Бесплатни книги (понешто за симнување) има на окно.мк, на балкандаунлоад, и нешто од нашите класици на страницата на Библиотеката Браќа Миладиновци. Окно и Библиотека треба да се препроверат, дали се во функција. Инаку, нашите издавачи имаат дигитални изданија и може да се купат, преку апликацијата книготека.мк. Нешто од аудио книги има достапно на Самоглас, и на сајтот за слабовидни лица (најчесто се книги кои се работат во училиште, ама и тоа е нешто). Македоника исто мислам дека дава прилика онлајн бесплатно да се читаат книги, имаат и македонски автори.
На саемот Петре ти беше по 99 денари, од новите изданија на Литература. Јас ги имам сите, нешто од старите што искачаа во весник пред години, другите си ги купив сега, односно на еден нивен претходен попуст. Исто беше и со Абаџиев, Димитар Солев, претежно авторите меѓу двете светски војни и повоени се наоѓаат за ич пари. Најмалку попуст имаат или нови изданија или ептен извиканите/добро рекламираните. Разгледај и кај оние што продаваат на старо по фејсбук, обично македонски и италијански автори јас си наоѓам за 100-150 денари често, дека не се "популарни".
И јас разлистав низ Книготека.мк. Навистина имало избор. Не бев свесен за ова. Фала! Добри се и другите информации. Сајтот им е небезбеден, баш забележав.
Се разбуричкав низ фолдери, па еве што најдов. Повеќето се скенирани, не се како за на Киндл, но дел од нив се скроз океј и за префрлање на Киндл, веројатно се правилно обработени па лесно се конвертираат. Од Петре М. Андреевски ја имам „Тунел“, но скенирана во ПДФ. Воопшто не е згодна за конвертирање за на Киндл. „Арамиско гнездо“ и „Пустина“ од Абаџиев. „Фрески и гротески“ од Венко. „Големата вода“ од Живко Чинго. Класици: „Ана Каренина“ - прв том, „Големиот Гетсби“, „Фаренхајт 451“ и „Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери. „Галебот Џонатан Ливингстон“ и „Илузии“ од Ричард Бах. „Камерна музика“ и „Портрет на уметникот во младоста“ од Џејмс Џојс. Останато: „Невидливи градови“ од Итало Калвино - таа е издание на Или-Или, супер е за на Киндл. Коелјо - „Шпионка“ и „Крај реката Педра...“. Од Толкин ја имам „Силмарилион“, „Тунел“ од Ернесто Сабато. Сите овие ми се симнати од balkandownloads, ако не се снајдеш пиши слободно. Мене на Македоника не ми е згодно читањето од телефон, компјутер пак чувај боже. Воопшто не ми одговара читање на телефон, таблет, каков било друг екран...екранот на Киндлот ми е незаменлив. Македонските автори немаат ни некои високи цени на книгите, на Саем се начекуваат по супер-поволни цени, па ако не ти е итно почекај. Кај и да е ќе има летни попусти и акции во Или-Или, секое лето имаат по нешто на попуст.
Еве и мој придонес, бидејќи тука сме сите читатели, да предложам извори за читање на не-македонски книги (многубројни јазици), што јас ги користам со години, и што на на други места на форумов сум ги предлагал. Но, нека бидат на едно место. Ова се ажурирани извори, сега функционираат, и релативно лесно се наоѓаат алтернативи/мирори. https://annas-archive.gl/ https://welib.org/ https://libgen.li/ И за тие на кои сакаат да читаат научни статии. (Да може и на Киндл со одредени дотерувања) https://sci-hub.box/ Препорачувам користење на https://calibre-ebook.com/, како софтвер за градење библиотеки, конвертирање на разни формати на текстови (за многу оперативни системи не само Windows) и комуникација меѓу компјутер и Киндл, може да се префрлат од една на друг уред, сакам да кажам. За уште понапредните, препорачувам https://www.zotero.org/.
Има софтвер кој го прилагодува текстот за читање на Киндл, ги менува димнензиите. https://www.willus.com/k2pdfopt/. Но, ова е и вградена опција во Calibre, менаџерот за книги што погоре е спомнат. Инаку, за скенирани текстови има OCR алатки онлајн, кои го претвораат текстот во дигитален формат (и може да се манипулира/едитира), со извесен квалитет на препознавање. Еве за кирилица. https://www.newocr.com/ PRO верзиите на Acrobat Reader имаат вграден OCR, но има и други алатки кои се freeware за WIN OS. За Линукс секако дека има. Затоа прво, предлагам онлајн сервиси. Го препорачувам и BRISS за WIN OS, за порамнување на маргини, или претворање на двостран текст во едностран (страница по страница, наместо да гледаш две страници на ист дигитален лист). Погоден за PDF формат. https://sourceforge.net/projects/briss/. Потоа, може да се конвертираат во EPUB, се разбира, кој е полесен за Киндл. Сите овие сум ги користел. Добро си ја вршат работата.
Јас главно го користам Calibre, и таму сѐ е интегрирано: менаџмент на книги, конвертирање, линкување меѓу уреди. Но, еве супер совет за некој што сака само прилагодување на размерот за Киндл, како што ѝ требаше на членката погоре.
Kindle не е баш најпопуларен кај нашиве издавачки куќи, hence нема некоја поддршка и од писателиве. Т.е. да редефинирам - нашиве издавачки куќи се малку подзаостанати зад ваквиве проекти на дигитализација на нивни издадени книги. Kindle ти е одличен за се' друго што не е издадено кај нас. За класици имаш и посебна страна Project Gutenberg, каде можеш бесплатно да симнеш наслови за кои им истекол copyright license. Кошта пари и време. А повеќето издавачки куќи се со многу лимитиран буџет и работни ресурси.
Дигитализацијата ВЕЌЕ се прави, па тек тогаш се печатат книгите. @Abel погоре покажа дека има сајт со дигитални верзии на книгите. Фала за Гутенберг, вреден да се спомне, да. Дополнително на моите спомнати. п.с. Многу ми се допаѓа твоето име!
Мене ми се најважни Балкандаунлоуд за сѐ што не можам да читам во оригинал, а богами и за тоа што можам. Освен Ананас што го постираше @Vikktorr , и https://z-library.la/ исто успеа да преживее, книгите одбираш во кој формат да ги симнеш, има и стручна литература и белетристика. Веројатно е добро позната меѓу читателите. пс. Дигитализацијата не знам дали е поефтина опција од нови тиражи или реизданија, знам дека има книги на кои им е печатен само еден тираж и потоа е скоро па невозможно да ги најдеш, освен на старо, ама и тоа оди тешко. Особено ми е криво што некои стари изданија и преводи на класици се недостапни. Не знам, може во тие случаи електронски формат би бил решение.
https://z-library.la/ беше многу кратко мртов, ни правеа шашми.https://libgen.li/ ќе го укинуваа зашто го користеле за тренирање ботови, , но https://annas-archive.gl/ е мајката на сите сега. И тешко дека со ваква децентрирана архитектура некогаш ќе умрe, овие платформи се копии на сите агрегирани архиви од книги. Сѐ додека не се комерцијализираат квантни компјутери , веројатно Овде имаш и белетристика и академски книги и статии. Нема балкански, и македонски, како што повеќето луѓе бараат. Така што, balkandоwnload веројатно е најдобар, во таа смисла. Инаку, за дигитализација, веројатно членот погорен @Novecento, беше делумно во право, а и ти,, кога ќе размислам. Јас размислував од гледна точка на нови книги. Од 90-ти натака, кога веќе е стандард дигитално преломена книга. па прво ја имаш електроnската форма, па потоа печатената. Но, за стари книги, класици, е потешко, и треба да се дигитализираат, се согласувам. Всушност, сѐ македонско треба да се дигитализира! И дополнително, како што спомна, да се реиздадат книги кои се барани од читателите. Кога читав низ форумов многу луѓе бараат класици, па и понови кои се исцрпени. Но, знаеме на што сѐ должи оваа политика. п.с. Се сеќаваш на https://avaxhome-mirrors.pw/index.html? Подоцна, за спуштање книги се наплаќаше, но излегоа leech сајтови од кои можеше сепак бесплатно да работиш. Ова е сајтот што најмногу сум го молзел.
Јас Аннас упорно го викам Ананас, не знам зошто, и после се чудам како никој не го знае Инаку zlibrary цело време го блокираат, и така во круг, иако на Аннас може на дното да се избере друг сервер, така да тие се, libgen или zlibrary како алтернативи. Леле и Авакс да јас богами италијански речници, книги за лингвистика и книги за учење јазик "молзам" од vk.com, има и таму доста профили што поставуваат книги, секакви. Среќа го имаме интернетот, книги има, само уште да ме плаќаат да читам и може да се пензионирам
Ананас, ќе го запамтам ова! Добро, Еве, сега има доволно информации за луѓето што сакаат да читаат, и трикови за читање на Киндл. Среќни пензионерски денови!