Тие што нарачавте вчера, денес кога ви пишува дека ќе ви стигне нарачката? Имам родендени доста да знам дали да нарачувам Мене за малата ми ги снема работите , сега ќе нарачувам подароци за Нова година и родендени
Мене 4-5 декември (вчера нарачав) Едит: мислам дека пред да ја финализираш нарачката пишува кога ќе стигне
Па нели заврши? Сеа има намалени цени ама не на тие парчиња што беа у четвртокот. Ко шо знам на апликацијата и у продавниците исти им се цените. Ич нема избор моментално. Колку се изглупираа овојпат..
Многу се паметни. Од 6 продавици во градов, ниту една не е достапна за подигање. А, подигањето си го правиш сам со скенер, екстра брзо и едноставно. Поентата е да си платиш плус 4 евра за достава, без разлика дали дома или во drop point.
Леле, заборавив дека стварно така беше. Ама стварно чудно функционираат кај нас. Тука пак воопшто нема таква опција и да сакаш. Пари на рака.
Дали ви каснеле нарачките од Зара? После предвидениот датум за испорака да ви стигнат? Ми требаат некои работи итно, а гледам уште не е ни на курир доставено.
Добро ми олесна, зашто утре треба да ми стигне, според датумот, а уште не е ни на курир предадена, а итна ми е за петок. Фала.
Ретко ама знаат да закаснат и место предвидениот датум, да се помести за друг ден доставата. Се надевам дека нема да биде тоа случај со тебе и ќе ти стигне утре. Ако не ти ѕвонат утре, a видиш дека ти е стигната во карго, иди и сама подигни ја, дека викаш итна ти е, а знаат и тие од карго да се влечкаат, посебно Пост експрес.