1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еуфорија (HBO)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Brinetka, 7 јули 2019.

  1. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    7.898
    Пол:
    Женски
    Драмската серија "Еуфорија" ни покажува група средношколци, нивните љубови и пријателства во светот кој е полн со секс, дрога, алкохол и социјални мрежи.

    Актерката и пејачка Зендаја ја игра главната улога во серијата, која ќе се емитува секој понеделник во 21 часот на Ејч-би-о, а сите епизоди ќе бидат достапни и на Ејч-би-о гоу.

    – Драмската серија „Еуфорија“ дава нов поглед на наративот за созревањето, истражувајќи го тинејџерскиот свет полн со забава. Серијата ни ја прикажува 17-годишната Ру Бенет (Зендаја), наркоманка излезена од лекување, која се обидува да открие што да прави со својата иднина.
    Покрај Зендаја, во серијата настапуваат и Мод Апатоу, Ангус Клауд, Ерик Дејн, Алекса Деми, Џејкоб Елорди, Барби Ферера, Ника Кинг, Сторм Рид, Хантер Шејфер, Алџи Смит и Сидни Свини.

    Автор на серијата и сценарист на сите епизоди е Сем Левинсон, која е и извршна продуцентка. Меѓу извршните продуценти се и раперот Дрејк, Фјучер да Принс, Рави Нандан, Кевин Турен, Хадас Мозес Лихтенштајн, Рон Лешем, Дафна Левин, Тмира Јардени, Мирит Туви, Јорам Мокади, Гери Ленон и Џим Клевервајс, како и консултантите Скот Тарнер Шофилд и Џереми О. Харис.
    20190707_131139.jpg
     
    На Roksifoksi и tace73 им се допаѓа ова.
  2. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата сезона. Многу реална серија за средношколскиот живот, солидно одглумено. Искрено највеќе ја гледав заради Зендаја, Jackob Elordi ми е омилен а и во серијава беше ептен маче:$ . Посебен впечаток ми остави Alexa Demie, девојкава ми е прееубава.
    Се на се добра серија 8/10.
    Дали знаете дали ке има 2ра сезона??
     
  3. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    7.898
    Пол:
    Женски
    Ќе има и втора сезона, HBO нешо најавиле демек во исто време ќе почнела како и првата мај-јуни беше не памтам точно
     
  4. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    И јас ја изгледав во еден ден иако очекував помалку,сепак ми се допадна ептен првата сезона,едвај чекам втора сезона.