Враќал некој без фискална сметка по брза пошта не во дуќан? Курирот ми ја загубил фискалната, а за беља баш сега еден производ сакам да вратам.
Ја немаш на мејл нарачката? Јас би ја испринтала од мејл или од апликацијата е-тикетот вметни го испечатен. Би требало да е океј, што знам.
Не ти треба фискална за враќање со брза пошта, воопшто. Направи барање за поврат, ќе ти прати пдф документ на меил. Само покажи го на курирот од телефонот, не мора ни да го принташ.
Ако ти е онлајн нарачка не ти треба фискалната, мене еднаш ми ја изгубија и си вратив нормално, нив фактурата им е битна.
Одамна немам враќано ама секогаш сум ја ставала и фискалната до сега мислејќи дека треба Фала ви девојки. @Feniksgirl @Anika55 @Mishela
@Nn123 Кај мене еве поминаа повеќе од 15 дена и им пишав, па рекоа ќе ме контактираат по мејл штом добијат повратни информации од надлежниот оддел Не знам искрено што им е, на што се должи оваа забавена непрофесионалност, како и за пратките, не беа такви
Исто ми пишуваа и мене, и дури после 2-3 недели ми вратија пари. Порано веднаш стигнуваше мејл дека артиклите се прифатени за враќање, а сега никакво известување
Ајде помош Сакам на малата да и заменам нешто нарачано онлајн, за поголем број, со оглед дека не ми пратија фискална сметка дали можам во продавница да го сменам производот и како ?
Нема да можеш да направиш замена за друг број. Треба да го вратиш па после или да го купиш бројот што ти треба ако го има во продавницата или повторно онлине да нарачаш. Инаку за враќање не ти треба фискална сметка, можеш и со бар кодот од нарачката од апликација.
Не можеш да замениш, само да вратиш па да си купиш или нарачаш бројче што ти одговара. Можеш да вратиш во продавница без фискална. Само ќе им покажеш е-тикет од апликацијата.