1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за заштита на животните

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од zlatapetkova, 10 октомври 2011.

  1. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Редно време е да се донесе и да се заштитат како што треба.И луѓето кои што ги убиваат и ги трујат само затоашто мачката на комшијата му влегувала у двор да се казнат и да се третираат како Убијци,затоа што тоа и се.Еве неколку одредби од Законот па да отвориме дискусија дали сте За или Против.Ќе ставам само некои делови од целиот закон бидејќи е долг.
    ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ
    Глава I ОПШТИ ОДРЕДБИ

    Член 1 . .

    Со овој закон се регулираат нормите за однесување и постапување со
    животните, нивното чување, одгледување и сместување во престојувалишта,
    постапувањето со нив, превенција и казнените одредби, со цел за унапредување на
    заедничкиот живот меѓу луѓето и животните, здравата животна околина и хуманиот однос кон нив.
    Заштитата на животните се обезбедува преку спроведување на мерки за заштита и хуман однос кон:
    - домашните миленици
    - бездомните животни;
    - животни одгледувани за стопански цели;
    - животни во зоолошки градини;
    -диви животни;
    - животни за забава, претстави, филмови, спортски настани;
    -животни кои се користат за експерименти и едукација;
    -диви и култивирани живи единки од групите на рбетни и безрбетни животни.

    Член 2
    Животното еживо суштество кое чувствува болка.
    Човскот е должен со животните да постапува како со свои сожители, да го заштитува нивниот живот и да се грижи за нивниот опстанок.
    Постапувањето спротивно на одредбите од овој член е забрането и казниво.

    ЧленЗ
    Термините употребени во овој закон го имаат следното значење:
    1.Хумано третирање на животните се подразбира правилно третирање на животните со обрнувањс внимание на нивните потреби за нега и заштита;
    2.Мачење на животните е: секоја постапка си која се нанесува непотрсбна болка, страдање и секаков вид тегобна состојба;.
    3.Еутаназијаво смисла на овој Закон е безболен начин на усмртување со успивање на животното кое го определува и извршува ветеринарен лекар .
    4. Преоптоварување на животните - подразбира присилување животното да ја надмине својата физичка сила и своите природни можнести;
    5.3апоставување - одстапување од нормите за одгледување како глад, жед, простор, неодржување хигиена, лекување и сл.;
    6. Правилни услови за живот - обезбедување на животните можности за егзистенција во согласностсо потребите типични за видот, полот, годините и расата;
    7.Бездомни животни - животни без сопственик, кои се изгубиле, побегнале или сопственокот повеќе не се грижи за нив како и животните кои потекнуваат од нив;
    8.Домашни животни - кои се традиција на човекот;
    9.Животни за стопански цели - животни кои се одгледуваат за производство;
    10.Животникоисекористатволабораториите- за научни експерименти (заморчиња);
    11.Експерименти врз животните - се подразбира искористување на животните за научни или еспериментални цели кои можат да го оштетат неговото тело, да предизвикаат болка и страв - исклучок е ставање белези на животните;
    12 .Животни кои се користат за службени и специјални цели :полиција, војска, погранична стража, царина,овчарски кучиња ,кучиња за спасување, за водење на хендикепирани лица (слепи и инвалиди).
    13. Диви животни -животни кои слободно живеат во природната средина, национални паркови , резерватите и ловиштата.
    Убивање на животни
    Член4 ^
    Убивањето на животни е забрането и претставува најтежок облик на нивно мачење, особсно кога тоа се врши со огнострелно и ладно оружје, отрови, дрога или со други средства , освен во случаевите предвидени со овој закон.
    Член5
    Болното или повредено животно кога повредата или болеста е од таква природа кога животот на животното не може да се спаси мора да се еутаназира.
    За еутаназија одлучува и ја врши ветеринарен лекар на начин предвиден со правилата на ветеринарната наука и етика и во случаи предвидени со овој закон.
    Ветеринарниот лекар кој ја изведува еутаназијата мора да констатира смрт на животното пред да нареди одстранување на животното.
    Член 6
    Мачењето на животните и секоја постапка со која се загрозува животот и здравјето на животните е забрането и казниво.
    Мачењето значи дозволување животното да трпи болка и тоа со:
    - задавање болка за време на експеримент;
    - експериментирање спротиво на законски прописи и конвенции;
    - намерно принудување на работа животни кои се болни, ранети и сл.;
    - тепање- животни со тврди и остри предмети по главата, телото и екстремитетите;
    - преоптоварување животни :
    - транспортирање на животни спротивни на пропишаните услови;
    - употреба на нехумани средства, при што животното се наоѓа во неприродна состојбаи со кои му се нанесува непотребна болка, страдање или смрт;
    - хируршки интервенции и било какво поставување на дијагноза и третман врз животните од лица без пропишана стручна подготовка ;
    - намерно плашење и дразнење на животните;
    - нссоодветни услови на живеење:
    - напуштање на животното од сопственикот ;
    - ирименувањс на сурови методи во одгледување и дресирање. на животните;
    - спроведување тестови со хигиенски и козметички средства кои причинуваат болка и го нарушуваат здравјето или можат штетно да влијаат врз здравствена состојба наживотното.

    Члсн 7
    Животно кое е запоставувано или мачено ќе биде одземено од
    сопственикот во прекршочна постапка
    Прекршочната постапка, по предлог на граѓаните ја покренуваат
    друштвата за заштита на животните (Алтернатива инспектори назначени од локалната самоуправа: член 36 т.8 од законот за локална самоуправа ; член 30 -36 од Законот за комунални дејности Сл.в.45/97и член 67-69 одС Гласник на град Скопје бр.б/98)
    Одземеното животно ќе се смести во стационар.
    Трошоци направени во наведените случаи паѓаат на товар на сопственикот,
    градот Скопје и општините.


    Глава II ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ?

    А/ Чување на домашни ииленици
    Член 8
    Секое лице кое чува и одгледува домашен миленик е одговорно за неговото здравје, живот и благосостојба.
    Секое лице одгледувач е должно да се грижи за етиолошките потреби на
    животното, а особено:
    - соодветно смсстување
    -да му дава доволно храна и вода;
    -да му овозможи движење согласно неговите иотреби;
    Члсн 9
    Никој не смее да му нанесе на домашниот милеиик непотребна болка,
    страдање или да го измачува.
    Никој не смее да напушти домашен миленик.
    Члсн10
    Домашните миленици не може да бидат продадени на лице помладо од 16
    год. без согласност од родителите или старателите.
    Член11
    Сопственикот на домашниот миленик е должен да го регистрира,
    вакцинира и ди му обсзбеди ветсринарно-здравствена заштита.
     
    На spellbound и vaga95 им се допаѓа ова.
  2. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Дефинитивно сум ЗА ! Но, и да се донесе незнам колку би се почитувал со овај (не)морал на луѓето :worried:
     
  3. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    ЗА. Ќе се почитува ако има казни, само најпрво треба уличниве кучиња да ги згрижат оти стварно можат да му наштетат на некого. Иначе за луѓето што убиваат животни или слично, за мене се уствари нелуѓе, казна ако треба и затвор, и тоа е живо суштество па!!! Мразам такви луѓе
     
  4. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Нормално дека сум ЗА! Но за жал, сеуште има такви неморални лугје, поточно кажано НЕлугје, како што кажа К.Мари4ка, кои не се свесни дека животните имаат исти права како и нас. Ми се гади од такви лугје! :puke: Незнам како можат да спијат на вечер!!! :fubar: :fubar: :fubar:
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Абе не знам каде да се испукам...На фб имам една глуперда тешка,се испосликала со некој шал,со некој елек кој го шитка за 6 банки,со нагласок чисто крзно е... одвај се воздржувам да не и пишам нешто и да ја отерам у три лепе. На елекот и на шалот има нешта кои висат и наликуваат на зајачки опавчиња! :(
    Би да турам линк до дотичната,со оглед на тоа што има милион пријатели и едно време продаваше убав рачно изработен накит (така уствари и дојде кај мене у пријатели)и сите ја знаат.
    Да ја начекам би и ја исчупала плавата,сламлеста коса со се екстензиите!!!
     
    На Phyramide, Gordana10, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Дефинитиво ЗА !
    Крајно време е ова да се воведе :)
     
  7. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    едвај чекам да се донесе па овие комшииве мои да си го подвијат опашот малце.Ја не знам каков е тој простотлук бе?! Ќе ја отруела мачката на некој само зашто им влегувала у двор??? И притоа велат...да бе тоа е животно ништо не знае што има врска???????ааааааааааа????лелеее да ми паднат у раце тие луѓе кожичката ќе им ја дерам :)
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Па и до сега има не еден закон туку неколку закони за заштита, благосостојба, исхрана на животните.
    Ама гледате некој да го применува?
    Не е проблем донесувањето, реализацијата на законот е проблем.
    До сега и покрај сите овие мерки кои се дел од закониве само опомени се давале на оние кои не го почитувале законов.
    Или се јавуваш да пријавиш малтретирање на животинче а полицијата ти се смее и ти вика е добро де животно е. И како ти да бараш од тие лица кои го обезбедуваат редот и мирот да го почитуваат законов и да реагираат на инцидентите кои ги прават граѓаниве, дури дел од нас биле сведоци на малтретирање на животни токму од тие лица.
    Тука проблемов треба подлабински да се земе не само донесување на нов закон.
    Треба свеста да си ја поправиме најпрво.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Сум За!!
    крајно време е .. казни за насилниците и убијците !!
     
  10. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Крајно време е да се воведе овој закон!
    И ако можеја на секакви глупости да наредат високи казни за ова треба највисока !
     
    На pismo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Smile.Girl

    Smile.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    21
    дефинитивно и јас сум ЗА!!!