1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животно осигурување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LaChiquita, 26 ноември 2011.

  1. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Во развиените земји животното осигурување е нешто што речиси секој човек го има, но кај нас тоа сè уште е луксуз за кој малкумина размислуваат. Македонците како да не се доволно заинтересирани да го осигураат својот живот. Во државата, во просек, секој жител годишно одвојува по околу две евра за животно осигурување, додека во земјите од регионот секој просечно одвојува од 10 до 50 евра годишно за ваква полиса.
    Осигурувањето на живот, по дефиниција, е осигурување на лица, преку кумулирање на нивните средства во вид на заштеда, за покритие на некои ризици поради кои може да биде загрозен животот за време на периодот за кој трае осигурувањето.

    Што мислите за животното осигурување?
    Дали е паметно да се инвестира во ваков вид на осигурување?
    Некои искуства од Вас, од Ваши пријатели?
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.184
    Јас веќе година - две размислувам за животно осигурување, и никако да се решам. Денес бев блиску до тоа да се решам, дури утре планирав и да ги пополнам документите, и не знам ни јас сама зошто, почнав да се премислувам.

    Не сум сигурна дека животното осигурување е вистинскиот модел за мене. Вечен хонорарец сум, без стаж, времето тече, а никако да се решам да направам нешто во врска со тоа.

    Трет пензиски фонд мислам дека дефинитивно не е опција.
    Е сега дали да си штедам редовно, да ги ставам во банка и да ги орочувам, па после да направам нешто со парите што би требало да ми донесе приход во иднина (на пример после х години да купам стан кој ќе го издавам, или уште подобро да разработам некој бизнис), или да почнам да уплаќам животно осигурување.

    Најисплатливи се полисите на 25 години. Кога ќе помислам само што се може да се случи со светов за 25 години ужас ме фаќа, којзнае какви ли периоди ќе дојдат до тогаш. Сумите на средствата што ќе се добијат за 25 години сега фино звучат, ама кога ќе се сетам на инфлации, кризи, не знам што... колку ли ќе вредат, и дали ќе ми бркаат работа како замена за пензија - којзнае. Всушност, за парите што планирам да ги вложувам би имала пензија помала од таа што баба ми ја зема сега, ама каква и да е, повеќе е од никаква. Ама не можам да се обврзам на повеќе, работата ми е несигурна, а и не ми се издвојуваат повеќе.

    Од друга страна, ме буни тоа што западниот свет така функционира, па тоа ме тера да претпоставам дека е ок. Ќе се обидам да консултирам некој што се разбира во ова пред да донесам конечна одлука. Ако некој може да помогне со некакв совет - добредојден е :)
     
    На Vindetta и LaChiquita им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас веќе 4-та год. плаќам животно осигурување. Зошто? :) ме убеди пријателка која го работи овој вид на осигурување а таа веќе 10 год плаќа. Се зезам, ми звучеше примамливо а и поголема каматна стапка е од банка која ја нуди.
    За почеток не вложив некоја голема сума па за понатаму ќе видам. Не верувам дека ќе терам 25год али никад се незна, сега за сега имам замислено некои 10 год да терам или бар додека малиот не појде на факултет па ги гледам како некоја сигурна заштеда или пак за недај боже.
    Ова животно осигурување е примамливо затоа што ем штедиш ем имаш животно осигурување а со доплата од 50евра год. имаш и осигурување од повреда. Знам лица кои за една скршена рака - недај Боже повлекле одреден износ на пари.
    Значи имаш двојна добивка а во банка само камата. Од друга страна пак можеш да ги повлечеш кога сакаш и е наследно.
    Колку е сигурно? Што е сигурно на денешницава?!? Плаќаш во евра во денарска противвредност. Денарот е врзан со еврото така да ако паѓаш, паѓаш целосно :)
    Како и да е, не е мала инвестиција и ретко кој може да си дозволи. Овака звучи примамливо (одделување на 50-100ден. дневно на пр.) а знак ? е дали секоја година ќе можеш да си дозволиш уплата иако некоја година можеш и да не уплаќаш ама со тоа го зголемуваш бр. на години за уплата.
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ако планирате животно да се осигурате, тогаш бидете сигурни дека ќе можете сумата да ја поднесете 20 или 30 год. зависи на колку год. сте осигурани...Ако не, како мене, плаќав неколку год. па дојдов малку куса со финансии и решив да се повлечам мислејќи дека ќе ми биде исплатено 80% од вложеното, како што агентот ме убедуваше, а на договорот кој е милион страници има само реченица или две за откажување и повлекување на парите и тие две реченици се толку нејасни и двосмислени, нема никакви проценти и сл... A искрено и јас сум крива, му поверував на агентот, и на крај ми беше исплатено само 30% од уплатеното...Што е ок, тоа не е штедење, јас повеќе си го сфатив така, млада бев, се залетав и така...Инаку е добра работа, но повторно не би се осигурала животно, би одела на штедење...
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    После колку год. ги повлече парите?
     
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    После 3, пред 3 год. не можеше...
     
  7. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Јас преферирам инвестирање во инвестициски фондови. Зошто?
    1, парите вложени во инвестициски фонд се ликвидни и можам да ги извадам во секое време и не само што без загуба туку во зависност од моменталната цена на уделот и со некоја добивка
    2, инфлацијата кај нас на годишно ниво е 5% а со животново осигурување колку што сум запознаена за период од 25год добивката е 3% на годишно ниво (што значи -2%), додека добивката од инвестициските фондови според резултатите од последните години (кои воедно беа и години на светска криза) е од 12 до 16% на годишно ниво
    3, фондовите имаат каматно каматен ефект
    4, единствен вистински ќар од животно осигурување е не дај Боже смрт
    5, полисите во Македонија за животно осигурување се стварно смешни и немаат врска со оние во поразвиените земји
     
  8. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Да се направи полиса за штедење која вклучува и животно осигурување е вистински избор.
    Како прво,си плаќаш годишно,штедиш некои 20 години,и на крај ти доаѓа нешто како пристојна пензија,плус даваат одреден бонус на твоите пари од осигурителната компанија.
    Не дај Боже,за било какви здравствени проблеми,ти исплаќаат одредена сума која зависи во која осигурителна компанија и зависи од договорот може да биде доста пристојна.Тоа е предноста од штедењето во банка.

    Ако во голем дел од земјите во Европа пензионерите тој дел од нивниот живот го нарекуваат одмор,кај нас тоа е пензионерска агонија.Да не знаеш дали за лекови да ги дадеш парите од пензијата,дали за храна и сметки,а како што доаѓа времете ретко и кој ја дочекува.
    Кај нас мислам дека само две компании се занимаваат со осигурување на живот -„Граве“ и „Кроација осигурување“ .
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.184
    Јас направив денес. Се решив за сума која мислам дека би можела да ја поднесам во следните 25 години. На страна од тоа плус штедам, значи не ја давам цела заштеда во осигурувањето.
    Го направив од две причини:
    1. Да имам некаква заштеда или нешто што би можело да се нарече пензија
    2. Го одбрав овој модел во случај нешто да ми се случи, семјството да има некаква финансиска надокнада која би им го олеснила животот.

    Секој модел си има предности и недостатоци, па здравје, не мислам тука да запрам :D
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Ariel, честитки за твоето животно осигурување. Како е сега за сега, од каде зема полиса, на колку години... ако сакаш сподели со нас.
    Еден мој другар пред месец и нешто направи сообраќајка. Имаше бааги повреди, ама еве сега здрав и прав е. Имаше скршеници на ребро и мислам скршен пршлен. Од неговата полиса за животно осигурување зема околу 10 000 евра. Тој плаќа по 500 евра годишно и има полиса на 25 години од Кроација.
    Друг пријател си го пресече прстот, така малце подлабоко, али сега се е во ред. Он зема 300 евра, и мислам дека има полиса во Граве.
    Не знам дали да се одлучам за полиса. :(
    Дали со тоа што стануваш нивен клиент после можеш и ти да правиш полиси? Каков е ќарот од тоа?
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    За да правиш ти полиси треба да извадиш лиценца, а за да ја добиеш треба да идеш на семинари и да платиш околу 6000 денари. После можеш да си наоѓаш клиенти и да им нудиш осигурување, ама заработката е одреден процент.

    Инаку размисувам за некакво штедење и веќе подолго време се мислам дали да се осигурам преку некоја од компанииве за животно осигурување, ама никако да се решам што да правам.
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Јас не сум против животно осигурување ама сум против животно осигурување под условите кои ги нудат компаниите во Скопје. За мене лично веќе кажав дека не би, прво затоа што основната цел е да речеме ако заработувам 80% од домашните приходи па не дај боже нешто ми се деси, да не останат останатите без ништо, а ако има повеќе извори на приход во домот веќе ми станува нелогично. Второ, сите викаат парите ти се ликвидни и можеш да ги извадиш по 3 год- да, можеш ама ги вадиш со загуба, не ги вадиш сите. Трето, концептот е као ем си осигуран ем си штедиш. Колку штедиш? Да речеме 50% од вложените за 20години, а кога ќе се подели тој процент на годините на вложување добивката ќе испадне дупла помала од официјалната годишна инфлација, па и штедењето паѓа во вода.
     
  13. monikaa

    monikaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    26
    Јас ја работам оваа работа и ако нешто подетално ве интересира можете да ми се обратите.

    LaChiquita- Ако сакаш само животно осигурување си правиш полиса на одредена парична сума која што ке можеш да си ја одвоиш да ја плаќаш на годишно ниво или на полугодишно ниво со 2 % камата. Доколку некој сака и да го работи ова прави полиса која што минимално треба да изнесува 400 евра и плус плаќа 4900 ден за основен семинар кој трае 2 дена и служи за обука за тие што сакаат да работат со ова, секако доколку подоцна самите сакаат да си работат или пак не сакаат тоа си е нивен избор.

    MSkorpionka- Незнам преку кого си правела полиса за животно штедење, но во првите 3 години немаш никаква добивка. Овие осигурителни компании парите ги вложуваат во недвижности и тука нема промашување. Сега кога полисата ти стигна дома дали ја сврте на другара страна да видиш колку пари ке земеш доколку го прекинеш договорот во 3,5,10,15,20 или 25та година.

    Jewel- Животното осигурување е облик на инвестирање во иднината, со кое финансиски се заштитуваме себеси и нашето семејство. Тука не е работа ај денес ставам пари а за 3-4 години го раскинувам договорот и сум богат. Ваквиот начин на штеденње всушност ни помага нашите пари наместо да ги расфрлуваме за глупости кои што не ни ги треба да ги заштитиме од самите себе, затоа и ваквите договори се склучуваат од 10-25 години.
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Благодарам за споредбата, имам прашање и би сакала некој да ми одговори. Дали животното осигурување покрива можни здравствени проблеми после породување? што доколку бремена жена се породи со царски рез, какви се шансите да се покрие дел од трошоците за лекување? дали има разлика за породување во приватна или државна болница? Благодарам, :)
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Остај што ги вадиш со загуба, па и камата плаќаш на подигнатите средства, што е рамно на вадење кредит :)
     
  16. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Здраво

    Дали некоја фемиинка може да ме информира колку изнесува ПРИПИШАНАТА ДОБИВКА која осигурителните компании им ја даваат на осигурениците во некоја од претходните години (доколку некоја има информација) бидејќи пребарував на интернет, но не можам да најдам податок :)

    П.С. Знам дека тоа зависи од износот што го плаќа осигуреникот, но сепак доколку некоја можи нека пиши, бидејќи ме интересира :)
     
  17. Sladzana666

    Sladzana666 Нов член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka odlicno stedenje em osiguranje imas so polisata em stedis.
    Pa i ne moras da ja napravis polisata na 25 godini. Mozis i na 10 godini!
     
  18. sim147

    sim147 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Висината на добивката е различна. Таа зависи од економската состојба на пазарот и секоја година е различна. Не можеш да најдеш податоци на интернет затоа што нема. Такви податоци добиваат тие што го работат истото.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Осигурителните компании често нудат свои пакети за осигурување на живот или недвижнини.
    Честопати имам забележено бројот на сообраќајни несреќи во Македонија е во значителен пораст и не само сообраќајните несреќи туку и несреќи во домаќинствата кои ненајдено и поради невнимание се случуваат. Често луѓето остануваат без ништо.
    Како резултат на тоа доколку лицето е осигуран при несреќа му се исплаќаат одредена сума на пари.
    Секоја компанија преку свои прилагодливи пакети нуди можност за осигурување на животот или домаќинствата, а понекогаш може и да се сретне пакет и за деца.

    Јас како идна мајка размислувам за иднината на моите деца и би сакала да се осигурам себе си или пак да започнам осигурување за моите деца.

    Дали вие би се одлучиле за животно осигурување?
    Дали вие би се осигурале или вашиот недвижен имот?
    Зошто не би се осигурале?
    Што мислите за овие можности?
     
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Со мм имаме животно осигурување.
    Т.е се работи за осигурување+штедење, внесуваме рата на секои шест месеци.
    Со тоа ем штедиме, а и при не дај боже болести/повреди би биле исплатени од страна на компанијата.

    Од недвижнини осигурен ни е станот, се работи за некоја банална сум годишно 1200-1500 денари. Заштитени сме од кражби, незгоди, пожари итн.
    За колите врска немам, маж ми знае.

    Јас сум за осигурување, доколку се има можност.
     
    На buba4e89 и okcenzi им се допаѓа ова.