Мислам дека е сега почнат најголемиот попуст ако не грешам. Гледам на страната има акциска продажба со 50% па нагоре попусти
Имам нарачка од Зара и треба да ми стигни понеделник вторник по апликацијата...е сега јас тој период ќе бидам на одмор. Секој пат по истиот карго ги пуштаат за да се јавам да им најавам да ја чуваат или како? Некое искуство.
@Powergirl! Ако мислиш на растегливи фармерки, секој модел е различен, а со тоа и составот. Вообичаено мислам од 2 до 4%. Но, ако бараш исклучиво растегливи, само такви и напиши и ќе ти излезат. Еве: https://www.zara.com/mk/en/search?searchTerm=Stretch jeans§ion=WOMAN
Фалаа ти Пред малку ми стигна нарачката и пробувам фармерки број што си го носам 38,малиии не можам ни да ги облечам убаво,се изнервирав
@Powergirl! Скроз те разбирам Со бројчињата во последно време мислам дека не се средени, а и се зависи од модел до модел. Јас едни така сакав, ги пишуваше со висок струк, (исто носам 38 ). Кога отидов да ги пробам, беа тесни горе, надолу прешироки, а струкот дури среден накај низок Исто ми е и за блуски. Некогаш М ми е океј, некогаш големо, па ми треба S Секако има опција за враќање, и по карго. А мислам дека можеше и замена за величина. Баш види си
Мислам дека тоа е тоа отприлика. Баш денес бев во Ист гејт и веќе ја ставиле новата колекција, не се многу работи останати на попуст, а и тие фалат величини.
Со две карга соработуваат, пиши им на чат на Зара прашај преку кое карго ќе ја добиеш нарачката па јави се во тоа карго , мислам дека една недела ја чуваат па потоа враќаат ако не ја подигнеш.
А може во продавница да се врати? Не мора онлајн ако е онлајн купено? И јас утнав фармерки, т.е стандардниот број што си носев од кај нив, исто сега ми е мал, а немам промени во килажа
Работата е што секој ден се појавува нешто ново на попуст и мене баш тоа ќе ми се допадне и сакам да го купам, едвај чекам да заврши попустов за да не си потрошам уште пари
Мислиш да ја откажеш? Коа ја нарача, сеа брзо? Ако сеа, имаш рок околу 2 часа да откажеш, имаш опција и преку мејлот и преку апликацијата cancel order, а ако поминало повеќе време нема да може, ќе ти ја испратат ама ти моеш и да ја одбиеш, не праат проблем.
На 16ти во неделата ја нарачав. Згрешив помал број нарачав мислам….тешко можам број точен да погодам од Зара
Ама не ја доби уште сигурно? Епа не може да откажеш сеа више, ќе ти ја донесат, види пробај па враќај ако не одговара или не подигај.