Зависи од твојата тежина, инаку би ти одговарале ако не се работи за некој тесен модел. @Milicka* Онлајн не се плаќа, само кеш при прием на пратката.
Девојки , дали може да се плати онлајн на страната на зара ? Благодарам , прашав и на онлајн страната ми одговорија дека само кеш може.
Кај нас плаќање за онлајн нарачки од Зара исклучиво во кеш при достава. Во странство имаат повеќе опции за плаќање.
истиот број, носам 38 адидадс и мислам дека имаат за малку поголем калап адидас од зара, полабави ми беа, зара ми се скрос точни
Здраво на онлајн странава пишува дека еден мантил го има во сити мол хс, ама јас ја немам апликацијата. Дали да верувам на тоа што пишува на странава? Пошо да не тепам за џабе пат до таму
Дали имате искуство со доцнење на пратките.. Има уште два дена рок за пратката да ми стаса, но сеуште не е подигната од курирот
Имам многу искуство со доцнење на пратките Ама ова не значи ништо. Последниве 2-3 пратки вака беа, во ист ден може да ја подигне курир и да ти ја достават (или нареден ден). Најверојатно е ВИП пошта во прашање, они така прават.