Кај мене од вчера е во Мик Мик.Пишале дека ме барале а не сум кренала.Не знам што им е филмот со ова
Исто вип пошта пратката од 25 е кај нив, денес беше рок за достава, веќе еднаш го поместија, сега пак ли….. ако има некој број за контакт нека го пише. Не креваат на тој од нет…
Овие Вип Пошта почнаа на нерви да ми одат... Од 28.07 во процес на достава стои пратката. Телефоните исклучени на мејл не враќаат. Лелелелел немам коментар.
Мене ми стигна mail дека до 27ми треба да ја добијам пратката, а гледам дека уште си дреме во Вип пошта. Значи не е ни во мојот град стигната
Истата ситуација е и кај мене, требаше да биде доставена на 25ти, три пати го поместија рокот и се уште никој ми се нема јавено. Од Вип пошта како по обичај не креваат на двата броја, ако некој знае како на друг начин да ги контактирам ве молам пишете.
Да отидеш до некоја нивна база, друг начин нема штом не креваат на телефон. Види која канцеларија ти е најблиску, јас бев во една кај Млечен, па се разбравме и стигна пакетот следниот ден.
Изгледа на сите ни доцнат пратките, јас чекам две од кој на едната еднаш ми го одложија рокот за денес.
Мојата пратка стаса денес. Рок за достава и беше 25.07. Точно една недела после рок Вака правеле за демек од нивна страна да има доказ дека бил испочитуван рокот. Ти звонеле ама не си кренала и не е до нив
Вип пошта тотално разочарување , на телефон никој не крева и доцнат пратките скоро цела недела . Не знам зошто не реагира никој од Зара , кога веќе и доставата е 250 денари ... треба да е се уредно ...
Проблемот е поголем за тие што не сме од Скопје, пратките се заглавени во вип пошта во Ск И нема апсолутно никаков начин, да дознаеме било што. Останува само трпеливо да си чекаме...
А добро, во канцелариите што се најблиску до вашиот реон да проверите да не се забутани? Знам не треба сам да подига и бара чоек за 250 денари достава, но случајно да не е забутана таму и не им текнува да ја носат. Со Тему се зафатија овие, излеа други пратки не фермаат..
Не само со Тему, туку со многу малку персонал ваљда работат Некни за пратка од тему во елс, кога се јавив ми рекоа девојче дојди и земи си ја од 6 доставувачи само еден е останат, другите се на одмор
Си тргнала аватар, ме збуни, не знаев дека си ти Немам време да им се замарам, ќе ме нема во Ск скоро 15 дена, на одмор одам така да кога ќе се вратам, нека ја носат, не ми е итна секако. Ти твојата ја подигна?
Да не ти ја вратат па.. Ако те бараат, а уште си дома, кажи им да ја чуваат, иако знаат кретени да се. Ми ја донесоа уше пред 2 недели од Елс.
Ако се јават, ќе ја подигнам, ама ако веќе сум на одмор, ќе пишам смс. Не е моја вина што толку доцнат, претераа дури. Нарачано на 17 Јули, од 28 стои кај нив пратката. А минатите пати на време си доставуваа.