Се случило нешто out of stock да вратат на залиха? Баш се изнервирав за еден комплет, веќе беше испланиран со многу други комбинации ама нема везе ајде.
Да но треба преголема среќа да имаш за твојот број да се погоди достапен. Затоа ништо друго не ти преостанува освен да пратиш.
Ретко , но да. Само јас чекав едно три недели и по памет на членките тука се вклучував во 04 ч. наутро (имав аларм за будење ) Така беше лани но мене не ми се чекаше ќе снема броеви.
Па не. Едно палто уште пред попуст стана аут оф сток, а вчера кај 14ч почнаа периодично да пуштаат броеви, па кај 16ч го начекав бројот што го барам Не секогаш пали финтата "у сред ноќ", во многу наврати ми се покажало, како ќе ти се посреќи е вистинскиот одговор Се што било достапно пред попуст, го има, ама ќе ги пуштаат постепено и селектирано, стари финти, не се ич интересни
Не знам зашто така праат. Бермуди едни детски ги имаше во три бои. Кога почна попустот едната боја ги снема (целосно ги тргнаа како опција, не дека се потрошија). Денес гледам само таа боја ја има. Исто и со едни гумени чизмички приметив. Дали целта е да направиме пет нарачки место една или нешто друго? Исто имам приметено ако ставам неколку работи во кошничка и не ги купам, обавезно ги снемува наредниот ден наизменично. Едно има, друго нема, па обратно. Никако не можам да ги начекам пак во исто време достапни. Ова за кога се редовни цени зборам, не на попуст. Едит: Еве додека мрчев овде, го ставиле на залиха фустанот со лимоните, го начекав на попуст
Начекав број. Немам нерви за сталкање на апот во доцни саати. Маж ми се замара со тоа и нему ќе му препуштев должност, ама имав среќа.
Јас стварно не знам што е поентава со бројкиве и која му е тактиката што во 21:03 беше се out што ми е во корпа, сега еднаш ќе пуштат број од нешто по една минута пак нема,и тоа што ми се зачувани некои работи сите наеднаш да ги начекам нема шанса,а дека ќе направам 5 порачки за секој пат да платам карго ,мало сутра
Или па ќе ставиш неколку работи во кошничка, и една одма ќе е out of stock, ако извадиш или додадеш плус работи магично ќе се врати тој број Ова важи дури и за работи кога не се на попуст
Малку вон контекст ама... Што толку ви е јак бренд Зара? Гледам некои нешта кои дури и на попуст, за мене, се прескапи. А ништо посебно... Ранец 3000 денари, од платно. Мокасини некои 2900, бре! П.С. Зошто парфемите не им се на попуст?