Од распродажбата на Зара ако имам згрешено бројче прават рефундација? И како може кај нив во продавница?
Сега во Четвртокот следува уште едно намалување, завршува ама остануваат парчињата уште некое време или завршува и скроз сето ќе го тргнат од сајтот? Не се сеќавам како беше последниот пат
Дали некој вратил пратка после краен рок? Имав пратка порачана за Нова година и многу доцнеше со празниците, ми стигна дури минатата недела, пополнив за враќање одма истиот ден за работите што сакам да ги вратам и сеуште чекам да ми се јави карго што ќе ја земе а утре е краен рок, се плашам дека нема да ја прифатат
@MayDiamonds Пиши им на овие од Зара, мислам дека не прават проблем бидејќи не е твоја вина. Кај мене така за враќање летото, избрав преземање од дома и никако некој да дојдеше да ја земе, а не бев во можност јас да идам да ја вратам или да пратам друг. 3 пати им пишав на Зара, дека веќе 1 месец помина, 3 пати ми ја обновуваа етикетата и на крај реков да сменат т.е јас ќе ја вратам и немаше никаков проблем
Пак со Вип пошта мака имам и двата броеви што ги имаат пишано не функционираат. Ги барате на некој друг телефонски број?
Здраво Пред 3-4 недели го вратив пакетот во вип пошта се регуларно преку апликација и испринтана етикета на пакетот но поврат уште немам добиено на два пати ми стигна на маил порака Ве молиме да нѐ контактирате на нашиот канал за комуникација „Чат" преку следната врска: https://www.zara.com/mk/mk/contact и да ги потврдите следните банкарски податоци, за да Ви извршиме поврат на Вашите средства: име и презиме на носителот на банкарската сметка, името на банката и локална банкарска сметка во денарска вредност. Ги контаѕрирав преку четот запишав податоци и уште нема ништо Имал некој ваков проблем?
Jas naracav ama mn sporo mi stigna. Go naracav na 15ti dekemvri tek minatata nedela stigna za podignuvanje. Moze deka bea praznici pa zatoa, vo normalni uslovi pobrzo bi stigalo. Bonus mi e so se plakja so karticka nema vekje brkanje i rasprsvanje so postari koi zvonat koa ke se pred vrata ko ja uvek da imam kes u mene po nekolki 1000ki.
Ние сме дома претежно, ретко ми се дешава да вратам доставувач, не ми е баш проблем. Ама еве и моиве закаснија, мислам “закаснија”… Требаше вторникот и уште не се стигнати, ама ги нарачав буквално пред една недела. Е сеа на чатот иако им е бот, вика дека само за производи кои се во продавница може да се подигнат таму, што е логично зошто толку брзо ми пишуваше дека ќе бидат спремни, се надевам нема месец да ги чекам, ќе заврши зимава
@Mucika Не е поврзано со типот на уред, односно само на ботот ќе му кажеш да те поврзе со некој од нивните агенти
Како можам на веќе испратена порачка да додадам уште производи? Вчера испратив, сега гледам достапни ми се уште два производи што ги немаше, не ми се плаќа уште 250 ден за достава.