Замонашување

Discussion in 'Религија' started by SABAH, Jan 10, 2012.

  1. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    72
    Likes Received:
    50
    добар пост на серафима, ми разјасни многу работи кои до сега беа непознато за мене, иако за себе велам дека сум слабо религиозен, како проаѓа време се помалце и помалце, но со читањето на ова може да се подразмислиш и на момент да ти застане мислата...можеби почнувам да гледам поинаку на сета оваа работа.
     
    Serafima likes this.
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2011
    Messages:
    1,995
    Likes Received:
    2,281
    Gender:
    Female
    Зошто да не?И монасите се луѓе,ништо тука не е страшно.Да ви кажам искрено.
    Да имаш љубов само за бог е најубавото нешто,бидејќи тој никогаш не би не изневерил.Тој е оној кој не чува.Верувам во бога,и знам дека тој стои зад мене и ми простува за сите грешки!
    Но не може секој на биде тоа!За да бидеш треба да имаш љубов само за него.
    А јас го сакам и него , ама си ги сакам и моите родители и мојата љубов :)
     
    Rama and Serafima like this.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Не верувам во можноста да се доближиме до Бога преку монаштвото или друг облик на зачестена изолација. Патот кон Бога оди преку живот според Божјите заповеди а тие секогаш ги вклучуваат и нашите солуѓе, ближните, било да ни се познати или непознати. Исус иако повремено се повлекувал во тишина и не се однесувал во сите работи како световните луѓе, бил постојано меѓу луѓето, а не одвоен од нив.

    Меѓутоа верувам дека Бог им дал слободна волја на сите души и луѓе, па така и твоите пријатели ако сакаат имаат право да одберат таков животен пат.

    Инаку забележливо е дека последнава деценија како да има некоја "monk-generation". Зошто е тоа така, сметам дека може да се објасни преку духовното знаење кое во ова денешно време директно од Исус Христос стигнува низ објави преку една жена од Германија (Габриеле се вика пророчицата). Меѓу другото, тоа духовно знаење ја вклучува реинкарнацијата која пак за жал, повеќето христијански верски заедници па и православните монаси, ја отфрлаат.
    Имено дека секој човек има нематеријална душа, а секоја човечка душа има зад себе најмалце неколку инкарнации односно животи. Во некоја од нив човекот можел меѓу останатото, да се наврзе на некоја догма или верска институција, да речеме монашка заедница на пример. Или дејствувајќи како монахиња предизвикала нешто што не било во ред и поради тоа други можеби страдале. Сега во овој живот, некогаш поставените духовни магнети повторно ја влечат таму и меѓу оние луѓе со кои има нешто недовршено. Меѓу другото, можеби понекој така го прави искуството дека доближувањето до Бога не оди на таков начин, што пак ќе може да го согледа дури по одредено време поминато како монахиња или можеби дури после смртта, оти душата е вечна. Затоа не треба да се осудуваат таквите луѓе, но тоа не значи ниту дека треба да се подржуваат, туку едноставно да им се остави слобода да си го одат патот што си го одбрале.
     
  4. Page

    Page Истакнат член

    Joined:
    Jan 2, 2012
    Messages:
    149
    Likes Received:
    359
    Светиот отец Силуан Атонски напишал: 'Има луѓе кои велат дека монасите треба да му бидат од некаква корист на светот, а не да јаде леб за кој не се потрудил, но ние треба да ја разбереме природата на монашката служба и како тој треба да му помага на светот. Монахот е некој кој се моли за целиот свет, кој плаче за светот и ова е неговата главна задача. Но кој е тој што го наведува да плаче за целиот свет. Тоа е нашиот Господ Исус Христос, кој го вдахновува со таква љубов. Тој му ја дава на монахот благодатта на Светиот Дух и преку неа срцето на монахот омекнува и тагува за луѓето, бидејќи не сите се спасени. И нашиот Бог толку ги сожали луѓето што благоволи да пострада на крст заради нив. И Мајката Божја имаше во срцето слична жал за луѓето и посакуваше сите да се спасат.

    Монасите својата комуникативност ја изразуваат и преку духовните четива за верните, преку своите писма и особено, преку повременото доаѓање во светот од послушание кон Црквата, заради проповеди, вршење исповед и друга пастирска служба.

    Повлекувањето на монахот од светот не значи несоцијалност, исто како што ни световноста не значи комуникативност. Навистина е прекрасно како несветовните монаси се отворени кон сите, како тие го примаат секој човек како икона Божја и свој брат. Навистина, духовно понапредните и облагодатени монаси можат да го успокојат секој човек, па колку и да е тој збунет и вознемирен. Позната е светоотечката изрека: 'Си го успокоил ли братот свој, ти си го успокоил Бога"

    ..................................................................

    Присуствував на самиот чин на замонашување на 11.09.2011 година во Бигорскиот манастир. Сум имала можност искушениците, монасите, јеромонасите да ги запознаам таму, да ја искусам таа благодат што ја носат тие луѓе во себе.И духовникот мој е Светогорски Монах. Ние обичните смртници со тешки соблазнителни гревови врз своите плеќи неможеме да ја разбереме тој дар од Бог да бидеш монах. Јас се исплашив прв пат од самата помисла да цел живот бидам затворена, да се молам и да се посветам на Бог. После одреден период сфатив колку малодушно и гревовно сум размислувала. Да бидат благословени овие живи икони. А нас Бог да ни ги простува гревовите и да не помилува. Амин!!!
     
    Shalitra, Rama, Philippa and 2 others like this.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    2,547
    Likes Received:
    5,522
    Јас им се восхитувам на монасите и монахињите за својот начин на живеење.
    Сум била во манастир и на неколку дена и отприлика знам како им тече денот. Послушанието е на прво место.
    Разговорот со нив ми ја мекнее душата, од друга страна гледам колку сум „нечиста“. Како ангели се.
    Скоро сите се факултети и високо интелегентни, но со тоа не се гордеат и со скромност се одликуваат.

    Една соседка од маалото се замонаши пред 7-8 години можеби и повеќе. Нејзините многу тешко го прифатија тоа. Но таа навистина знаеше како сака да си го живее животот. Две или три години беше искушеничка и со тоа се потврди нејзината силна желба и цврста одлука.
    Се видовме во Рајчица пред 4 месеци. Се изгушкавме, поразговаравме. И побарав број за да ги известам ако одам на преспивање таму. Ми треба таков одмор, навистина.
     
    Rama, A-j-a and angelce1 like this.
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2011
    Messages:
    3,333
    Likes Received:
    15,498
    Искрено и јас им се восхитувам на оние кои се решаваат на овој голем чекор.
    Оние кои размислуваат за ова, верувам т.е мислам дека тоа е како последица од некои големи психички причини кои придонеле персоната така да размислува.

    Со тоа што ќе се одделат од цивилизацијата мислат дека така ќе им се прочисти паметот или дека ќе се оттргнат од мислите што ги мачеле цело време....Или пак некои емотивни непоготи..
    Монашкиот начин на живот е многу чист ама и многу ограничен е. За да се оттргнеш од материјалното и да му се предадеш целосно на Бога, е голема работа.. Затоа и луѓето не така лесно за решаваат за ова.

    Или пак јас сум во грешка и мислам дека заради некои психички и емотивни причини се замонашуваат луѓе, или пак од имаат некој Божји повик кој ги тера на ова... :|
     
  7. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2011
    Messages:
    442
    Likes Received:
    384
    Gender:
    Female
    Сепак тоа е сопствена одлука,нели?
    Им се восхитувам и на монасите и на монахињите.
    Нема поблагодарна работа од нивната.
    Баш пред недела-две затекнав една документарна емисија за монахињите во Македонија, како ги плетат бројаниците и како ги везат капите на поповите,владиките и слично.
    Мислам дека само човек со цврст карактер може да се одлучи на ваков чекор. Под човек со цврст карактер подразбирам некој кој нема да се колеба за одлуката што ја донел т.е кој ќе остане на првобитното мислење- да се замонаши.
    Јас искрено многу сакам да се замонашам,мислам дека тоа е она што треба да го работам во животот.
    Незнам како моите би го поднеле тоа, сеуште не сум им кажала бидејќи се плашам од нивната реакција.
    Ниеден родител не би сакал да биде одделен од своето чедо.
    Но,сепак мислам дека и ќе се радуваат за мене, бидејќи ќе увидат колку мене сето тоа би ми значело.
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Joined:
    Mar 30, 2011
    Messages:
    2,152
    Likes Received:
    5,710
    Gender:
    Female
    Не се ретки случаите и кога се присилени и им е исперен мозокот на некои луге кои се замонашуваат. Јас лично сум против тоа, многу ми е морбидно некако. Инаку често некои се замонашуваат и на сопствена иницијатива поради смртен случан на некој ептен близок на пример. Во мојот град има таков случај, се замонаши еден прилично млад поради смртта на неговата сестра, ептен се шекна и сега е во некој манастир кај Струмица мислам. А познавам и случај со наркомани кои одат во манастир за да се исчистат. :)
     
    SuperGirl24 likes this.
  9. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    1,848
    Likes Received:
    10,776
    Gender:
    Female
    една моја така поблиска роднина е монахиња еве веке 10-тина и поише години...а од пред една год почнав редовно да одам во манастирот така да мн добро сум запознаена со нивниот начин на живот,инаку ја прашав зашо се одлучила за ова ама не сакаше мн да збори туку само ми рече дека ете овој нормалниот живот не бил за неа...убаво е тоа мислам нејзин избор е само шо мајка и уште неможе целосно да и просте
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,468
    Likes Received:
    48,714
    Gender:
    Female
    никогаш не би се замонашила значи никогаш.Разбирам лугето да имаат потреба да веруваат во Бога но тоа можат да го прават и од дома блиску до своите најмили (родители ,деца,роднини,пријатели). За мене замонашувањето е бегање од реалноста и проблемите што ги носи животот и тие луге воопшто не ми се за восхит.За мене тоа се луге кои кои го избираат полесниот пат во животот далеку од проблемите што ги носи секојдневието на човекот.Погоре можев да прочитам мислења дека најчесто се одлучуваат на таков чекор затоа што не можат да се носат со некои емотивни промени (смрт на блиски луге) за да си ги прочистат мислите духовно да си најдат мир и сл. За мене луге за почит се оние што ке успеат сето ова да го напраат во овие услови каде што секојдневно ке бидат искушувани на секаков начин и од секаков вид а сепак ке останат силни да постапуваат на правилен начин и покрај тие искушенија.
    И да , да имам дете кое сака да се замонаши попрво би го заклучила дома и би го врзала со ланец отколку да го пратам во манастир каде што ке живее таков живот.
     
  11. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,958
    Gender:
    Female
    Можам само да кажам прекрасно напишано. Многу малку луѓе знаат сто е всушност замонашувањето и ред други работи поврзани со религијата нажалост . Треба да има се повеќе вакви личности како тебе Serafima да не просветлуват нас кои сакам да го спознаеме и надоградиме со ОНА што е вечно!
     
    Serafima likes this.
  12. Page

    Page Истакнат член

    Joined:
    Jan 2, 2012
    Messages:
    149
    Likes Received:
    359
    ПИСМО: ДО ДЕВОЈКАТА КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛУЧИ ЗА БРАК ИЛИ ЗА МАНАСТИР

    Штом се колебаш, ќерко, треба да знаеш дека повеќе си за брак отколку за манастир. За монашки живот се оние кои не се колебаат.

    Светиот Сава не се колебал, ни света Теодора, ни Ксенија, ни Ефимија и многу други, кои биле вистински уметници на монашкиот живот.
    Затоа ова не можат сите да го примат, туку оние на кои им е дадено.

    Ти кажуваш, како често со својата мајка навечер седите покрај огнот и ги набројувате причините за и против. Но, јас ти велам: колку и да има причини тие нема да пресудат на која страна ќе тргнеш, туку ќе пресуди она што те привлекува.

    Љубовта стои над сите причини. И ако љубовта кон Христа не те одведе во самотната манастирска тишина, тогаш љубовта кон надворешниот свет ќе те задржи и ќе те упати кон брак.
    Но и во вториот случај ти можеш да бидеш благословена со благословот на Сара и на Рахила, па и на твојата мајка.

    Големата љубов кон Бога не го поднесува надворешниот свет, не сака друштво и бара самотија. Таа љубов повикала илјадници души да се тргнат од широкиот светски пат во глувата пустина за да се видат насамо со својот Создател, Кој е целиот љубов и по име и по суштина. Но пред сè за да се удостојат за тоа видение и средба, монасите и монахињите ги примаат и постот и молитвата и понижувањето и бдеењето и сиромаштијата и послушноста и сите останати завети сè со цел да ја достигнат таа духовна средба со својот Создател. На овој тесен пат душата се удостојува за средбата со Господа тогаш кога ќе се ослободи, очисти и украси.

    Од што треба да се ослободи душата на осаменикот? Од сите земни врски и приврзаности. Од што треба да се очисти? Од секоја таканаречена љубов, земна и телесна, од љубовта кон телото, кон ближните, кон своето родно место, имотот, јадењето, накитот итн.

    Со што да се украси душата? Единствено само со љубовта кон Христа, која ги содржи во себе сите останати украси, сите бисери на верата и сите скапоцени камења на останатите добродетели. Испостеното тело на монахот служи како почеток и лесен покривач на оваа бескрајна ризница.

    Така ти пишувам не за да те привлечам кон монашкиот живот, но попрво да те оддалечам од него, затоа што ако со колебливост се оддалечиш од светот, желбата за светот ќе се зголеми во тебе, и се плашам дека ќе те совлада. И ти со телото ќе бидеш во манастирот, а со душата во надворешниот свет.

    Благодари Му на Бога што покрај тесниот монашки пат покажал и еден малку поширок пат кон спасението и вечниот живот. Тргни, ќерко, по овој широк пат кој повеќе одговара на твојата наклоност.

    Тргни по тој пат, но сепак со страв Божји и со целосна наклонетост кон Бога, зашто знај дека и тој лесен пат без Бога е неиздржлив.

    Благословот Божји да биде со тебе.
     
    Shalitra, Victorian, tessie and 3 others like this.
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,094
    Likes Received:
    6,349
    Gender:
    Female
    Многу моја блиска машка особа пред неколку години се замонаши.
    Таа информација за сите беш како гром од ведро небо.
    Како, зар тој се одлучил за таков нешто? Требаше да биде втора година на факултет, некаде на тие години, реши да замине в манастир. Сега мислам дека се наоѓа на Света Гора, и да не е, пак е во некој манастир тука. Кога слушнав дека се замонашил ми беше чудно, но сфатив зошто го одбрал тој живот.
    Зошто всушност неговиот претходен живот беше мачење. Имаше искушение со дрога, ја надмина, живееше во посиромашно семејство, инаку немаше лош живот, ама мислам дека искушенито со дрога и стравот повторно да го има проблемот и дрогата за да не го совлада си го направил своето.
    Татко му и мајка му се благословени што имаат таков син.
    Кога прв пат го видов после некое време од ко се замонаши, не можев да го познам.
    Имаше долга брада скоро до гради, долга црна мантија. Правевме муабет, толку смирено разговараше и паметно што мислев дека правам муабет со друга личност. Таа негова смиреност ја препознав во неговиот глас, беше милозвучен и добар, така чист. Кога бев мала и кога игравме со кукли, едната кукла ми беше крстена по него, Господ знае зошто. Тогаш не ни помислував дека тој еден ден ќе биде монах и ќе му служи на Господ.
    Сега е друг човек, се моли, и пости(за него мрсно јадење нема), живее осаменички живот и се моли за сите нас.
    Знам дека се моли и за мене, па сигурно Бог ги слуша неговите молитви.
    На некој начин чест ми е што е во моја фамилија и што го познавам.
    Сега останува да видиме дали ќе го издржи сиот тој живот, ама штом до сега не се одкажал, не ми се верува да се одкаже и понатака. :)
     
    Victorian, okcenzi, Rama and 7 others like this.
  14. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Joined:
    Aug 17, 2012
    Messages:
    137
    Likes Received:
    70
    Никогаш нема да ја дознаеме причината за оние кои се решиле на таков чекор.Не би ги осудувала нити пак би се лутела затоа што не сум во нивна кожа.
    Немам таков во семејство но би ми било мило да знам дека има некој кој се моли за мене,за нашето семејство и за нашата среќа.За да се впушти некој и да направи таков чекор треба да има сила и верба а откако ќе успее во тоа ќе ја постигне најголемата цел во неговиот живот.
     
  15. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Joined:
    Aug 24, 2012
    Messages:
    67
    Likes Received:
    44
    па тука прочитав некои чудни постови за мене па затоа ќе споделам и јас нешто, прочитав дека човекот имаше се и пари и капацитет и широки сфаќања и многу познавања и девојака и незнам уште што не па наеднаш нешто го прифатиле и се оставил и сл., па што е тука воопшто чудно за какви ли ги сметате монасите, тие според мене се ангели во тело, монаштвото е повозвишено од бракот, и е повик од Бога.
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Joined:
    May 1, 2011
    Messages:
    1,508
    Likes Received:
    3,880
    Бев присутна на едно замонашување (отидов за во црква, но останав тука до крај) и еве кажувам дека им се дивам на таквите особи.
    Монахињите и монасите ми се нешто посебно... Толку мили, нежни и исполнети. Секогаш спремни за разговор..
    И да се замонашуваа тројца. Од сите беа собрани фамилиите, роднините и пријателите...
    Јас не би го можела тоа, затоа и им се дивам, бидејќи тие го можат. А, како и што самиот владика кажа „Откажисе од себеси“ Тие се откажуваат од себе, за Бога... :bow: :bow: :bow:
     
    okcenzi and Rama like this.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    Jас многу би сакала да одам

    [​IMG]
    Aма жени не пуштаат, а прекрасно е :(

    [​IMG]
     
    Rama and Dreams11 like this.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    2,141
    Likes Received:
    2,753
    Јас милам дека на некој начин господ ги поквикува тие што отидуваат во манастир, кога од еден пат е одлучуваат на таков чекор...Тоа е како од еден пат да почне да те тера да отидеш, почнуваат да имаат такви мисли и се решени да го сторат тоа...Незнам колку држи но јас имам такво мислење..
     
  19. VanessaCool

    VanessaCool Активен член

    Joined:
    Sep 15, 2012
    Messages:
    34
    Likes Received:
    9
    Јас мислам дека тие луге неможат да се снајдат во средината и тоа им е како некоја опција за живот. :(
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,288
    Gender:
    Female
    Навистина е во подем замонашувањето еве една статија
    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=FCB7434A3E956E4CAEC1D5EC3E5767CC
    Не сум разговарала со такво лице , одлуката не можам да кажам што ја потикнало може е повик од Бога или сосем трето . Какви луѓе се не знам но сигурно се многу различни од нас , не секој е спремен на таков чекор . И искрено не би сакала моето дете или близок да се замонаши :wasntme: