Deckoto so koj se gledav pred nekoe vreme i go sakav , doznav deka se veril so nekoj otkako 20 den bile vo vrska , Sto mislite koja e pricinata?
Mislam deka sakal da si se zeni(ako e devojka posto pisa nekoj) tebe ne te gledal na toj nacin verojatno...
Сигурно ја запросил ради бескрајна љубов и доверба. 20 дена е сепак доволно долг период. Едит: Зашо си потпишана ,,преварена"? Нели ти раскинал пред да се такса.
Жал ми е што ќе кажам ,ама прво на ум што ми дојде е да можда ти имаш погрешно инфо да се само 20 дена у прашање...
истото и го направи еден на другарка ми .Идел паралелно со двете.Дури од трета особа дознавме дека со другата се верил уште нераскинат со другарка ми
многу и замисли третата особа ми покажува слика од веридбата каде била.И го гледам младоженецот уствари дечкото од другарка ми
Се гледаше или бевте во врска? Оти ако сте се гледале може да си била бр.2 и дечкото да си одел со неа којзнае колку време и сега си се верил. Како што спомнаа погоре може ти мислиш дека се 20дена... Објасни малку што како е ситуацијата.
Можеби врската траела малку подолго од тоа што си го разбрала. Како и да е,немој да си ги оптоваруваш мислите со тоа.
А ти мислеше дека ќе ти каже дека има друга? Радувај се ти што не си верената, ќе продолжи овој да си вара и да се глупира, таман барем ти отворил очи и сега ќе си најдеш подобар. Комшика моја вака ја оставија само малку потешко..требаше веридба да прават ама тој остави друга девојка бремена, и на денот т.е вечерта кога требаше со моите да идеме на веридба кажаа дека е откажана.Ова ми е крајно незрело и нечовечки.
А замисли да треба да идеш на веридба кај комшика и да ти кажат дека е откажана затоа што зеткото забременил друга
Не се 20 дена во прашање гарант, за жал, траело тоа од поодамна. Трудна е исто можеби па затоа одма официјализирале. Знам за два вакви случаи, едното искуство беше на една другарка. И во двата случаи по отприлика 20 дена се склучија свадби, и во двата случаи имало изневерување т.е паралелни врски кои траеле прилично долг период, и на крај поради бременост бидува свадба. Скаперници. За вакви не вреди ни грам негативна енергија да потрошите.
Ова 20 дена тешка математика ти е ... да не се 19 случајно? Многу такви 20 дена имало пред да дознаеш ти,unfortunately.
Таа останала трудна и тој ја запросил. Знам за таков случај. Врската траела подолго време. Девојката не се ни посомнева дека идиотот има уште една девојка. Од други дозна дека ќе се жени со друга. Не и ни раскина.
Добро бе, кај ги наоѓате вакви морони? Досадни сме веќе со муабети "отвори очи" претпоставувам , ама да ме издрибла некој вака па уште да се интересирам за мотивите??? Или тој ќе се интересира кој е најдобар хирург за скршена вилица ако на пример е врридба договорена па се откажа, или ќе си направам лоботомија па ќе го заборавам. Иначе бирање на 2-3 столици седнат прави само гомно маж или жена