др што ме породи ми е. Доле немам точка што би покажало дека сум шиена.