1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрането јаболко (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Dream-Girl, 31 март 2020.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Како не отворил никој тема за мојава омилена серија. :D:D:D
    Ми се виде доста интересна и модерна ко за турска серија па ја загледав.

    Опис на серијата (преземен од канал 5):
    [​IMG]

    Јилдиз и Зејнеп се две сестри кои се многу блиски, но имаат многу различни карактери. Зејнеп е девојка која држи со своите морални вредности, сака да има кариера и вложува многу труд за тоа. Јилдиз е личност што верува дека заслужува повеќе и смета дека среќата во животот се состои во бракот со богат човек, кој ќе ја спаси од нејзиниот живот во кој нема многу пари.

    За да го живее животот за кој сонува, Јилдиз работи во популарно кафуле како келнерка. Верува дека на тој начин полесно ќе запознае некого кој живее онака како што и таа би сакала. Иако е самоуверена во врска со својот изглед, не може да го најде мажот што го бара.

    Секојдневието на Зејнеп и Јилдиз одненадеж се менува кога Ендер се запознава со Јилдиз. Јилдиз ја препознава Ендер Аргун од неделните таблоиди. Таа ѝ завидува на животот што го живее и сонува еден ден да стане кралицата на Истанбул, исто како неа.

    Приказната на Јилдиз започнува кога Ендер доаѓа во кафулето во кое работи Јилдиз. Всушност, животот на Ендер воопшто не е така совршен живот како што мислат луѓето. Таа е многу несреќна во бракот, за којшто сите мислат дека е идеален, но сето тоа е само добра глума.

    Додека Ендер работела како секретарка на Халит Аргун, еден од најуспешните бизнисмени во Турција, го завела со својата убавина, го натерала да се разведе од неговата втора жена и да се ожени со неа.

    Целта на Ендер е да се разведе од Халит без да ја изгуби својата позиција во високото друштво на Истанбул, како и нејзиниот финансиски статус. Со оглед на тоа што знае дека не може да добие многу при разводот, таа планира да го намести со девојка и да го обвини за неверство, што би ѝ обезбедило повисока компензација на суд. Девојката што ја бара е никоја друга освен Јилдиз.

    Ендер ѝ нуди на Јилдиз трипати повисока плата и ја ангажира како келнерка на Халит. Очигледно е дека Јилдиз го привлекува Халит. Тој е познат по вонбрачните врски во текот на сите негови бракови. Лесно потклекнува на шармот на млади и убави жени.

    Кога Јилдиз ќе сфати дека Халит е заинтересиран, напрво сака да ја напушти работата. Иако Халит е доволно богат за да ги задоволи нејзините критериуми, човекот на нејзините сништа не е оженет и стар. Кога ќе ѝ соопшти на Ендер дека сака да даде отказ, Ендер ги отвора картите и ѝ го изложува својот план на Јилдиз. Ако Јилдиз му угодува на Халит и успее да го одведе во хотелска соба, Ендер ќе ѝ даде 100 илјади лири од компензацијата што ќе ја добие со разводот. Јилдиз прво се противи на овој валкан план, но, неколку фактори влијаат да почне да размислува за него: не само што сфаќа дека е преплавена со долгови, туку и нејзиното поранешно момче Мете ја нарекува ѓубре и ја понижува, а во еден миг го среќава со неговата свршеничка во куќата на Халит.

    Во меѓувреме, фирмата во која работи Зејнеп е преземена од страна на Фалкон Авиејшн, дело од холдингот на Халит. Алихан, партнер и извршен директор во фирмата, станува новиот шеф на Зејнеп. Алихан е крајно арогантен, самоуверен, интелигентен, згоден и богат бизнисмен. Иако Алихан и Зејнеп се многу различни, нивните спротивности прават да се привлекуваат. Зејнеп сака да ја задржи дистанцата од Алихан, но постојано се фаќа себеси како секојпат му е сè поблиску.

    Од друга страна, Јилдиз е на прагот да ја донесе најважната одлука во својот живот. Таа не ѝ кажува на Зејнеп за понудата. Веќе знае како би реагирала Зејнеп и сака непречено да ѝ се приближува на целта. Свесна е дека никогаш нема да се повтори ваква можност. Размислувајќи за сугестиите на нејзината блиска пријателка и проблемите со кои се соочува живеејќи во долгови, решава да го сврти предлогот на Ендер во своја корист.

    Јилдиз ќе ѝ рече на Ендер дека ја прифаќа понудата, но всушност ќе се обиде да ја отстрани и да му стане жена на Халит. Во меѓувреме таа се обидува да сфати зошто Ендер сака да се откаже од таквиот гламурозен живот.

    Ендер ја смета Јилдиз за наивна, сиромашна девојка, но ја потценува. Додека Јилдиз се обидува да го освои Халит, Ендер спокојно продолжува со својот луксузен живот. Меѓутоа, токму како што се сомнева Јилдиз, Ендер има една голема тајна која ја крие од сите. Таа има врска со д-р Синан Сајгин. Кога Јилдиз дознава за ова и му го дошепнува на Халит, нештата се усложнуваат и Халит ангажира човек што ќе ја следи.

    По ова, нештата се одвиваат брзо. Кога Халит ќе дознае дека Ендер го изневерува, набрзина се разведува од неа и ја исфрла од домот без скршена пара.

    Ендер ја губи моќта и репутацијата. Пријателите еден по еден ја напуштаат и единствениот кој останува покрај неа е нејзиниот брат Џанер.

    Откако Халит ќе се разведе од Ендер, станува поблизок со Јилдиз. Со оглед на тоа што Јилдиз не планира да има само врска со него, таа игра мудро. Му вели на Халит дека не е возможно да бидат заедно. Халит, којшто првпат доживеал некој да го одбие, почнува да ја идеализира Јилдиз и си поставува цел да ја освои. На крајот, Халит и Јилдиз се венчаваат.

    Кога Ендер гледа дека девојката што ја ангажирала успеала да го убеди Халит повторно да се ожени, сфаќа дека тоа бил планот на Јилдиз уште од самиот почеток.

    Во тој миг почнува да ја кова својата одмазда. Ендер првпат во животот е изиграна и Јилдиз скапо ќе го плати тоа.

    Алихан ми е многу згоден.
    Стилот на глумците ми е исто многу убав. Јилдиз ич не ми одговара со Халид некако. :wasntme:
    Засега интересна ми е.
    Први впечатоци засега овие.

    На турски серијата е Yasak Elma.
    Па ја гледа некој? :)
     
    На sunshinebabe, cookiee2, elimkd и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Queen Leah

    Queen Leah Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Јаас:hai:

    Од вчера :rofl: ама интересна ми се виде и планирам деновиве и првите епизоди да ги изгледам ..

    Кажи ми зошто Алихан а остави Зејнеп :@ кои му се неговите цели и *систем* што несмее да се заљуби тоа му пречело |(
     
    На sunshinebabe и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Веројатно од детство има трауми дека некој од неговите родители имал швалер и не верува на никој, а и не верува во љубов. :@
     
    На Tanjamm, Queen Leah и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам :hai: :D Се зачудив кога видов кој ја отворил темава :lol:

    Алихан и Зејнеп баш ми се допаѓаат како пар. Зејнеп не трча по пари и богатство како сестра и, а налета на богат и згоден маж, а си одговараат и со годините. Баш сакам да и се посреќи на Зејнеп со Алихан, бидејќи се гледа дека е скромна девојка.
    Само нешто Алихан ми е сумљив :^) Ко да не планира ништо сериозно со Зејнеп...

    А онаа сестра и Јилдиз, свесно се затрча по оној старецон |( Лакома за пари и слава. Ќерки му се колку нејзе, ич не ми одговараат ко пар, не се знае што му е, дал ќерка или жена. Па и сега таа колку се лигави Јилдиз аман више цело време превртувам со очи |(

    Имам нешто испуштено од почеток, не сум слушнала ништо за таа првата жена, кај е, зошто ја оставил? Како ли му се пикнала таа втората?
    За третава, Ендер знам секретарка му била, па затоа ја оставил втората... Ама знаеш како викаат кругот се врти, како што поради нејзе ја оставил втората, така и сега ја остави нејзе за друга ;) Ама и таа Ендер глупава, нашла па зашла. Успеала да му се пикне на Халид, уживаше во сето богатство и раскош, што мајка бараше да има швалер :^)
    А и онаа Јилдиз може по некое време ќе ја шутне љубовџијата Халид 8-|
     
    На sunshinebabe, Mrs.Precious и Queen Leah им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    За првата жена уште ништо не спомнаа.
    Секако премногу епизоди има, понатака може ќе ја вметнат и таа.
     
    На Queen Leah и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    I Mene mi e vozbudliv filmot I ima ubavi glumci spletki intrigi da interesen.samo me interesira ovoj ubajot Alihan da ne e broken neshto?
     
    На Osamena devojka и Queen Leah им се допаѓа ова.
  7. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Руби за сиромашни. :D
     
    На LadyC, hermosa, Queen Leah и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.842
    Пол:
    Женски
    И јас го гледам. Многу убава серија е. А најмногу ги сакам Алихан и Зејнеп, но повеќе Алихан. А и Јилдиз е убава. Има убави глумци и затоа го прави филмот да е уште поинтересен. Јас кога ги гледам да се убави и интересни глумците тогаш само гледам турски серии. Инаку, не гледам многу такви серии.
    Инаку, дали приметувате и вие дека Јилдиз премногу се занесува откако се омажи со тој богаташот Халид?
     
    На cresa-jagoda, Queen Leah, teressa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Дали ја има негде со превод серијава? не ми се гледа со синхронизација
     
    На Mantub и Kristi900 им се допаѓа ова.
  10. Kristi900

    Kristi900 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    https://balkanje.com/browse-zabranjena-jabuka-videos-1-date.html
    Го има со српски превод едвај го најдов,многу реклами се појавуваат пред да почне епизодата сепак функционира.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Мене досега со ништо посебно не ме привлекла серијава. Гледам одвреме навреме колку да убивам досада,ако имам време.
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Зејнеп и Алихан ќе прават свадба, ама серијата целосно ќе се промени. Многу нови ликови ќе се појават и некако филмот ќе отиде во друг правец. Мислам дека понатаму Зејнеп и Алихан ќе ги нема во серијата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Што ќе биде со Ендер и Јилдиз?
     
  14. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Ја немам гледано целата, ама мислам дека Јилдиз ќе си биде богата, ама не сум сигурна дека ќе остане со стариот. Ендер ќе си биде богата, и фирмата мислам ќе биде нејзина. Ама многу нови чликови ќе се појават и се некако измешано.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Зошто се појавуваат новите ликови? Што улоги имаат?
     
  16. lola55

    lola55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2018
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Јилдиз и Ендер ќе станат бфф.. После разводот со Халит, Јилдиз ќе стане позната и мислам ќе има своја фирма во која ќе работи и братот на Ендер и Емир(они се многу интересна двојка) Халит ќе стане сиромашен после разводот ќе му пропадне и фирмата, а Ендер ќе биде со својата поранешна љубов Каја(тој е исто така нов лик се појавува при крајот на втората сезона)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Па околу Ендер и Јилдиз ќе бидат.
    За мене некако многу филмот сите на пријателски ќе тераат...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    А зошто ќе се разведат Јилдиз и Халит?
     
  19. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Ендер мислам дека ќе биде во фирмата на Халит, таа ќе ја раководи.
    Мислам дека не го догледав скроз филмот, ама мислам дека таа ќе ја земе фирмата негова.
     
    На Nightwish11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. lola55

    lola55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2018
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Тој ќе ја изневери со Лејла(исто така нов карактер,но брзо ќе ја напушти серијата
    Не туку акции од фирмата ќе има нејзиниот поранешен партнер Каја, а сопственик на фирмата моментално е Шахика, сестра на Каја
     
    На H.VAGA и cresa-jagoda им се допаѓа ова.