Исто од 30 им стои во магацин. Вчера бев во локалниот магацин во Аеродром, не сакаа ни да проверат. Уствари една девојка тргна да ја побара пратката, ама еден маж и кажа како демек се е веќе доставено. Наводно се за Аеродром им било веќе доставено тоа што не било вчера ќе им стигнело тука и денес ќе беше доставено, ама ништо.. инаку не се достапни и на двата броја наведени на веб.
Јас се изненадив дека ми стигна точно на предвидениот датум. Преку мик мик стално ми стигаат на времеод други продавници. Истиот дечко ми ги носи, зборува бавно ко да му е смачено од животот, ама стално е точен. Е фискална немаше на кутијата, ама нешто мора да фали Од Зара со Вип пошта се ужас
Мене денес ме побараа (Битола), денес им стигнале пратките, па уште ме праша дали сама ќе си ја подигнам од база...
Елс и Мик Мик се топ овие ВИП се катастрофата. Еве денес ме бараа да ме прашаат дали сум на локација за да ми ја донесат пратката викам да и еве пак не ми ја доставија. Гледам забелешка друг ден .
Замислите, конечно денес ми се јавија, да ми кажат да си ја земам пратката од база После 3 недели, праткава стигна во мојот град, јас веќе се простив од неа
А дали имаш нешто промена на статусот н пратката на страната на Вип пошта после статусот предадена>магацин? Или директно дека е излезена за достава? Да знам дали да се надевам деновиве или да одам пак кај нив
леле иста ситуација, те дадена те у магацин, па во друг магацин.. Мислиш ми го плетат дуксерот. Искрено се убив од ѕвонење на мобилен, или е зафатено, бројот е исклучен или па не креваат. Како е возможно волку да се за никаде.
Јас добив агент на чатот Му пишав веднаш сакам со агент да зборам, не со виртуелен асистен и после некое време с евклучи некоја Јелена. И објаснив дека пратката ми доцни 14 дена со Вип пошта. Рече сега после разговоров ќе ги контактираме.
И јас конечно после три дена барање да разговарам со агент, ме поврзија и ми рекоа ќе контактираме со курирската служба. После два дена од тој разговор пратката од Скопје магацин се смена во Транзит во друг магацин… Уште ја чекам
Во петок бев кај нив во канцеларија во Лисиче, ми дадоа број да ги побарам во сабота, во сабота цел ден не кренаа телефон, денес се објаснуваме со вработена таму за пратка од 30.07 што требаше да ја достават дека заминувам на одмор и нема да сум во Скопје 2 недели.. за да го земи телефонот некој маж и да се дери како пратката нема да ми ја достават.. мизерија, од нас плата земаат и уште силни се.