Мене само еднаш ми се има случено една маица имаше мала флека од пудра мислам , инаку се е ново непробувано генерално ,бидејќи тоа што е изложено не го испраќаат онлајн , за онлајн нарачки им стојат артиклите во магацин.
Јас порачав десетина фустани, комбинезони, фармерки… Имам голема среќа, фустаните и комбинезоните беа или 129 или 249 денари.
@Angie1432 Моментално толку им се цените со последното намалување. Барем на артиклите што ги имам зачувано на листата. Баш и за мајка ми порачав плетена блуза - 125 денари и 2 пара фармерки - по 249 денари
Ако имаш време да "дремеш" на апликацијата, секако ќе најдеш нешто. На десетина минути отварам, можеби и затоа наоѓам толку многу.
@Angie1432 Мислам дека онака на страната ретко се појавува нешто. Клучно е да си ги имаш работите зачувано во Омилени и така секогаш ќе ти се на видик. Исто така, ако ти се допаѓало некое парче и не можеш да го најдеш, мој совет е да си го најдеш на гугл и од таму да си го пронајдеш линкот. Па така да си го зачуваш парчето. Инаку да, баш треба многу често отварање и рефреширање на страната
https://www.zara.com/mk/mk/woman-sale-l5503.html?v1=2220625 Тука се тие артикли со смешни нереални цени. Се мењаат цело време, искача по нешто ама ептен треба среќа за да начекаш бројче. Пред некои 10 - на мин баш ова го начекав за 129 денари. Spoiler Е само ради оваа цена, земав 2 броја поголеми фармерки, па ќе видиме какви ќе бидат. Ај и онака се тесен модел, ваљда ок ќе бидат.
https://www.zara.com/mk/mk/trf-тексас-комбинезон-p08197187.html?v1=267155786 Комбинезонов јас го земав за 999 плус доставата, сеа 129 и он.. Дали се нормални? Ама ич не се појавува веќе за таа цена. За овие две работи највеќе криво ми е што никако не ги начекав. https://www.zara.com/mk/mk/z1975-рамен-тексас-комбинезон-p00108236.html?v1=283431036 https://www.zara.com/mk/mk/рамно-сако-со-потполнки-на-рамениците-p08913581.html?v1=302501359
Нарачуваш артикл по артикл? Имам во кошница над 20 парчиња, повремено се појавува некое достапно ама за едно, две да плаќам постојано достава 250 не ми се исплати. Последно начекав два џемпера по 249 нив ги нарачав, и не ми се плаќа веќе достава над 1000 дадов за достава како е попустов, зашто побогу им е толку скапа
Е и јас го зедов овој со голи раменици за 129 денари, а го имам и овој долгиот. Не го видов на попустот, го имам од септември и го платив 2590. Исто и сакото го немам видено. Нарачав 2 пати само артикл по артикл бидејќи оригиналната цена им беше над 2 илјади денари. Не ми се дава на секое нарачување по 250. Заедно нарачувам со другарки, па некогаш си делиме достава, излегува по 50 денари. Фустанов го сакав мноогу долго време и добро постапив што чекав за да го нарачам.
Твојот број го зема или поголем? Не знам зашто пишуваше дека е помал модел коа по димензии делува дека одговара на величината. За долгиот модел прашувам.
Носам S/M, но порачав М бидејќи малку бев здебелена во стомакот и не згрешив. Ако порачав Ѕ, ќе ми беше премногу тесен, на должина ми е таман, 165 см сум висока.